Автор Тема: Аудиo опрема  (Прочитано 308801 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5674
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1455 на: 21 Мај 2023, 14:57:03 pm »
Ми донесоа Sony DAV-TZ715 бесплатно со 4 звучници (2 неотпакувани) било еднаш уклучено (се гледа по него, дури и батериите во далечинското беа Sony) и беше оштетено од гром. Го средив со другар, не беше голема штетата и сега функционира. Само не знам каков звук би давало само со 4 звучници без subwoofer(subwoofer-от е кај нив и не ми е згодно да го барам и него кога сето ова го добив бесплатно). Каде можам да најдам квалитетен subwoofer соодветен за овој модел?
Еве технички спецификации:
https://www.sony.ee/electronics/support/sound-bars-home-theater-systems-dvd-home-theater-systems/dav-tz715/specifications

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5674
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1456 на: 08 Октомври 2023, 21:52:16 pm »
Повторно јас  ;D
Каде може да најдам пасивен 3 омски subwoofer 7" (180мм) по можност 100W?
Исто така ако има некој нека понуди.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10403
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1457 на: 09 Октомври 2023, 00:47:45 am »
Kaj najde 7 inci ebago
 Ili 6 ili 8... 7 tesko labude. Zec, Dog security, alfa electronics bitola..

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5674
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1458 на: 09 Октомври 2023, 01:28:04 am »
3 омски знам дека тешко се најдуваат. Нема сериско производство за нив. Ми понудија оригинален Сони, ама цената ми се виде соленка, ако нема друга соодветна замена ќе си платам за Сони.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10403
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1459 на: 09 Октомври 2023, 07:52:25 am »
Ako e pasiven zemi drug sose kutija, istgaj zhici od wooferot i cepaj.

Отсутен JezuzNoChill

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 995
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1460 на: 09 Октомври 2023, 18:55:16 pm »
Повторно јас  ;D
Каде може да најдам пасивен 3 омски subwoofer 7" (180мм) по можност 100W?
Исто така ако има некој нека понуди.

Што сакаш да направиш? Нема смисла да бараш 7 инчи 3 омски subwoofer.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5674
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1461 на: 09 Октомври 2023, 18:57:23 pm »
Фабрички е таков.
Најдов во Прилеп 1700 ден, мислам дека е добра цена.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5674
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1462 на: 26 Февруари 2024, 14:15:58 pm »
Имам проблем со фабричко радио на Mercedes ML W164 со CD changer со 6 cd(највисока опрема е со cd changer) кој стои во касетката (glovebox). Чита само купечко cd, пробав со mp3 Verbatim и Audio Verbatim CD, но не ги чита. Во астрата ги чита и двете и на домашно кино. Знам отприлика како работи и дека внатре ласерот треба да се штелува со потенциометар кој има опсег од 180-220 оми, но не сакам да расклопувам бидејќи може воопшто да не чита потоа  ;D
Во совет со Хоби Томи, ми рече дека треба да изберам друго cd (да избегнувам Princo) и да го наместам на најмала брзина на режење. Е сега јас режев преку лаптоп и најниска брзина беше 10х преку Burnaware. Која марка на cd да изберам или ваш совет?

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 199
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1463 на: 26 Февруари 2024, 15:00:13 pm »
Имам проблем со фабричко радио на Mercedes ML W164 со CD changer со 6 cd(највисока опрема е со cd changer) кој стои во касетката (glovebox). Чита само купечко cd, пробав со mp3 Verbatim и Audio Verbatim CD, но не ги чита. Во астрата ги чита и двете и на домашно кино. Знам отприлика како работи и дека внатре ласерот треба да се штелува со потенциометар кој има опсег од 180-220 оми, но не сакам да расклопувам бидејќи може воопшто да не чита потоа  ;D
Во совет со Хоби Томи, ми рече дека треба да изберам друго cd (да избегнувам Princo) и да го наместам на најмала брзина на режење. Е сега јас режев преку лаптоп и најниска брзина беше 10х преку Burnaware. Која марка на cd да изберам или ваш совет?
  Јас би те советувал да пробаш пак со Verbatim, пробај со Nero Burning Rom, Burning Express, Power Iso кој што претпоставувам ке ти дозволат да режеш со x2 или x4 брзина,

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7784
  • Плинаш!!!
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1464 на: 27 Февруари 2024, 20:54:05 pm »
Не е само до програмата за режење туку и до цедињата е. Јас во Скопје не успеав никаде да најдам цеде со помала брзина од 12x а мене ми требаше барем да е со 8x или помало. Така да среќно во потрагата.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1465 на: 09 Март 2024, 20:27:06 pm »
Не е само до програмата за режење туку и до цедињата е. Јас во Скопје не успеав никаде да најдам цеде со помала брзина од 12x а мене ми требаше барем да е со 8x или помало. Така да среќно во потрагата.

Како мислиш - цеде со помала брзина?
Тие брзини означени на цедињата се максималните брзини што тоа цеде може да ги постигне за снимање на него, читањето од цедето зависи со која брзина ќе го снимаш. Ако го снимаш со 4x - со толку и ќе го чита, а не со x12 (како што пишува на него).

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1466 на: 09 Март 2024, 20:30:24 pm »
Брзината на читање нема никаква врска со брзината на режење. Може да влијае на квалитетот на самото режење. И леле од кога ги немам правено овие муабети. :D

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1467 на: 09 Март 2024, 20:32:54 pm »
Исто така - битен е и самиот режач, не само програмата за режење.
Пример - ЦД што пишува 12x макс на него, може да се случи со еден режач да ти дозволи да снимаш минимум со 10x, а со друг 4x (во иста програма).

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43643
  • Il Moderatore
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1468 на: 09 Март 2024, 20:35:55 pm »


I`m that old! (додуша овој брз е, мојот рајтер бешр 4x) ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #1469 на: 09 Март 2024, 20:38:23 pm »
Брзината на читање нема никаква врска со брзината на режење. Може да влијае на квалитетот на самото режење. И леле од кога ги немам правено овие муабети. :D

Tоа де, грешка сум се изразил.

Цитат
читањето од цедето зависи со која брзина ќе го снимаш. Ако го снимаш со 4x - со толку и ќе го чита, а не со x12 (како што пишува на него).

Мислев - ако се снима со 4x, квалитетот на самото читање ќе е соодветен за таа брзина, не дека ќе го чита со 4x.
Имаше многу проблеми порано со пребрзи снимања за игри на PS1 и PS2.