Автор Тема: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive  (Прочитано 39514 пати)

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #135 на: 20 Ноември 2021, 20:15:22 pm »
Тој сум 😁

Со здравје да си ги користиш @Diesel

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #136 на: 27 Ноември 2021, 18:59:46 pm »
27.11.2021 година, 126.167 километри.

Заменети амортизерите на петтата врата, рандом некои од каросерија.мк, 1.050,00 денари двата.



Презадоволен. Да видиме само колку ќе траат.

Исто од каросерија.мк, иста патосница за гепек како кај Астрата... 938,00.



Воопшто не легна како што треба, за разлика од таа во Астрата. Ќе видам дали ќе легне со време, или ќе треба да ја модифицирам.

Уште уље во мењачот и глицеринот ми се останати мисла за замена, ќе гледам месецов и тоа да завршам... И тоа е тоа - се што сум намислил, ќе биде реализирано и само да се вози.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #137 на: 21 Декември 2021, 16:13:30 pm »
21.12.2021 година, 126.644 километри.

Заменето:
- Масло во менувач Mannol MTF-4 Getriebeoel SAE 75W-80, 3 литри - 1.350,00 денари, и
- Глицерин Valeo DOT4, литар - 400,00 денари.



Во мењачот оди 2.2 литри, глицерин 500 мл, и 500 мл за прочистување на системот. Работна рака - 800 денари.

Вкупно трошок - 2.500,00 денари.

Црнила испаднаа и двете течности, очекувано (прашање дали некогаш се заменети).

Разлика во перформансот - не осетив ништо. Ќе видам деновиве, ќе ја повозам повеќе.

Се што требаше да се замени, се замени. Сега останува само сипај-вози, и нешто неочекувано ако ме сполета.

Количево е за мерак.

Едит: сме поминале и 10.000 километри од купување...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #138 на: 21 Декември 2021, 17:02:53 pm »
Покрај Алтото, го меркав и Сплашот кој беше со слична филозофија како i10, ама бајаги поскап беше, чинам нешто испод или над 10 бона. Поради тоа и не направив тест возење, само се сместив во него, мада Сплашот е поголемко количе од i10.
Многу згодни и лесни за возење.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #139 на: 22 Декември 2021, 11:38:02 am »
Пошто глуп, сеа ми текна дека нарачував пемпеле за проверка на влажност во глицеринот, проверив после промена...



Ама ако, сеа имам референтна вредност. Ќе го буцкам чат-пат да пратам што уствари се случува со течноста за сопирачките со тек на време.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #140 на: 22 Декември 2021, 14:28:22 pm »
Ова вели „смени батерија и провери пак“ ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #141 на: 22 Декември 2021, 14:32:34 pm »
Треба да се очекува некоја промена во перформансот на кочниците по промена на глицерин?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #142 на: 22 Декември 2021, 14:44:24 pm »
Па, ако е се во ред со системот, не.

Ова е повеќе како превентива.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #143 на: 04 Јануари 2022, 16:03:02 pm »
Пошто користам годишен одмор, имам малку вишок време, па решив да прочачкам малку на коливе, пошто реално, малку ги запоставив. Последно перење им беше на почеток на октомври, лани. :D

Имено, дур чекаме 15-ти март, сакав да ги подсуредам алуминиумските бандажи малку. Кога го менував сезонски гумите, стварно не обратив пажња, али од внатрешна страна бандажите биле УЖАС.



Морав по секоја цена да ги доведам бар во презентабилно стање. Перење под притисок и iron remover помогнаа, но не се заврши работата така. Морав физички...



Макотрпно, и сака трпение и време, али се завршува.





Два средив, уште два останаа. Си цепам по еден дневно, пошто е ептен пипава работа.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9194
  • Аstra la vista baby !
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #144 на: 04 Јануари 2022, 16:06:54 pm »
Свака част на нервите што ги имаш 😁
Мерачки!

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #145 на: 04 Јануари 2022, 21:54:03 pm »
А мислев дека ме тролаше кога напиша во темата за мојов Леон дека ретко си ги переш коливе зиме  ;D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #146 на: 04 Јануари 2022, 22:21:12 pm »
Имав еден колега од факултет, отиде за Америка, размена на студенти, ово-оно, не знам како беше... Му ѕвониме после некое време, да го видиме дали е жив и здрав, шо праи...

Прво прашање, му викаме - "ебеш ли нешто?" Вика "прошлиот месец една, овој слабо..." Колегата до мене му вика "значи ич?"... :D

Е и кај мене е така зимно време. Лани по два пати дали ги исправ октомври-март, годинава ја еднаш, ја ни еднаш ќе биде...

Ама затоа, внатре... Апотека, и двете.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2351
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #147 на: 05 Јануари 2022, 08:20:56 am »
Ова со внатрешната страна на алуминиумските бандажи (ваљда и на челични ама не се гледа толку) и мене ме нервира, ама кога ги менувам гумите одам во Куманово (таму ги складирам) и имам само пола ден и тоа е недоволно за да се исчистат темелно. Пробано со топла вода и одмастувач (заборавив кој беше) ама не ми се допаѓа крајниот резултат. Мислам дека со повеќе време и трпение би ги направил пиц пец, барем да го оставам средството да постои малку на бандажот.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #148 на: 05 Јануари 2022, 12:48:12 pm »
Пола ден? Нема шанса ништо да се заврши, бар во мојот случај.

Еден бандаж, само од внатре (од надвор не сум ги чепнал), еден ден.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #149 на: 11 Февруари 2022, 18:04:01 pm »