De bre, drug majstor nema li nekoj 😂
Епа еве ако мислиш дека има мајстор побарај на форумов имаше некоја тема каде некој прашуваше каде да носи астра H на сервис. Повеќето негативни искуства од сервисите никој неможе да ти препорача асолен човек прво па после да биде мајстор.
За моите минати катастрофални искуства да не се навраќам сум спомнал дел на форумов...
И секако патешествието не завршува лесно.
Прво отидов кај другарот што чепка после работа се разбира нешто и сигурен сум дека можеме да го смениме затегачот заедно. "Барај ме од понеделник" го барам од понеделник "знаеш не ми се чепка сам ќе идеме кај Васе со него ќе смениме барајме утре" го барам ја пак утре и викам се договори ли со Васе и дај прашај за сигурно да не биде неможе ни он, "ќе може се договоривме ама у гужва е при крај на следна недела". Помина и таа следна недела и дојде таа после неа и наеднаш сеа неможеме барај си друг...
Ајде отидов кај дечките што го носев мерцедесот не де нафаќаат и тие ама ај бар тие мерцедес си работат ги разбирам.
Одам кај друг ај бар одма бев одбиен.
Одам кај друг по препорака му викам ако неможеш бар кажи да не те чекам 2 недели и на крај ништо. Не бе уживај 5 ~6 дена максимум ќе средиме. Му се јавувам на договорениот ден кога да одам утредента "абе знаеш ај прати ми бр на шасиа да проверам ја нешо како иде тоа и ќе те побарам". Поминаа 3 дена ништо му звонам виде ли бе мајсторе "ееј не бе знаеш у гужва до вечер ќе ти се јавам" пак не се јави утре дента му звонам пак до вечер ќе се јавеше и еве уште таа вечер не дојде.
Одам кај друг опел демек работеле ми вика" кај најде опел да купиш неможам ја ова ама стај ја на оглас и не се замарај" добро викам до оглас не сум стигнал ова шо ти зборам може да се направи воопшто или неможе (а знам дека може наидов на многу примери кај што менуваат) може вика секако се може ама ние овие опели не ги работиме. Важи.
На фб наоѓам мајстор што го препорачуваат јас му зборам само затегачот тој ми збори цел ланец. Му покажувам слики од постапката (како и на сите до сега) викам значи вака без вадење мотор само капакот се вади и се мења може? "може да ама и така ќе го вадам цел мотор не ти се исплати само затегач да смениш воље све".... Викам мајсторе ако го извадиш цел мотор капакот ќе го отвараш пак така? "така" епа зошто не го извадиш само капакот без моторот да се вади истото што би го направил доколку го вадиш моторот само 90% помалку работа. И пак добивам одговор дека он би го вадел цел мотор...
И така стигнав до уште еден мајстор што е запознаен со проблемот што знае дека се мења затегачот како што јас сакам да го сменам. Моабет барем знаеше како што треба да напраи се договоривме све го почекав некој ден вчера требаше да го барам да договориме ден не се јавува цел ден и ми пиша сабајле на вибер нит сум слободен нит знам кога ќе бидам слободен барај си чаре.
И така 2 месеци скоро се замарам со нелуѓе па ти кажими сега дека има мајстор, човечност очигледно нема.
Па поради ситуацијава приморан сум да пробам да го менувам сам, во глобала знам како иде процедурата само ми треба силикон што треба да се стсви место дихтон на поклопецот од ланецот зошто дихтонот што иде на ланецот е целосен нормално до доле за тоа треба све да се растура а во ситуацијава треба да се извади 20тина цм парче па доколку некој знае каков и каде можам да најдам таков силикон нека пише.