@ igor_xxxx на сликата ако добро гледам, имаш плочки каде што ти се звучниците?
Преправај плафони и ѕидови со акустични панели.
Еве ти од knauf нешто ново и мнооогу добро.
Cleaneo
https://www.knauf.de/profi/sortiment/systeme/knauf-cleaneo-akustik-decken.html
Стара е сликата, да плочки се ама врз целата област каде што ми се сега звучниците и јас слушам имам дебел тепих, плус разместувам мебелот итн... Далеку од идеално е, ама за некоја недела се селам во станот што го купив и веќе работам на решенија за акустика, нема теоретски шанси да оставам така како што е сега.
Веќе ми стигна MiniDSP Umik1 микрофонот за мерење на акустика, да завршам со сите обврски околу опремување на станот и планирам да ги почнам широко-појасните акустичните панели за прва рефлексија и колку ќе можам физички (и од жената

) bass traps да сместам.
За крај, ако има потреба, ќе пробам и некое DSP EQ за специфични проблеми како пикови во ниски фрекфенции кои што bass traps не би ги решиле.
Планот ми е да биде Live End Dead End решението, ама да видиме во пракса како ќе биде.
Фала за материјалот, баш деновиве се мислам каде да барам кај нас материјали и правам спецификации што да користам.
Каде е најдобро кај нас ваков материјал да се бара?