Автор Тема: Soft-top кабриолет во Скопје  (Прочитано 3354 пати)

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Soft-top кабриолет во Скопје
« на: 14 Јуни 2021, 17:32:18 pm »
Ме интересираат вашите мислења за поседување на soft-top кабриолет во Скопје, под претпоставка дека човек има паркинг место под зграда, а секаде кај што ќе оди со колата ќе паркира на отворено. Дали ќе биде океј зимно време кога е ладно, кога врне дожд, дали е привлечна колата за хулигани што ќе го уништат платното од чиста мира или лопови кои ќе го пресечат за да украдат нешто? Колку време траат механизмите и дали дефекти и причинети штети се лесни за санирање?

Правам муабет за ново возило, осигурано со каско, а не за половно. И само за soft-top (бидејќи hard-top е сосемна нормална кола со кров кога ќе го кренеш кровот). Колку е добра (или лоша) идеја за во Скопје?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: Soft-top кабриолет во Скопје
« Одговори #1 на: 14 Јуни 2021, 17:47:26 pm »
Не знам зошто би барал софт-топ, ако ја има истата кола со хард-топ.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Soft-top кабриолет во Скопје
« Одговори #2 на: 14 Јуни 2021, 18:40:19 pm »
Не знам зошто би барал софт-топ, ако ја има истата кола со хард-топ.

Конкретно еден модел што го гледам е 5-6000 евра разлика. Друг модел воопшто нема hard-top

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Soft-top кабриолет во Скопје
« Одговори #3 на: 14 Јуни 2021, 18:58:33 pm »
Кабриолет во Скопје...

Застануваш на 40 степени на семафор, сред лето...фризурата средена, цвикерата ставена, парфемот аплициран, се сунчаш во кола и:

1.Од лева страна меѓу ленти имаш моторџија кој пати од нервни тикови на раката поради кои мора отсечно да го рева моторот во место.

2.Од  десна страна имаш приватна 22-ка од прошли век која грофта во место и од која не можеш ни радио ни телефон да слушнеш.

3. Пред тебе имаш Голф 4 ТДИ  кој на прво шалтање во прва те остава во канцероген облак од чад.

Секако тука е и субјективниот момент каде секој пешак, велосипедист, старо купуем моторче и патник во ЈСП ти го гледа "суратот" ( некому ова не му смета, па оттука субјективен), како и објективнот  кога ќе мораш со другар да отидеш до некаде во отворен кабриолет.....значи...двајца машки во кабриолет..отворен...you get the point.  ;D



Иако последново не важи ако си женско, моето мислење е....



You are welcome.


Отсутен JezuzNoChill

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 995
Одг: Soft-top кабриолет во Скопје
« Одговори #4 на: 14 Јуни 2021, 19:35:13 pm »
>Ме интересираат вашите мислења за поседување на soft-top кабриолет во Скопје.

Мене не ми се свиѓаат заради многу причини.

>Дали ќе биде океј зимно време кога е ладно, кога врне дожд?

Да ок ќе биде

>Дали е привлечна колата за хулигани што ќе го уништат платното од чиста мира или лопови кои ќе го пресечат за да украдат нешто?

Веројатно ако паркираш преку ноќ на небезбедни места има поголем ризик.

>Колку време траат механизмите и дали дефекти и причинети штети се лесни за санирање?

Зависи од одржавањето и колата ама би требало да траат 10ина 15 години за автоматските кровови. Рачните траат подолго и се многу полесни за поправање.

>Колку е добра (или лоша) идеја за во Скопје?

Веројатно лоша ама тоа е според мене

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Soft-top кабриолет во Скопје
« Одговори #5 на: 14 Јуни 2021, 20:09:25 pm »
Ако ти прави мерак и имаш каде да ја паркираш да е на колку-толку безбедно, ич да не се мислиш. Купи си ја колата и уживај си во неа.

Тоа двајца машки, па овакви ќе сте изгледале, па онакви ќе сте изгледале, ич да не ти чуе. Ако ти прави мерак колата, ти прави мерак. Ич, ама ич, ни од далеку, да не ти чуе што мисли некој друг и што ќе рече. :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Soft-top кабриолет во Скопје
« Одговори #6 на: 14 Јуни 2021, 20:41:40 pm »
А што да се помисли за двајца машки освен дека тргнале во лов на цуци :)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8872
Одг: Soft-top кабриолет во Скопје
« Одговори #7 на: 14 Јуни 2021, 21:36:54 pm »
pa ke nema kaj da gi sednat :))))

za 2ca mazi vazi muabetot za na motor ne za cabrio ;)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Soft-top кабриолет во Скопје
« Одговори #8 на: 14 Јуни 2021, 22:33:15 pm »
Ма топ е Скопје за кабрио, уствари.
Се тркаш со Берович бетон миксери секој ден и песнава на рипит.





Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Soft-top кабриолет во Скопје
« Одговори #9 на: 14 Јуни 2021, 23:18:37 pm »
Значи заклучокот е:

- океј зимно време
- не страда повеќе од обична кола од лопови и хулигани
- механизмот не е некој проблем

- Скопје е премногу гнасен град за кабриолетски лезет и нема тенденција кон оправање на ситуацијата (изгледа ова е пресудно, па колку сакал нека има позитивни страни кабриолетот)

Уште малце ќе ве погњавам:
- Како се пере тоа чудо? Што ако го калосаш или се посере птица?
- Претпоставувам дека е океј за на автопат при брзини 100-140, нема да се искине или да одлета?

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2662
Одг: Soft-top кабриолет во Скопје
« Одговори #10 на: 14 Јуни 2021, 23:31:33 pm »
Realno kaj nas vremenskite priliki za vozenje so otvoren  krov se mnogu limitirani.
Mislev deka vozenje kabriolet e fraerski se dodeka gledav kako vozat kabriolet.
Se dodeka ne pominav eden leten den vo kabrilet, kakvo macenje...ednas i nikad vise.

Za ekstremni klimi kako nasite i shiber e visak ( go kiristam max 2 do tri pati vo godinata) a kamo li kabriolet (soft-top hard-top seedno poentata e da go vozis bez krov).
Veruvaj site sto vozat kabrio kaj nas patat, ama se trpi radi fraerlukot.
Edino ako ne ti e treta ili cetvrta kola pa da si ja povozis povremeno kolku da ti pomine merakot.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Soft-top кабриолет во Скопје
« Одговори #11 на: 14 Јуни 2021, 23:37:11 pm »
pa ke nema kaj da gi sednat :))))

У скут ќе ги седнат :D

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Soft-top кабриолет во Скопје
« Одговори #12 на: 15 Јуни 2021, 06:48:10 am »
Veruvaj site sto vozat kabrio kaj nas patat, ama se trpi radi fraerlukot.
Edino ako ne ti e treta ili cetvrta kola pa da si ja povozis povremeno kolku da ti pomine merakot.


Јас би пател со една Alfa 939 Spider, ама да, како ауто не за секој ден (а секако, за тоа и е напраена):



А може и 4C Spider:




А ако ептен сум роден за патња ко Златан Ибраимович, може и така да се пати:





И јас го делам мислењето на Зеро, ако ти е мерак за колата, go for it! Макар и да било све потешко со неа. Да, има хулигани кои ќе знаат да ти цепнат кров, има и лопови кои лесно би го искористиле тој момент за да ти соберат оставен ранец или сл. од седиште, и секако електриката и механиката на системот за кров додаваат екстра точки за расипување во однос на другите коли, ама кога ќе ти се погоди денот, саатот, моментот, има да си го напраиш ќејфот за сите пари!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6138
Одг: Soft-top кабриолет во Скопје
« Одговори #13 на: 15 Јуни 2021, 07:16:52 am »
Значи заклучокот е:

- океј зимно време
- не страда повеќе од обична кола од лопови и хулигани
- механизмот не е некој проблем

- Скопје е премногу гнасен град за кабриолетски лезет и нема тенденција кон оправање на ситуацијата (изгледа ова е пресудно, па колку сакал нека има позитивни страни кабриолетот)

Уште малце ќе ве погњавам:
- Како се пере тоа чудо? Што ако го калосаш или се посере птица?
- Претпоставувам дека е океј за на автопат при брзини 100-140, нема да се искине или да одлета?

Околу перењето - стандард, го минеш детално со четка, али пожелно е претходно, на чист материјал, да нанесеш некаков fabric guard... 

Пример, ова...



И, се разбира, да не трлаш и притискаш по него многу.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14241
  • Пудингот на шоферството
Одг: Soft-top кабриолет во Скопје
« Одговори #14 на: 15 Јуни 2021, 08:23:43 am »
Зошто да би го сечел кровот за да укради нешто кога можи да скрши стакло како сите нормални арамии.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D