Автор Тема: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170  (Прочитано 65148 пати)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #615 на: 30 Септември 2024, 12:36:15 pm »
Не, не се  нервирам, уште при купувањето знаев дека еден ден ќе дојди до ова. Мада уште не е констатирано точно што е, ладна работи најнормално, штом загрее и почнува да тртори...ќе пишам апдејт ко ќе добијам инфо од мајсторо

Стално си се среќават тука   ;D Најверојатно на некој вработен е  т.е според таблицата, на газдата, неговите иницијали ги има.

Отсутен fuzzjaw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 429
  • Alfa Romeo Giulietta 1.4TB
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #616 на: 30 Септември 2024, 14:44:07 pm »
Кај нас во Мк нова е 40 -50 000 ден. Мислам дека + нешто ситно за промена.
Половна да побараш од ревидираните модели, би требало да е доста поефтина и доста подобра. Ама види првен на сервис можи да поминиш со промена на некој вентил нешто.

Да не ја барам фактурата, мислам дека на мојата промената чинела околу 62 илјади денари во Сервис Илија. Комплет промена на модулот, плус работна рака и имаше уште нешто ситно на фактурата. Ама стара цена е.

Инаку да, старите MultiAir модули, особено од 2010-13 беа проблематични, од 2014-15 наваму би требало да се океј. Не е лоша идеја да се избарат половен модул, веројатно би поминал поефтино, под услов да е од ревидираните.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #617 на: 01 Октомври 2024, 12:25:48 pm »
Па за твојата јас кажував. Кога гледав кола за мене, твојата се продаваше од дечко од Скопје. Тој ми кажуваше дека при редовен сервис му го расипале мулти еирот (нот). Па за да му излезат во пресрет од Аутомобиле, му дадоа добра цена за промена. 45 000 мислам дека ми рече дека го коштало. 700 - 750 еур.

Не ме бендиса колата и не ја купив.
 ;D

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #618 на: 07 Октомври 2024, 16:40:34 pm »
Multiair kaputt. Поправката ќе биди солена, ама спремен бев на тоа уште ко ја купував. Утре најверојатно ќе почнат со растурање, ќе видиме дали ќе треба при тоа и ребрастиот да го вадам, ако треба ќе го сменам и него, секако има скоро 50К свртено.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #619 на: 07 Октомври 2024, 19:32:34 pm »
Не треба ребраст да се вади. 2 саати работа е промена на мултиер. Нема големо растурање.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #620 на: 07 Октомври 2024, 19:45:24 pm »
Епа овие изгледа немаат менувано, не беше сигурен дали ќе треба ребрастиот вадење, маслото рече треба да го испушти, значи ново масло и дихтунг секако, самото гомно наречено мултиаир кошта 1250€, за другото  ќе видиме кога ќе се отвори...прашањето му беше дали да почни утре, пошто колата има веќе 200К и дали ми се исплаќа да ја прам. Ќе видиме до Петок рече  би требало да ја заврши..инаку 5 саати работа си процена тој  ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #621 на: 07 Октомври 2024, 20:30:19 pm »
Полесно е ако има алат за вадње. Да не се мучи. https://www.alfaworkshop.co.uk/Alfa_MiTo_Giulietta_1.4_Turbo_Multiair_actuator_removal.shtml

Ако колата нема никаков друг проблем, тогаш не гледам зошто би било спорно исплатливоста на зафатот. Ќе ја направиш, и ќе возиш даље. Тоа е тоа.

Edit: А, и да не заборавам. На прва инсталација мора да го напунат мултиерот со уље, 240мл собира, нека видат мајсторите како иде процедурата за тоа.
« Последно менување: 07 Октомври 2024, 23:04:53 pm Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #622 на: 08 Октомври 2024, 14:00:45 pm »
Немој Симо не ги сечи/не ги брани жабарите, што измислиле кола која што на 200К км треба да менуваш дел за 2000€, ко да е нормално тоа. Не е! Колата вреди 6 моментално, дали и толку, затоа си прашуваат луѓето.

Мене ми вреди 10, затоа ја прам  :-*

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43720
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #623 на: 08 Октомври 2024, 19:03:10 pm »
Е ако, земи следно ваг или баварец бензинец од модерниве, (недајбоже французој или форд), па да видиш што е „лепота“. Ќе ги бараш жабариве ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #624 на: 11 Октомври 2024, 22:10:14 pm »
Еве го виновникот



Конечно се врати дома


Ближи време за зимски гуми, 5 степени е навечер.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13932
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #625 на: 11 Октомври 2024, 23:09:04 pm »

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #626 на: 11 Октомври 2024, 23:17:40 pm »
Ако не е тајна чисто инфорнативно колку пари кошта задоволство?

Sent from my motorola edge 40 neo using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #627 на: 12 Октомври 2024, 11:03:43 am »
1300 делот + дихтунзи, 250 евра за рака и на се тоа 19% данок, за да е јака Германија.  Не вадел ребраст каиш и не го испушти маслото, само дополна, инаку ќе одеше преку 2К.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #628 на: 30 Октомври 2024, 14:18:22 pm »
Сменати денес летни со зимски, почнува да заладува, па да не  се топкам внатре со летните скаменети

Инаку  при последното идење од Мк наваму на дожд, цело време задницата забегуваше на белите линии, стрелките и се што е исцртано на патот со  боја и баш се чудев зошто т.е сумљав дека една задна гума е подистрошена...арно ама испадна дека другата задна е скроз истрошена  ;D Зато коментираше и невестата дека не му била стабилна колата некако, да намалам викаше  ;D






п.с центрирана е, мана им е на сите спуштени Џулиети, секогаш имаат нагиб назад и јадат гуми, 3.5 години и околу 30-35К и имаат моите поминато

Инаку Мартин беше во право, бандажот напред се мрси, затоа што бугарската нова "СКФ" полуосовина, заменета лани за 300€ пушта мрсно, иако манжетната е здрава и правилно легната на зглобот...ѓупштана бугарска преварантска.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1008
Одг: Alfa Romeo Giulietta 1.4 Multiair 170
« Одговори #629 на: 30 Октомври 2024, 16:00:09 pm »
Сменати денес летни со зимски, почнува да заладува, па да не  се топкам внатре со летните скаменети

Инаку  при последното идење од Мк наваму на дожд, цело време задницата забегуваше на белите линии, стрелките и се што е исцртано на патот со  боја и баш се чудев зошто т.е сумљав дека една задна гума е подистрошена...арно ама испадна дека другата задна е скроз истрошена  ;D Зато коментираше и невестата дека не му била стабилна колата некако, да намалам викаше  ;D






п.с центрирана е, мана им е на сите спуштени Џулиети, секогаш имаат нагиб назад и јадат гуми, 3.5 години и околу 30-35К и имаат моите поминато

Инаку Мартин беше во право, бандажот напред се мрси, затоа што бугарската нова "СКФ" полуосовина, заменета лани за 300€ пушта мрсно, иако манжетната е здрава и правилно легната на зглобот...ѓупштана бугарска преварантска.

Не може да го корегираш нагибот? Колку нагиб има позади после центрирање?