Дајте малку олабавете со негативните коментари околу достигнување работна температура на моторот на кратки релации.
Мене никогаш не ми бил битен тој момент, а како што досега објаснував, за греење во кабина се доволни и 50 степени.
Ако се држиме стриктно до инструментот што покажува, кај мене никогаш не е 90, си стои една цртичка испод, и ајде да толкуваме дека е 85 или 80?
Битно е дали му дува топло, а ако не, да го бара проблемот на друго место.
Од друга страна, ако го земам како пример Меганот, нему му требаше повеќе време/км за да достигне работна температура. А во неколку прилики исто имав забележано паѓање на стрелката ако стојам во место.
Впрочем, човекот си кажа дека на подолг пат му стои на 90 степени