Напрајвме 2 години дружба и 33К.
За годишнината чекам полуосовина да стигни и се надевам дека ќе се реши проблемот со тресењето кое е минимално, ама мене ме нервира - 300€. Поради ова се одложува купувањето на бандажите.
Дехромирани лајсни на прозорци и предна маска, залепени со фолија, исто сменети и капачките на двата ретровизори, овој пат поради голема самоувереност од претходниот ретровизор, резултатот е минус 1100 денари поради скршено стакло.
Поминати седиштата со средство од Моје Ауто, освем добар мирис, други придобивки не видов, не излезе ништо на крпата, очигледно не се валкани.
Некоја фотка од перење во вистинска домашна атмосфера
п.с брат ми се погоди да полни течност за брисачи, зато е крената хаубата