Автор Тема: Opel Astra H GTC 1.9 150  (Прочитано 27762 пати)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #30 на: 16 Јуни 2021, 00:57:16 am »
Кај најде OPC липови?

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #31 на: 16 Јуни 2021, 08:25:52 am »
Кај најде OPC липови?
Цел браник го земав не само липовите, инаку од кај Кардаш го земав.


Отсутен dreamson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 638
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #32 на: 16 Јуни 2021, 20:42:42 pm »
По која цена го зеде вака комплет?

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #33 на: 17 Јуни 2021, 07:16:23 am »
По која цена го зеде вака комплет?

Околу 150€.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #34 на: 20 Јуни 2021, 12:30:44 pm »
Чисто за евиденција, на 209.700км променети водна пумпа, сет ребраст и предни плочки. Дур се вршеше тој зафат, со контакт спреј и компресорче го исчистив MAP сензорот кој имаше толку гареж на него што не би ме чудело воопшто да не читало никакви вредности. Старата водна ми пропуштала антифриз, и сега еророт check coolant што излегуваше цело време го снема.

Ќе видиме што не чека наредниот месец, јас типувам на пк каиш, ролери, и предните стабилизатори. ;D

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #35 на: 24 Јуни 2021, 10:36:10 am »
Многу ми е драго што конечно се справив со работа што премногу ми бодеше очи, дупките од град на хаубата. На почеток не ми сметаа, но како што си ја дотерувам полека колава почнаа страшно да ме нервираат. Па така, по кратка потрага по мајстор што се бави со ова и не лета со цените (на едно место ми рекоа 1500 од дупка лол), наидов на дечково:

https://www.facebook.com/pages/category/Product-Service/Avto-Garazha-FIM-111747917220683/

@UrSa1986 те пингам бидејќи знам и ти бараше мајстор за истово.  :)

Еве го финалниот продукт:



Извадивме околу 8-9 дупки, кои за моја среќа не беа многу длабоки и прилично лесно излегоа. Целиот процес траеше околу 3 саати, а задоволствово ме кошташе 1.500 денари. Од мене имате топла препорака за дечково. Останува нареден месец убаво да се исполира хаубава и да си светне како што треба.

Во меѓувременом, почна задниот десен звучник да ми крчи, па ако на некој му се наоѓа вишак (или знае каде да најдам оригинал ист) нека ми пушти слободно порака.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #36 на: 24 Јуни 2021, 12:39:26 pm »
Си ФИМ си пишавме пред некој месец, ама рече да одам кај него да одреди цена. Малце ти земал пари, може и јас да отидам. Фала ти

Отсутен @ILE@

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 237
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #37 на: 24 Јуни 2021, 13:48:15 pm »
Одлично средено за ич пари што би се рекло.  :)

Успат прашање, каде се наоѓа дечково?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #38 на: 24 Јуни 2021, 14:08:37 pm »
Екстра.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #39 на: 24 Јуни 2021, 14:12:12 pm »
Одлично средено за ич пари што би се рекло.  :)

Успат прашање, каде се наоѓа дечково?

Населба Лисиче му доаѓа, пиши му на Вибер ќе ти прати точна локација.

Ако одите, јас би ве советувал да се договорите приквечерно време бидејќи лепакот што го користи најубаво фаќа на 22-24 степени. Јас му отидов со 7 саати печена сред сонце црна кола, 40 степена беше хаубата кога стигнав, па што не напраивме за да подолади малку  ;D

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #40 на: 25 Јуни 2021, 09:11:24 am »
Ги извлекува дупките така

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #41 на: 25 Јуни 2021, 10:21:20 am »
Ауу браво. Браво! Супер инфо ова.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #42 на: 25 Јуни 2021, 10:35:05 am »
Ги извлекува дупките така
Ако треба да има прашалник на крај на реченицава тогаш да, прво со лепак поголемите дупчиња ги извлекува, па после тоа од под хауба со посебни алатки ги бутка нагоре, па потоа ги рамни. Кај мене маки измачи бидејќи под хаубата е вака:



и уствари од тие малку дупчиња што се отворени, мораше да брца да праи да пусти. Мислам и за кај тебе ќе биде исто.

Инаку, само што си наполнив фреонче во Илинден за 600 денари, ќе видиме како ќе издржи. Деновиве на бугарска клима ги живеев по 40+ степени во гужви накај дома и одма се приметив како ги барам златните кајли по дома и залижував косата пред искачање. Еве точна локација ако сака некој да си проба:

https://goo.gl/maps/j7eUvSTzZw3drdSm6

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #43 на: 25 Јуни 2021, 10:42:23 am »
Јас имам и на кров и на странични носачи ... ке биде зезнато, ама мислам дека ќе вреди.

За гума центар пред некоја година излезе муабет дека во фреонот не ставал некое уље за подмачкување и се расипувале компресорите. Може е глуп муабет, ама чисто да знаеш, нова ти е колата.
Јас 2-3 пати ставав за Нубирата од таму, ок си беше за стара кола, мада мене ми пушташе од гумичка кај компресорот и држеше една сезона само.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #44 на: 25 Јуни 2021, 13:04:38 pm »
Што се златни кајли?  ;D