Ќефот е голем секако. На мисла сум сега, направив промена на работа и ми се зголеми финансиската моќ. За MX-5 сигурно имам буџет без да си направам проблем, но е возможно наредно лето да имам буџет за BMW Z или Mustang без да имам проблеми.
Ама консензусот тука, а и моето лично мислење е дека за Скопје треба hard-top, а таа опција ја има само Маздата, BMW и Mustang имаат само soft-top. Друга работа е што сум висок 190цм, па MX-5 hard-top може и да не ме збере...
Или да си продожам со Свифтот и вишокот пари да ги истурам во крипто..... Ама па така детето во мене нема да си го оствори сонот да вози (релативно) брза спортска кола.
Размислував и за мотор како драстично поевтина варијанта, ама сите до еден ми рекоа гласно "НЕМОЈ", Скопје не е за мотор, ќе загинеш 100%.