Лани пола саат споредував 508-ца и Мондео паркирани едно до друго, и двете годиште 2016 па да споредам мислење.
Дополнително споредував со Мазда 6, и неизбежниот во таа класа, народната кола Пасат. Мазда 6 не најдов а Пасат не е за мене.
За вожња сите се супер, 508-цата не е некој исклучок, ништо подобро, ништо полошо од конкурентите. Можеби за нијанса помека вожња, но јас не осетив разлика во малкуте километри кој ја возев (да напоменам дека не ја возев на автопат.
Надворешна убавина е субјективна работа, според мене е последна (Мондео, 6, Пасат па 508). Новата 508-ца 2020 година има најубав дизајн од сите.
Ентериер внатре, неколку забелешки.
Мал и ниско поставен волан. За малце покрупничок човек како мене влегување и излегување е проблем. Сериозен проблем. Малце е и пониска од Мондеото, со тоа и малце помала прегледност. Не дека Мондеото има добра прегледност, ама на оваа потешко наоѓав позиција.
Просторност помала од Мондео-то. Осетно. И тие држачите за пијалоци, ако ги отвориш мислам удараат во воланот или нешто. Тој проблем го има и во 2012/2013 моделот мислам.
Entertainment систем ок.