Краткорочно можеш да ќариш пари само на среќа или во кладилница. Долгорочно, како што веќе спомна некој, хартии од вредност, акции и обврзници на стабилни компании.
Цел банкарски/брокерски свет трие раце од економска криза и истите се надеваат на нова.
Типичен пример кај нас Алкалоид. Акциите имаа вредност околу 12000. 2009 мислам дека паднаа до 2800-2900. Тогаш сакав да купам акции на Алкалоид, но парите отидоа за друго, немаше за штедење. После само 4-5 месеци повторно рипнаа акциите на 4300. Епа која банка ќе ти ја даде таа камата за 4 месеци. Сега се нешто под 4000 акциите.
Треба да се следат случувањата и паметно да се настапува.
Во „златното доба“ на акцинерство кај нас, пред 5-6 години, луѓе направија не пари, туку станови и коли од акции. Убаво ми викаше кумот купувај на Мак-Стил, 100ден. акција. Јас си викав што ќе купувам сега толку ниска цена колку ќе ќарам и пак ми требаа пари. За неполна година акциите отидоа 500ден. Ама од после касно е да си акаш главата
