Автор Тема: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive  (Прочитано 39507 пати)

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3778
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #165 на: 25 Февруари 2022, 16:10:35 pm »
Поголем мотор обично значи потешка кола.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #166 на: 25 Февруари 2022, 16:14:50 pm »

Па фала богу дека треба/мора да има разлика.
Таман работа исто да се плаќа за 900 кубика и 3000 кубика.

Не е еко такса ова, туку е користење на јавни патишта.

Како кубиците одредуваат кој користи јавни патишта помалку, кој повеќе? Можеш да објасниш?
135/70r13 vs 205/55r16, потоа 900kg vs 1400kg, потоа 90nm vs 200nm, потоа 5000км vs 20000км, итн

Доволно е?

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #167 на: 25 Февруари 2022, 16:16:26 pm »
Поголем мотор обично значи потешка кола.

Можеби, ама ова се менува со бројот на патници внатре во колата и нивната килажа. И нема никаква логика.

Ова е членот од законот за јавни патишта врз основа на кого е донесена одлуката за плаќање надоместок.

Член 57
(1) Висината и начинот на плаќање на надоместок за употреба на јавните патишта за моторни и
приклучни возила (патна такса), од членот 55 точка 2 на овој закон, ја пропишува Владата на
Република Македонија, во зависност од категоријата на возилото, носивоста и/или зафатнината и
јачината на моторот.
(2) Имателите на моторни возила што подлежат на регистрација надоместокот за употреба на
јавните патишта го плаќаат при регистрација на возилата.

Никаде нема објаснето и во двата документи зошто кубикажата е параметар.



Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #168 на: 25 Февруари 2022, 16:25:27 pm »
135/70r13 vs 205/55r16, потоа 900kg vs 1400kg, потоа 90nm vs 200nm, потоа 5000км vs 20000км, итн

Доволно е?

Не, не е.

Твоето Hyundai е тешко 1282kg, мојот Леон е тежок 1380kg.
Ова лесно се надополнува со плус еден човек кај тебе/двајца ако се послаби.

И како тоа оправдува јас да плаќам 1000ка повеќе од тебе?

И каква врска имаат Nm, демек асфалтот ние го копаме со јаки стартови?
Да не зборам што си напишал километража како аргумент, од каде знаеш ти или оние што го донеле ова кој вози помалку, кој повеќе?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #169 на: 25 Февруари 2022, 16:31:11 pm »
135/70r13 vs 205/55r16, потоа 900kg vs 1400kg, потоа 90nm vs 200nm, потоа 5000км vs 20000км, итн

Доволно е?

Не, не е.

Твоето Hyundai е тешко 1282kg, мојот Леон е тежок 1380kg.
Ова лесно се надополнува со плус еден човек кај тебе/двајца ако се послаби.

И како тоа оправдува јас да плаќам 1000ка повеќе од тебе?

И каква врска имаат Nm, демек асфалтот ние го копаме со јаки стартови?
Да не зборам што си напишал километража како аргумент, од каде знаеш ти или оние што го донеле ова кој вози помалку, кој повеќе?
Мојата кола вози и без шофер, автоматски ти за твојата треба да плаќаш повеќе ;D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #170 на: 25 Февруари 2022, 17:10:43 pm »
135/70r13 vs 205/55r16, потоа 900kg vs 1400kg, потоа 90nm vs 200nm, потоа 5000км vs 20000км, итн

Доволно е?

Не, не е.

Твоето Hyundai е тешко 1282kg, мојот Леон е тежок 1380kg.
Ова лесно се надополнува со плус еден човек кај тебе/двајца ако се послаби.

И како тоа оправдува јас да плаќам 1000ка повеќе од тебе?

И каква врска имаат Nm, демек асфалтот ние го копаме со јаки стартови?
Да не зборам што си напишал километража како аргумент, од каде знаеш ти или оние што го донеле ова кој вози помалку, кој повеќе?


Те разбирам на што целиш, и во ред е тоа.

Ама, да кажеш дека мојата кола тежи помалце, а твојата повеќе, и дека тоа се "санира" со еден патник повеќе, не држи вода.

Башка, и сам виде дека методологијата е по цм3 на моторот.

Пристапот ти е скроз погрешен. Еве, ти како би го решил ова? Јас одбивам да плаќам исто со тебе - возиш помоќна, потешка и поголема кола. Зошто па јас да плаќам исто колку и ти?

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #171 на: 25 Февруари 2022, 17:28:39 pm »
Ама баш не ми е погрешен пристапот, туку реален. Тоа што патната такса е направена како инструмент за легален рекет е друг муабет, ДА НЕ ЗБОРАМ што и патарините се инструмент за наплаќање на јавен пат. И зошто плаќаме двојно ако веќе се инаетиме? Каква е логиката да плаќаме годишно за користење на јавен пат и плус да плаќаме за секое ебано куцање на наплатна рампа? Скроз исто како двојно одоначување.

Никаде во таксата и законот не се спомнува тежина и големина на возило, така да може да престанеме да ги користиме и споредуваме тие поими, само кубикажа.

Таксата гласи - Користење на јавни патишта. Како воопшто се докажува дека некој со поголема кубикажа повеќе штети на јавен пат од некој со помала кубикажа?
Ова со тежината се спомна како можно објаснување, ама со среќа нека ви е да ми докажете како тоа Аудито на @Sase_91 или BMW-то на @Molec е поштетно за еден јавен пат од мојов Леон или од твоево Сузуки.

Исто е и при вадењето на зелен картон - исто и таму нема никаква логика. Да не зборам што и самиот документ зелен картон нема логика, а не пак критериумите за него.

Решение - 2500 денари за сите (или нека се направи просечна цена од сите категории) и тоа би било тоа.
Исто и вињетките требаше да се воведат, а не да бутаме администрација и вработени во ЈП за патишта, да се лапаат пари за тендери за изградба на патарините и да плаќаме како попчиња на секоја рампа.

320 ќе биде од мај, Штип - Скопје и обратно. Сега е 80.
« Последно менување: 25 Февруари 2022, 17:35:33 pm balanar »

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #172 на: 25 Февруари 2022, 17:39:38 pm »
Дури има овци за стржење ќе стрижат, ние ќе си лаеме овде на форум и така.. Еве Србија цена за зелен, нрма ни киловати ни ништо. Симболично да не речам 1000 денари, за мојата овде ме кошта скоро 100е плус ќе ми важи до регистрација до Август, после пак на ново 100 евра Оти друга кола е после регистрација..



Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4221
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #173 на: 25 Февруари 2022, 17:44:26 pm »
Многу често, да не речам скоро секогаш, иако има исклучоци, возило со помала кубикажа е полесно од друго возило од друг тип и модел со поголема кубикажа. Полесното возило помалку го амортизира патот од потешкото, тоа е логиката на давачката наречена такса. Како што спомна Мече, во други земји другачие ти ги зимаат парите. Конкретно во Германија се плаќа по cm3 и CO2, но коефициентот по кој се пресметува е различен во зависнот од горивото кое го користи возилото. Јас плаќам 112 еур годишно за 1.0 TSI, но тука нема патарини, па ако се споредува мислам дека во Македонија искачаат поголеми давачките што се плаќаат ако возиш возило низ државата.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #174 на: 25 Февруари 2022, 17:48:34 pm »
Баланар, ај не се прави на тошо, ти наведов неколку аргументи зошто е така, а сите поврзани со зафатнината на моторот, па ти бирај.

Плус самиот си постирал без да прочиташ најверојатно.
...во зависност од категоријата на возилото, носивоста и/или зафатнината и јачината на моторот.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #175 на: 25 Февруари 2022, 17:59:43 pm »
Ама баш не ми е погрешен пристапот, туку реален. Тоа што патната такса е направена како инструмент за легален рекет е друг муабет, ДА НЕ ЗБОРАМ што и патарините се инструмент за наплаќање на јавен пат. И зошто плаќаме двојно ако веќе се инаетиме? Каква е логиката да плаќаме годишно за користење на јавен пат и плус да плаќаме за секое ебано куцање на наплатна рампа? Скроз исто како двојно одоначување.

Никаде во таксата и законот не се спомнува тежина и големина на возило, така да може да престанеме да ги користиме и споредуваме тие поими, само кубикажа.

Таксата гласи - Користење на јавни патишта. Како воопшто се докажува дека некој со поголема кубикажа повеќе штети на јавен пат од некој со помала кубикажа?
Ова со тежината се спомна како можно објаснување, ама со среќа нека ви е да ми докажете како тоа Аудито на @Sase_91 или BMW-то на @Molec е поштетно за еден јавен пат од мојов Леон или од твоево Сузуки.

Исто е и при вадењето на зелен картон - исто и таму нема никаква логика. Да не зборам што и самиот документ зелен картон нема логика, а не пак критериумите за него.

Решение - 2500 денари за сите (или нека се направи просечна цена од сите категории) и тоа би било тоа.
Исто и вињетките требаше да се воведат, а не да бутаме администрација и вработени во ЈП за патишта, да се лапаат пари за тендери за изградба на патарините и да плаќаме како попчиња на секоја рампа.

320 ќе биде од мај, Штип - Скопје и обратно. Сега е 80.

Може така, сите по 2500, ама да возиме сите или Матиз, или А8. Измеѓу ништо да нема.

Ете, по кубикажа е направена методологијата. Изгледа и така не ти одговара. Претпоставувам дека методологијата е таа, пошто некому некогаш му изгледало дека е најлесно да се пресметува и да се наплаќа.

Давачките си се давачки. Дали се високи или ниски, тоа е друг муабет. Има и друга страна паричката - не вози, не купувај кола, нема да плаќаш ни патарина ни надомест за патишта.

Дали Аудито или БМВ-то е поштетни од Леонот или Сузукито, не знам, ама сум сигурен дека не се исто штетни. Зошто би плаќал колку нив, уште еднаш прашувам, кога по ниеден мерлив параметар Сузукито не се споредува со тие коли. По НИ-ЕДЕН.

Зелениот картон е посебна приказна.

Богданци-Скопје ми е 720. Тоа е - или возиш и плаќаш, или одиш пешки и заштедуваш. Просто е.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #176 на: 25 Февруари 2022, 18:00:41 pm »
Баланар, ај не се прави на тошо, ти наведов неколку аргументи зошто е така, а сите поврзани со зафатнината на моторот, па ти бирај.

Плус самиот си постирал без да прочиташ најверојатно.
...во зависност од категоријата на возилото, носивоста и/или зафатнината и јачината на моторот.

Како јас се правам на Тошо, ти дадов факти за твоето возило и моето и зошто јас да плаќам повеќе 1000 денари - ти ми викаш немало шофер твоето бидејќи не знаеше што да ми одговориш :)

И како Nm и километрите поминати (како да знаеш кој колку вози) се "валидни факти" за користење на јавен пат?
Си напишал 5000 vs 20000km. Демек послабите коли по кубикажа минуваат помалку?
Си напишал 90nm vs 200nm. Демек оние со 200Nm корнат асфалт LOL

Сами си поставувате некои докази што никаде ги нема за давачката за која дискутираме, ниту пак некогаш некој ќе ги докаже.
« Последно менување: 25 Февруари 2022, 18:16:08 pm balanar »

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #177 на: 25 Февруари 2022, 18:04:43 pm »
Ете, по кубикажа е направена методологијата. Изгледа и така не ти одговара. Претпоставувам дека методологијата е таа, пошто некому некогаш му изгледало дека е најлесно да се пресметува и да се наплаќа.

Пак ќе прашам - како и зошто кубикажата е мерило за тоа кој автомобил колку ги користи патиштата?

Има некоја студија, нешто да прочитаме? Или ај ќе нагаѓаме сега на тепка зошто е тоа така.

На вас како да ви одговара да плаќате глупости и не ви смета, стварно не ве разбирам...

Дали Аудито или БМВ-то е поштетни од Леонот или Сузукито, не знам, ама сум сигурен дека не се исто штетни

Како прво викаш дека не знаеш дали се поштетни, за после запирката да бидеш сигурен дека не се исто штетни? Каква тврдење ти е ова уствари :)
Ова е исто како да напишам Абе не знам дали има вонземјани, ама сигурен сум дека не сме сами во вселената.
Сам се побиваш во иста реченица.
« Последно менување: 25 Февруари 2022, 18:09:44 pm balanar »

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #178 на: 25 Февруари 2022, 18:20:22 pm »
Пишав, ама селективно читаш.

Прашав, по кој МЕРЛИВ ПАРАМЕТАР можам Сузуки Сплеш, 1.2, 85 КС, 900 кила, 3 метри должина, 185-ки гуми, можам да го споредам со Аудито и БМВ-то, па и со твојот Леон?

По твое, бројот на седишта. Е па, не оди така.

Плус, каде пишав дека не ми смета? Нормално дека сакам да плаќам што помалку, ако бива и ич.

Ама, ако никој ништо не плаќа, и макадам нема да имаме.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #179 на: 25 Февруари 2022, 18:32:26 pm »
Треба разликата од твоето Сузуки и Аудито на Саше да ја бараш во другите давачки - полисата за АО, евентуално каско, ставката за екологија што ја плаќаме на технички, а не во Такса за користење на јавни патишта.

Затоа што можеби ти со Сузукито или некој таксист со утепана Ибица ќе пројдете тродупло повеќе од неговото Ауди.
Затоа што оние количињата на дистрибутерите со пластичните задни прозорци сигурно не се 2.0 TDI, туку се 1.4, а се убиваат возејќи и плаќаат помалку од Саше.

Се надевам дека гледаш колку е апсурдно што разликата во класи на возила ја изедначуваш со такса за користење јавни патишта. Која се определува по смешен параметар кој е ставен колку да стои нешто, а да се лапаат пари.
« Последно менување: 25 Февруари 2022, 18:38:08 pm balanar »