Последните неколку недели почна да доаѓаат чудни вибрации на брзини помеѓу 115 - 127км/ч, особено кога работеше струјата и бензинот заедно. На 75-85 км/ч кога беше само на струја и баш пред да префрли на струја и бензин имаше некаков чуден преод проследен со минимални вибрации. Стана осетно погласно во кабина.
Се сомневав на небалансирани гуми, на полуосовини, лагер, итн. Летните гуми имаа 4-5мм профил, а веќе имаат извозено околу 58к километри (според пресемтките 23к имаше кога ја купив, 35к имам поминато со летните јас). Се мислев дали да ги ротирам и балансирам, ама не ми се даваа 100 евра да оправам стари гуми за пак да ми вибрира нешто.
Почнав по ред - ги сменив гумите. Се мислев помеѓу Конти Ултраконтакт некстџен или Гуудјиар Ассиметрик 6. Се одлучив за Гуујиар (по кратка консултација со неколку форумџии). Во петок намонтирани и балансирани. Денес ги пробав на автопат на различни брзини (60-80-100-120-140-160-180-максимална брзина). Многу подобро држат од Данлоп-от и се многу многу по-прецизни во менување лента.
Како да возам комплетно друга кола. Многу се поудобни од претходните Данлоп СпортМахххххх 050. Воланот е полесен, самата кола е попрецизна. Гумите се многу потивки од претходните. За сметка на тоа сега повеќе се слуша ветер на брзини од 150 нагоре. И нормално, нема вибрации. Во вторник ќе одам на подолг пат и се надевам дека за тие 300-400км ќе падне горниот слој од фабрика и ќе бидат уште потивки.
Целото задоволство ме чинеше околу 840 евра, гуми, монтажа, балансирање, фрлање на старите гуми.
Сега се туфкам што не ги сменив на почеток на сезона, ќе си ги уживав и тие 3к километри што ги поминав од април до сега.