Лоши звучници нема да звучат добро во ниедна просторија.
Во лоша просторија нема да звучат добро ни едни звучници!
Иначе, само среди ги ќошињата и си завршил голем дел од работата. Тоа е минимална естетска опструкција на собата. Басот е „стегнат“, не се „растекува“, стерео дефиницијата станува многу по јасна, високите не „беснеат“ туку стануваат „стокмени“ и „прецизни“.
Ќе повторам: меѓу средно-добри звучници во добра просторија и средно-добра просторија со добри звучници, првото ќе даде бољи звук!
Филип,а што подразбираш под тоа "акустички ја истретирав собата" ?
веднаш да напоменам дека собата за слушање музика не ми е дневната соба.
Ѕидовите имаат трослојна прекривка (решетки од тенки летви од шперплоча попунето со стаклена волна), во средина еден слој пур-пена, а врз сето тоа закован теписон.
Ќошињата се попунети со делови од стари тешки ќебиња одозгора покриени со теписон како од претходната точка
Звучниците се оддалечени од ќошињата и ѕидовите.
Подот е со најдебел ќилим што можев да го најдам.
Се на се околу 500 евра инвестиција и една недела сам свој мајстор. Резултатот во добивка на звук е светлосни години подобар околку истите 500 евра дадени за која било можна комбинација на нови звучници и појачало во неистретирана просторија.