Автор Тема: Аудиo опрема  (Прочитано 312053 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #525 на: 26 Јуни 2014, 10:01:48 am »
Знам, читам.

Сигурно имаш уште многу да кажеш во одбрана на супериорниот кабел.  8)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #526 на: 26 Јуни 2014, 10:28:34 am »
Нели резултатот пак ќе биде... biased?

Не, нема да биде. Тоа е целата фора со слепиот тест (всушност тестовИ, множина). Затоа се измислени.

https://www.google.com/search?q=blind+test+eliminate+bias

Филип, а ти се сметаш за професионалец во продуцирање на музика? :)

Веќе не, порано да.

Од тоа живееш? Од тоа заработуваш? или? :)

Сега заработувам само ситно, од-време-на-време кога ќе улета некоја тезга која можам да ја сплескам набрзина.

p.s. Зашто не беше на предавањата и демонстрациите што ги правеа Аудио Инженерите на Genelec.Воглавно сите што се бават професионално со продукција беа. Ќе можеше и на нив да им објасниш како они у ствари појма немаат. Кога ќе има наредно, ќе те поканам јас.

Што очекуваш од произведувачот на аудио-опрема? Објективност и непристрасност? Тие се обидуваат да ти продадат нешто for crying out loud.

Ако го прашаш, на пример, произведувачот на усб кабли од 10.000 долари сигурно дека ќе ти каже „аууу каква разлика прават кабливе чудо едно“.

Ако го прашаш, на пример, продавачот на половни коли, сигурно ќе ти каже „стакло е, неударана, ја возела баба, има само 60.000 поминати“.

Сите тие се обидуваат да ти продадат нешто. Ова се основни работи човече, не ми се верува дека треба да ги објаснуваме.

И пази иронија: ме обвинуваш мене дека се водам според теорија а не пракса, а истовремено ми викаш „неќам да се тестирам (практичен дел) а ти треба да идеш на предавање“ (теоретски дел).

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #527 на: 26 Јуни 2014, 11:13:48 am »
Вias никогаш не можеш целосно да го елиминираш. Слеп тест или не, целата работа когнитивно ја врши слушателот со сите негови врлини и маани да резонира и разликува очигледни или суптилни разлики, кои треба да биде научен да ги разликува.

Ќе се послужам со една (гастрономска) аналогија за да ја илустрирам поентата.
Јас аматерски си правам вино и ракија. Ставам неколку пластични буриња со цели зрна од грозје (комињак, во главно за ракија иде) ама и едно иноксно буре каде се ферментира само сок од грозје. Во план е и изработка на опрема за стерилизација на сокот и употреба на квасци (наместо ферментација со диви квасци).

Нејсе. Соодветно, има разлика меѓу вината добиени со разните методи. Но добар дел од моите пријатели не прават некоја разлика, повеќе ги интересира количината (и мезето).
Исто е и кога се пие пиво. Krombacher, Paulaner, Grolsch, разни увозни лагери, бокови, вајзени или хефевајзени... тоа повеќето секогаш помалку го ценат од дупло поголема количина на домашно пиво, па и ако е пакувано во дволитарска пластика.


Муабетот ми е, се додека некој сам не сака да се едуцира, џабе ми е да објаснувам за суптилните разлики во вкусот... со некој за кој на саем за пиво нарачува Скопско или Даб.
Зошто на крајот на краиштата квалитетот (и уживањето) се во главата на доживувачот (консументот). Сосема е можно добро да си поминеш и со лошо пиво, ако друштвото е добро... и искрено да мислиш дека пивото си е супер (зошто подобро не си пробал критички и аналитички).

Од тој аспект кој може на некој друг да му каже каква разлика може да слушне (или не може) на разни видови аудио опрема. Каква тежина има пресудата од очите на друг beholder?
Затоа прашав како емпириски може да се измери разликата во cognitive bias кај разни слушатели.


Не само тоа, туку и физичката способност има голема улога. Правевме некои тестови пред некој месец на работа, и повеќето колеги не слушаат звуци над 15 kHz, некои ниту над 10 kHz. Што не е ни чудно, добар дел се постари.
Но поентата е, како во таков случај да ги дискутираш разликите кај различните видови и класи на високотонци?  ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #528 на: 26 Јуни 2014, 11:17:04 am »
Доколку ги разликуваш наведените пива или вина, тогаш нема потреба да се плашиш од слеп тест. Проблемот настанува кога велиш дека ги разликуваш, а всушност на слеп тест испаѓа дека точноста на твоите одговори тежи кон 50:50, 40:60 и слично, а не кон 90:10 или 100:0. Со други зборови, не ги разликуваш.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Re: Аудиo опрема
« Одговори #529 на: 26 Јуни 2014, 12:05:49 pm »
А кога ќе правиш нареден пат дегустација да викнеш?


























Не, нема да кажеме за секретарката ;D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #530 на: 26 Јуни 2014, 21:10:17 pm »

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #531 на: 27 Јуни 2014, 00:35:01 am »
дечки,што викате за Klipsch?конкретно го видов овој модел  во аудио центар.поради големината на дневната соба и просторот,помали звучници ќе одговараат повеќе,него ли JBL ES80 или некој сличен по големина.незнам како звучат Klipsch,утре ќе идам да ги слушнам

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #532 на: 27 Јуни 2014, 00:40:09 am »
дечки,што викате за Klipsch?конкретно го видов овој модел во аудио центар.поради големината на дневната соба и просторот,помали звучници ќе одговараат повеќе,него ли JBL ES80 или некој сличен по големина.незнам како звучат Klipsch,утре ќе идам да ги слушнам

Ги немам слушано, ама ги имам читано.. Доста фалени и популарни во Америка. Познати се дека не им треба кој знае колку јако појачало за да просвират. Инаку не знаев дека Аудио Центар почнале да ги носат.

Ако имаш мала соба подобро гледај Bookshelf звучници

Со што појачало ги упаруваат во Аудио Центар?


Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #533 на: 27 Јуни 2014, 07:32:53 am »
Гарант со некој Харман или Денон :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #534 на: 27 Јуни 2014, 08:26:02 am »
Маранцот им беше наместен доста време, што беше на промоција.

Klipsch се фантистични. И поприлично се скапи како марка. Баш пиши импресии. Само се надевам дека ги планираш со сабвуфер да ги комбинираш.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #535 на: 27 Јуни 2014, 08:34:44 am »
почнале од пред 1 година да ги носат,а најверојатно ќе земам HK 3770 кој бил замена за HK 3490,кој идеше како најбољи пар со JBL ES80 за тие пари.Не сум баш за bookshelf звучници,зашто треба да земам и сталаци кои се 8000 денари,а овој Klipsch-от баш е таман со големина,ќе биде околу комодата со телевизорот и нема да доминира,за разлика од JBL-от.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #536 на: 27 Јуни 2014, 08:41:21 am »
Зошто би земал букшелф звучници, за после тоа да ги ставиш на сталаг!? Ако имаш место за сталаг имаш место и за стоечки. Букшелф, се за на букшелф. :)

HK 3770 делува одлично на хартија.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #537 на: 27 Јуни 2014, 09:02:55 am »
Зошто тестот мора да биде слеп за да биде валиден, т.е. да не гледаш и не знаеш што слушаш:


ЕДИТ Дополнувам за да избегнам дабл пост:

"In September 2007 the Audio Engineering Society published the results of a year-long trial, in which a range of subjects including professional recording engineers were asked to discern the difference between SACD and a compact disc audio (44.1 kHz/16 bit) conversion of the same source material under double blind test conditions. Out of 554 trials, there were 276 correct answers, a 49.8% success rate corresponding almost exactly to the 50% that would have been expected by chance guessing alone."

"Following criticism that the original published results of the study were not sufficiently detailed, the AES published a list of the audio equipment and recordings used during the tests" (референтните музики)

http://en.wikipedia.org/wiki/Super_Audio_CD
« Последно менување: 27 Јуни 2014, 16:42:54 pm filipv »

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #538 на: 28 Јуни 2014, 23:19:34 pm »
Тукушто пробав нов УСБ кабел. Неверојатно колку се по прозирни високите. Истото целата звучна слика има свиленкаст чоколаден шмек. Басот е исто многу цврст, слоевит и не е буми.

Ќе пишам утре што кабел е и која должина.


Ваш

krell

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #539 на: 29 Јуни 2014, 00:27:01 am »
@ficomk еве како е кај мене со bookshelf ES30 и HK3490. И јас се мислев за сталци ама на крај ги ставив на тв комода. Свират солидно, за просечен слушач не аудиофил таман се.