Автор Тема: Аудиo опрема  (Прочитано 312218 пати)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #300 на: 12 Март 2014, 09:10:31 am »
Ја читам дискусијава и си праам


Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #301 на: 12 Март 2014, 09:43:03 am »
Ја читам дискусијава и си праам

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

А мене сега ми текна дека можеби се знаеме :)

Ко низ магла ми е дека сме биле заедно во Крушево една зима, во друштво со параглајдерџиите (Аљоша, Жабец, Тапа... И дека скијавме заедно..)

Може сум и грешка :)


Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #302 на: 12 Март 2014, 10:47:11 am »
Дефинитивно си грешка :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #303 на: 12 Март 2014, 10:52:25 am »
затоа што смоле не скија туку само со санка се спушта... и тоа железна, од арматура правена... :)
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Re: Одг: Аудиo опрема
« Одговори #304 на: 12 Март 2014, 13:26:52 pm »
затоа што смоле не скија туку само со санка се спушта... и тоа железна, од арматура правена... :)

Јас практикувам шанкање.

Основна алатка на тој спорт е шанкот...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #305 на: 20 Март 2014, 12:06:52 pm »
А да.. Ако пушташ од компјутер, огромна разлика ми направи USB Кабел от. Тука не верувам во прикаските дека сребрен USB кабел подобро звучи од обичен, ама од моето искустов се покажа дека должината влијае многу.

Јас користам ClickTronic (10 - 15 еур), од 0.5М

Овој кабел звучеше далеку подобро од колку сребрен Kimber USB od 1.8m (кој што чинеше 100-150 еур).

Clicktronic ов го имаш во Loging Electronics, и ти го препорачувам. Ќе се изненадиш од разликата :) (исклучиво пола метарскиот, бидејќи должината е тоа што ја прави разликата).


И уште една работа што ја заборавив во врска со PC то. Ми се подобри звукот кога ги исклучив сите USB porti на ниво на BIOS што не се користат, односно оставив само за DAC от еден port, и два porti за тастатура/моусе.

DAC от на еден USB kontroler, моусе/кејб на друг (за да не си пречат воопшто).



Него, што ти е референтна музика за тестирање?

Извини за спориов одговор, некако сум го промашил наставакот на муабетов.

Дап, гледај DAC-от да ти биде на различен USB hub од другите периферии. Ова го знам и од други (не-аудио) периферии кои бараат поширок bandwidth. Иако кај аудиото проблемот не е бандвитот туку синхорнизацијата со периферијата. Во принцип УСБ е многу лошо техничко решение за музика, но (од аспект на цената) е нужно зло.
Должината на кабелот дефинитивно да биде што пократка, а можеби најдобро е кабелот да се направи во свое производство, со убави изолации. Во недостаток на знаење (и желба за замарање), УСБ3 стандард на кабел би бил подобар од УСБ2 (подобра изолација и поквалитетни жици). Проблемот е што се и сешто декларираат како УСБ3, а и извиканите брендови навистина не вредат за толку пари (често и се едноставно лоши). Најдобро е направи сам варијанта кабел.

Конкретно твојов DAC (и другите со истиот чип), од работите во што ги гледам на нет, можеби имаат проблем со виндовсите, посебно со 64-битната 7-мица. Одредени проблеми пишувачот на долнава колумна ги решил со понов драјвер за дакот.
http://www.raylau.com/MusicalFidelity-M1A-DAC-USB-Audio-Pops.html


Инаку Krell, јас пријателе не сум аудиофил.
Не можам да бидам аудиофил без опрема. :)

Никогаш сум немал своја добра опрема. Имам по пријатели слушано разна опрема, и ги знам отприлика финесите. Но се додека не си го завршам мојов сетап и додека не почнам да го употребувам некое време, не можам од искуство да правам муабет на темава.
Во меѓувреме си читам на нет и по форуми и се интересирам. Пари немам доволно за можам да експериментирам со опрема како сакам. Компромис направив најпрво со тоа што сам си ја правам опремата по направи сам принцип. Потоа кога ќе завршам, генерално не мислам премногу да се замарам со менување на работите, „болест„ од која ми се „разболеа„ некои од пријателиве. :)


Од аспект на референтна музика, генерално ми е важно да звучи добро тоа што го слушам (а слушам баш разни работи).
Сепак некако најважно ми е да звучат вокалите добро. Затоа и одбрав да правам звучници со фул-рејнџ драјвери и да не паѓам во замките со (не)квалитетни скретници и одделни драјвери за високи, средни и ниски, тонови.
Иако за воља на вистината, го сквернавам и фул-рејнџ принципот со тоа што ќе правам и сабвуфер, а ќе експериментирам и со додавање на високотонци. Но за високотнците лесно и квалитетно се решаваат скретниците а за сабвуферот скретницата ќе биде на ниво на изворот (софтверски).
Тоа со високите тонови може да ими спадне за џабе труд, пошто како старееме се послабо ги слушаме високите тонови. Во секој случај, на систематските прегледи не проаѓам лошо па ќе видиме (чуеме)...  ;)

Значи референтна музика. Лорина МекКенит дефинитивно, понешто од Ења, Дајана Крал и одбрани блуз ствари (иако не сум страствен фан на жанрот), од нашите Баклава и одбрани работи од Мизар и Архангел. Ех, да и класична музика ме интересира како звучи на опремата (иако за тоа генерално треба друга опрема).
Исто добар тест е и Темната Страна на Месечината од Пинк Флојд, малку тешко за слушање, ама добар тест е зошто захтевна е музиката и бара цел спектар на звукот да се репродуцира добро, за да албумот звучи добро.

Во главно набројаниве работи ако звучат добро, јас сум задоволен. Би требало и се друго што слушам, да звучи задоволително.


За басови, Рејџ Агаинст д’ Машин дефинитивно!   ;D

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #306 на: 20 Март 2014, 12:27:25 pm »
Не користам V-DAC M1 туку користам Benchmark Dac1 Pre кој на усб подржува 24/96 и не е асинхрон.





Тој негов мал недостаток го надминувам со USB to SPDIF Convertor што подржува 24/192 и е асинхрон и тоа со Musical Fidelity V-Link 192






Јас немам приметено никакви проблеми со драјверите си Виндоус ни со V-Link от ни со Benchmark -ot,ама под Windows е звукот многу по стерилен, по дигитален од колку на Амара на Мек Мини во.

Пак го објаснувам ова со подобриот оперативен систем на Мек -от од колку Виндоус за оваа намена.

USB Кабелот што го користам е стварно добро направен и е евтин и нема потреба од ништо фенси.

Инаку V-Link от и Benchmark -ot ги поврзувам со Коаксијален кабел на SPDIF и тоа со Kimber, и звучи одлично.


Мене омилени ЦД -а  ми се :

Astor Piazzolla - Le Grand Tango (ако сакаш некој вид на класика)

Patricia Barber - Mythologies (Одличен Вокал, и многу добар Jazz)

Patricia Barber - Cafe Blue (Одличен Вокал и многу добар Jazz)

Vieux Farka Toure  - Првиот албум од 2007. Воедно ова е и најдобар концерт што сум гледал во живо. (Ако сакаш World Music и Афрички блуз)

Antonio Forcione - Meet me in London (одлична акустична гитара и вокал). И другите албуми на Forcione се одлични ако сакаш акустична гитара.

Barb Jungr - Man in Long Black Coat (Одличен вокал, пее песни од Bob Dylan)

Scapanapoli - Vesuvio (Неверојатно добро ЦД. World Music - Традиционална музика од Наполи Италија).

Diana Krall - Girl in the Other room (Temptation е одлична, оригиналот е од Tom Waits)

John Coltrane - Africa Brass (за мене најдобар албум на Coltrane)

Miles Davis - Bitches Brew (ова е за мене правиот Miles Davis.. Тотално креативен, ослободен, некомерцијален..)

Habib Koite - Afriki  (Уште еден врвен музичар од Мали. Одлична гитара и музика воедно).



Слушам и доста рок, ама не ми е реферетна музика за тестирање (Talking Heads, Clash, Bad Religion...)


Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #307 на: 20 Март 2014, 23:13:17 pm »
Баче, малку офтопик ама... гледам љубител си на добар звук и очигледно не штедиш на опрема (бар за наш стандард), исто и за велосипедизам: имаш супер опрема и добро се разбираш и во тоа.

Ме интересира, ако не смета прашањето, кои ти се други хобија? :)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #308 на: 20 Март 2014, 23:43:15 pm »
Одам на работа :)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Re: Одг: Аудиo опрема
« Одговори #309 на: 21 Март 2014, 00:56:00 am »
Ме интересира, ако не смета прашањето, кои ти се други хобија?

Dvoumenje za plin :)

Se salam, of kors

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #310 на: 21 Март 2014, 03:07:40 am »
Одам на работа :)
Сватливо (од аспект на чинењето на другите две хобија).  ;)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #311 на: 21 Март 2014, 08:01:12 am »
Ме интересира, ако не смета прашањето, кои ти се други хобија?

Dvoumenje za plin :)

Se salam, of kors

:) Држи  и тоа. Да. :)

Инаку стварно ми е ќеиф кога се развива дискусија за нешто, да не биде како реклама од произведувачот на нештото, односно само позитивности без негативности. Така и за дискусијава за плинот Смешко

Баш супер што дојдовме до сите предности и маани, па секој ќе си одлучи Смешко

И јас одлучив (сега за сега, можеби бо иднина ќе сменам одлука). НЕ ставам плин Смешко

Одам на работа :)
Сватливо (од аспект на чинењето на другите две хобија).  ;)


Ма точак возам (дури и многу повеќе од сега), и во времето кога само студирав :).

Е да.. Морав часови некакви да давам за да може хобито :)

Audio опремата е само награда после многу многу години работа. Сакав да купам нешто што ми прави многу ќеиф, а што е тотално ирационално инаку, и што не би го купил никогаш од рационален аспект..

Па ете.. Се стори таа опрема.. Тоа хоби сепак помага да го троши човек времето на позитивен начин и воопшто не ми е криво.


Сакам инаку и планина многу (Скијање, точак, пешки...)
« Последно менување: 21 Март 2014, 08:14:14 am krell »

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #312 на: 21 Март 2014, 08:11:26 am »
@VAN На каква опрема  слушаш во моментов музика?

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5291
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #313 на: 21 Март 2014, 11:46:13 am »
Не кажувам!  :)

Појачалото од Д класа веќе го покажав во еден од предходните постови, и со него парот Tang Band W4-930SF драјвери кои наменски се за задните звучни кутии (а сега се во картонски кутии).  :P
Гето!
Нормално басот е непостоечки, ама надвор од тоа (и од шегите) звукот е зачудувачки (просечно) добар, посебно за вокално доминантни ствари.
Филмови гледам (слушам) со Creative Inspire 5300 Speakers.

Инаку дап, одамна се мислам да ги ставам Фостексот во open baffle систем како на сликиве доле (Fostex FE206En 8" Full Range). Многу лесно за правење и баш секој може да го направи ова, ама (оправдано) се плашам дека тек тогаш привременото решение ќе ми остане трајно решение.  :)
Планот е до есен да ја завршам доградбата (или барем важнииот кат) и да се посветам на правење на звучните кутии и на сабвуферот. Па макар и со шпер плоча од сомнителен квалитет, пошто бреза не можам да најдам а за балтичка бреза можам само да сонувам.

Еве како изгледа open baffle систем, колку за стекнување на идеја на форумџиите кои не слушнале за ова. Не е толку добар принцип на работа како звучни кутии, посебно басот е слаб па компензираат со предимензионирање со поголеми драјвери за бас... но идејата е дека за евтини пари и целосен лаик може да направи аудиофилски сетап што кошта минимален дел од чинењето на споредлива (по квалитет на звукот) таква опрема директно од продавница.

 


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #314 на: 28 Март 2014, 19:19:39 pm »
Пошто нема некоја друга тема за општо аудио...

На клиото левиот звучник кога ќе ко пуштам над 20ка (до 32 оди) како да пука по малце, како да грчи..

Некој да ми каже дали сам можам проблемов да го решам и како ?