Подобро е во иста линија и на иста оддалеченост од слушателот. Поламетро повака-потака нема могу многу да ти мени на звукот, така да не се замарај дали ќе бидат повисоко или на пола на ќошевите. Дисторзијава во случајов ќе се јавува од "гола" површина како на пример гол ѕид, паркет, прозор без завеса, значи ќе гледаш да се поблиску до тепих, завеса, кревет... Разликата е евидентна кога станот има само паркет и прозори, додека намештајот декува како дампинг материјал па го зголемува ефектот на атенуација, што значи дисторзијата и ехото ќе бидат драстично намалени т.е. по нема да е битен распоредот на изворот(звучките). Сепак звукот е субјективен приказ на една индивидуа, па така да најдобро е да ги пробаш сите три комбинавии да видш како тебе ќе ти одговара најмногу, бидејќи како што разбрав веќе ја имш цела опрема сосе кабли... Во случај да се одлучиш да ги редиш на ѕидот пробај навали ги накај каучот т.е. слушателот.
Ако се класика звучкии засилувач може да има драстична разлика ако ги свртиш + и - жиците, т.е. фазно поместување може да се деси во зависност од взаемната положба на звучките, гледам сега по новиве сами си ја штеловаат фазната поместенеост со микрофон. Или пократко, ако има ресиверот автоматско штелување на звукот, последниве два реда прескокни ги .