Автор Тема: Ауто старт стоп системи  (Прочитано 22908 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #30 на: 20 Март 2021, 17:04:19 pm »
Цитат
Лудост е да земеш 10 години стара кола за 50% помала вредност од друга иста таква со ист број на поминати километри

Епа државава е полна со лудаци ;D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #31 на: 21 Март 2021, 08:30:58 am »
Веќе четврта година возам кола со старт-стоп систем. Многу добра работа со бензинец. Најчесто не ни осеќам (освен ако не погледнам во обртомер) дека колата е запалена или изгасена. Работи доверливо, не замара, и најверојатно заштедува гориво.  Плус, многу често заглавувам во гужви низ град (кога возам градска) и е многу пријатна работа кога треба да чекаш 3-5 минути во место.

Акумулаторот е сеуште првиот (6+ години). Ама на мене генерално ми траат акумулатори, затоа што јас за релации пли од 3км не палам кола туку возам велосипед, одам пеш, или користам градски превоз. Ако морам да запалам кола, тогаш си возам малку повеќе за да загрее убаво самиот мотор/масло/вода и за тоа време да поднаполни акумулатор.

Јас искрено не верувам дека има некоја поголема амортизација од тој старт-стоп систем на компонентите од моторот затоа што и онака е загреан и половина од системите работат на струја и сеуште работат додека чекаш на семафор. Кај бензинец е многу многу пријатна работа затоа што не го ни осеќаш. Кај дизел најчесто се чувстува многу повеќе кога се пали на семафор.

Пс. Старт-стопот е еден од посилните аргументи да се префрлам на хибрид возило кое и најверојатно ќе го направам кога ќе дојде време за наредно возило.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #32 на: 21 Март 2021, 10:40:22 am »
Многу коректно изнесен став... Јас само ќе приметам дека моментот што „најверојатно заштедува гориво“ и дека е „пријатна работа кога треба да чекаш 3-5 минути во место“, за мене лично не е момент заради кои јас би доплатил ххх(х?) единици европска конвертабилна валута.

Повторно, зборувам за мене лично. Не му се мешам во лончињата на Luki.

За моите потреби и сваќања, старт/стоп е непотребен гимик. Се работи за feature/одлика со многу дискутабилна корисност ама воедно и нешто кое се плаќа и во старт, а и понатаму со користењето се доплаќа повеќе. Само акумулаторот чини 3-4 пати повеќе. И замислете, ако при старт/стоп му трае акумулаторот толку години - колку би му траел без старт/стоп? Веројатно би ја продал колата со тој акумулатор, па дури и ако ја вози 15-тина години.  :)

И од друга страна колкумина просечни возачи овде, ја имаат волјата на Luki и дисциплината да не возат на кратки релации?
Најголемиот дел ни по цигари не идат без кола, а за спорт/движење ич да не зборуваме (од аспект дека ќе ги излаже да не идат со ауто до трафика/маркет). Реално, Luki е исклучок а не правило.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #33 на: 21 Март 2021, 10:51:22 am »
Решенија:

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #34 на: 21 Март 2021, 11:33:34 am »
Колку помалку го користиш (отворена вожња/ретки градски релации) толку подолго трае батеријата (не се празни), и логично зелениот ефект и заштедата на гориво се еднакви на нула.

Ако се користи интензивно (чести градски релации без отворена вожња) "батери азис" и колку што прочитав од форумов, системот прекинува да се активира да не ја доисцрпи батеријата и си возиш нормална кола.
Ако сакаш да бидеш зелен ќе треба да се заебаваш со допунување или да си купиш нов.

Повторно заклучувам дека системот е контрадикторен.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #35 на: 21 Март 2021, 13:10:15 pm »
Kako korisnik na kola so start/stop niti mi smeta ni go imam iskluceno nekogas.  Pod -4c imam zaprimeteno deka avtomatski e iskluceno start stop, istoto vazi i za leto +30c. Okolu 0 koga e mu treba nekoja minuta, 1km do 2 otprilika barem kaj mene da proraboti.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #36 на: 21 Март 2021, 13:23:37 pm »
Ако се користи интензивно (чести градски релации без отворена вожња) "батери азис" и колку што прочитав од форумов, системот прекинува да се активира да не ја доисцрпи батеријата и си возиш нормална кола.
И си возиш нормална кола ама со изамортизиран и полусулфатизиран акумулатор, кој без старт/стоп сеуште ќе врши работа.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #37 на: 21 Март 2021, 18:50:25 pm »
...

Нормално дека сум исклучок, а не правило. Имам променето неколку возила, но досега имам купено само два акумулатори. Едниот на првото БМВ (фабричкиот Варта произведен 1999та, променет 2011та), вториот на Мерцедесот (фабричкиот Варта произведен 2007ма година, променет декември 2020та).

Конкретно на мене ништо не ми менува во возачките навики, работи практично во моја полза, штеди некој литар бензин и доведува да имам потивко возачко искуство низ град и гужви (една од најважните работи кои ги сакам додека возам. Мртва тишина околу мене и добра музика од радио).

Конкретно за технологиите во самите возила. Искуства со последната кола што ја имам и за кои технологии бев голем скептик и мислев дека се непотребни глупости.

1. Keyless access/Start-Stop Button - Толку му свикнав, работи одлично и ми прави многу мерак. Многу би ми било чудно ако следната кола го нема тоа.
2. Автоматско паралелно паркирање. Одлична екстра. Толку многу му свикнав и не се сеќавам кога последен пат сум паркирал сам. Мислев дека воопшто нема да го користам, а уствари испадна толку удобна работа.
3. Темпомат/лимитер. Секој пат кога возам ги користам затоа што во градот кадешто живеам има премногу камери и помага да не ме казнуваат.
4. Интегриран инфотејнмент систем со навигација. Мислев дека со телефон е доволно и не ми треба таква работа. Затоа што и телефонот има се + навигација. Во комбинација со гласовни команди, не се сеќавам кога последен пат сум типкал адреса или нешто слично. Следната кола исто ќе ја има истата работа.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #38 на: 21 Март 2021, 19:01:01 pm »
@Luki Junior - Апсолутно се согласувам со сè што напиша. И јас бев скептик за некои од работиве, ама кога ќе се навикнеш сите се практични и убави. Прописен keyless (со отклучување И заклучување И старт на копче), греење на седишта, Андроид Ауто, тантар-пантар. Све убави работи.

Исто така, не би можел да замислам следната кола да ми е без сензори и камери за паркирање.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #39 на: 21 Март 2021, 19:14:11 pm »
Килес е најголема глупост со најлесно крадење на кола во историјата на колите.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #40 на: 21 Март 2021, 19:20:49 pm »
Да, ама па од друга страна е супер-практично, да не мораш да брцаш по џебови да бараш клуч. Особено практично зимно време, кога ми се рацете во ракавици, или па ако ми се рацете полни со кеси од супермаркет, итн.

Фино е кога ќе се навикнеш, остај ти тоа...

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5295
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #41 на: 21 Март 2021, 19:21:12 pm »
Се е супер, додека со кесите не останеш зачуден каде е колата.
Во таа ситуација веројатно ниту најголемиот консумерист не би менувал клуч за тастер. Проблемот е што секој си вели дека нема ваљда на мене да ми се деси... Додека (скраја да е) не се деси. Пошто статистиката вели дека на прилично луѓе им се случило/случува такво искуство. :)



едит:
@Luki Junior се разбира дека е нормално да ги користиш алатките кои ги имаш на располагање, посебно кога тоа ти е од корист а веќе ги имаш спомнатите алатки.

Но можеби не се изразив како што треба... Мене аргументот ми е следниов, кога би имал избор дали ти лично би доплатил - ете од ракав ќе извадам - некои ~5-10% од цената на колата, за да имаш старт/стоп систем? И што мислиш дека би одбрале повеќето од возачите?


Целата поента во муабетов е: Се повеќе на купувачите им се наметнуваат некои опции - ма не се опции ако се наметнати, се наметнуваат функции. Повеќето од нас би одбрале аутото да нема старт/стоп, и да е поевтино... Но некој (фактор од погоре) злоупотребува работи како екологија за од Х причини да наметне таква гимик функционалност.

Како доаѓа времето, не се сомневам дека старт/стоп или нешто слично, дека ќе биде задолжителна функција.
Тоа е лошото. Не ми смета ако ти, и други како тебе, одберете - за себе - да користите старт/стоп. И автоматизирано паралелно паркирање. И крадење палење на копче... Мене не ми сметаш ти, мене ми смета што истото полека им се наметнува на сите. Станува стандард, наспроти волјата и потребите на мнозинството.
« Последно менување: 21 Март 2021, 19:30:07 pm Van »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #42 на: 21 Март 2021, 19:32:49 pm »
Да, ама па од друга страна е супер-практично, да не мораш да брцаш по џебови да бараш клуч. Особено практично зимно време, кога ми се рацете во ракавици, или па ако ми се рацете полни со кеси од супермаркет, итн.

Фино е кога ќе се навикнеш, остај ти тоа...
Воопшто не се сложувам. Воопшто. Сериозен проблем е тоа според мене. Многу сериозен.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #43 на: 21 Март 2021, 23:10:08 pm »
Се е супер, додека со кесите не останеш зачуден каде е колата.
Во таа ситуација веројатно ниту најголемиот консумерист не би менувал клуч за тастер. Проблемот е што секој си вели дека нема ваљда на мене да ми се деси... Додека (скраја да е) не се деси. Пошто статистиката вели дека на прилично луѓе им се случило/случува такво искуство. :)

Килес е најголема глупост со најлесно крадење на кола во историјата на колите.

Јас на пример можам да ги запалам сите трактори во Македонија и сите возила произведени се до 2002/2003та возила со штрафцигер. Онака лабаво. Имам палено голф како на Ван како детиште и газдата ме гледаше онака бледо како да му имам направено магија. И тоа од времето пред да биде измислен keyless достап.

Постарите брави се прелесни за обивање со обични алати и ти треба буквално две минути.  Поновите се исто многу лесни за отварање и обивање и ти треба само малце вежбање, алат и да немаш две леви раце. Никогаш на крај памет не ми текнало да крадам коли.



@Luki Junior се разбира дека е нормално да ги користиш алатките кои ги имаш на располагање, посебно кога тоа ти е од корист а веќе ги имаш спомнатите алатки.

[1] Но можеби не се изразив како што треба... Мене аргументот ми е следниов, кога би имал избор дали ти лично би доплатил - ете од ракав ќе извадам - некои ~5-10% од цената на колата, за да имаш старт/стоп систем? И што мислиш дека би одбрале повеќето од возачите?


[2] Целата поента во муабетов е: Се повеќе на купувачите им се наметнуваат некои опции - ма не се опции ако се наметнати, се наметнуваат функции. Повеќето од нас би одбрале аутото да нема старт/стоп, и да е поевтино... Но некој (фактор од погоре) злоупотребува работи како екологија за од Х причини да наметне таква гимик функционалност.

[3] Како доаѓа времето, не се сомневам дека старт/стоп или нешто слично, дека ќе биде задолжителна функција.
Тоа е лошото. Не ми смета ако ти, и други како тебе, одберете - за себе - да користите старт/стоп. И автоматизирано паралелно паркирање. И крадење палење на копче... Мене не ми сметаш ти, мене ми смета што истото полека им се наметнува на сите. Станува стандард, наспроти волјата и потребите на мнозинството.

[1] Јас напишав погоре што сакам да правам. Ќе си купам хибрид затоа што имам мерак да ми е тивко и глатко. Ако морам да бирам помеѓу кола со Старт-Стоп и без Старт-Стоп ќе си купам со Старт-Стоп. Јас сум го пробал, ми прави мерак, можам да си го купам, ќе си го купам.

Искрено, не ме интересира што би избрале другите, затоа што ме интересира што би избрал јас. Ако размислувам што би избрала одредена група за мене, голема е веројатноста да изберат да бидам веган, да се возам во автобус на прдешки, без клима и секоја втора вечер да ми бутаат дилдо позади заради некоја си еднаквост. Според некоја друга група би требало да возам в8 би-турбо со стрејт-пајп. Зависи од групата... Ама ако треба да генерализирам, генерално мнозинството се недоквакани идиоти што и не знаат баш што им треба и нивното мислење не треба да се зема здраво за готово (Муабетот со Хенри Форд и брзите коњи). Особено не возачи од македонското поднебје. Тоа се посебни пациенти кои треба да се изучуваат на некој институт за психијатрија.

[2] Тоа е реалноста. Има арбитрарни правила донесени од некои си луѓе на некакви си позиции базирани на некакви/нечии пресметки. Корпорациите кои произведуваат автомобили ја нашле дупката во правилата за таа деценија со вградување на инженерско решение “Старт-Стоп“ и направиле пари врз база на тоа решение. Одговорните за продажба го смислиле еколошкиот момент и го продаваат. Ако не ти се допаѓа тој аспект, не мораш да го купуваш нивниот продукт. На пример Лада, Тата, Марути, GreatWall во сопствената гама го немаат тој гимик (не го кажувам ова иронично).

Инаку да ја ставам целата работа во перспектива со мала пресметка:
Само во Германија има околу 40-50 милиони возила. Од нив околу 80% имаат старт-стоп систем (да речеме околу 35 милиони возила). Од тие да речеме половина седат во гужва 10 минути дневно (17 милиони возила). Релативно модерно возило троши средно околу литар гориво на час. За тие десет минути ќе потроши околу 0.16литри гориво. За секој литар гориво треба околу 14 литри воздух. Тоа му доаѓа по 2.3 килограми CO2 по возило. Помножено по 17 милиони возила е околу 40 000 тони СО2 помалку. За еден ден. 

Уште една поинаква дигресија: Ако сум реален, ова е капка во морето и нема ама баш никакво влијание врз светското загадување (освен врз локалното). На пример, САД користи околу 1/3на од светските фосилни горива. Во САД најголем потрошувач на фосилни горива се нивните вооружени сили со околу 1/4 до 1/3на од нивната целосна потрошувачка на фосилни горива. Со други зборови, вооружените сили на Америка се директен фактор на глобалното загадување со 1/9ина од целокупниот СО2 исфрлен на годишно ниво.


[3] Старт-Стоп е еден од најефективните начини за добивање хомологација во Европа/ЕУ. Дури и да не е задолжителен, самите производители ќе го вградуваат во сопствените возила за полесно да поминат пред регулаторните комисии. Во основа, регулаторните комисии се единствената кочница да има некаков ред со корпорациите. Јас само знам дека корпорациите на секој можен легален и нелегален начин во секој даден момент од било кој ден од годината активно и неуморно работат да најдат дупка во и онака “релативно“ слаби закони и регулативи кои постојат. Целата нивна стратегија за дупчење на регулатори и потрошувачи во здрав мозок е основа на сите бизнис стратегии и стимулација на понатамошен развој на возила и сите продукти кои ги имаш пред очи. Едноставно така работи капитализмот во денешната форма. Ако не ти се допаѓа тоа, ја имаш целата слобода на овој свет да направиш нешто поразлично и тие ја имаат целата слобода на овој свет да те уништат тебе, твојот личен избор и начинот на дејствување.


пс. Затоа не е убаво човек многу да размислува и да филозофира, туку да си вози тоа што му прави мерак и да не му дреме многу-многу дали било нешто ОК, еколошко, скапо или евтино. Ако толку многу имаш грижа на совест, земи лопата, 100-200 фиданки и сади ги секоја година на некоја ледина за да бидеш СО2 неутрален.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: Ауто старт стоп системи
« Одговори #44 на: 21 Март 2021, 23:23:38 pm »
Да, ама па од друга страна е супер-практично, да не мораш да брцаш по џебови да бараш клуч. Особено практично зимно време, кога ми се рацете во ракавици, или па ако ми се рацете полни со кеси од супермаркет, итн.

Фино е кога ќе се навикнеш, остај ти тоа...

Се слагам, ептен добра работа. Клучот само во џеб ти стои и немаш потреба ни да го вадиш ни да правиш ништо со него. Пред да го користам мислев дека е глупост али сега после 2-3 недели користење можам да кажам дека за мене е стварно ептен корисно парче опрема.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA