Автор Тема: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive  (Прочитано 39362 пати)

Отсутен packetloss99

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 71
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #45 на: 10 Март 2021, 22:37:25 pm »
И стикерчето убо му стои...

И ја сакам! хаха

Какви средства користиш за ентериерно одржување, за чистење на пластика и гумирани делови?
Дали го чистиш моторот и ако да, дали тоа би било со некоја полу сува крпа, или со посебно средство?

Фала однапред

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #46 на: 11 Март 2021, 09:44:47 am »
@packetloss99

За внатре:

Ma-Fra Pulimax, имам 4 литри (1.300,00 мислам дека беше цената, ама има и од пола литро, ready to use, 300,00), се раствара со вода од 1:10 до 1:20, зависи од тоа колку е валкана површината што се чисти.

Ова е од мене чистено, со Pulimax, 1:20...





Meguiar's All Purpose Cleaner, зелениот (1.300,00, за 4 литри) 1:4 и 1:10. За црни пластики во ентериерот, го избегавам, пошто знае ако капне негде бели флеки да остави, мада и тоа не е страшно, со Pulimax одма испаѓаат. За светли нијанси на пластика е мајка. Ова го користам и за споеви на панели надворешно, за околу вратите, за бандажи, гуми и за моторот.

Моторот, на Астрата го перам еднаш, два пати годишно, со вода, а во меѓувреме пребришувам со АПЦ и многу крпи. На Сузукиво, не сум го перел, само го пребришав, онака, 5 минути. Деновиве, да подзатопли, ќе добие комплетен третман, ама без вода.

Дресинг, за внатре и за моторот, користам CarPro Perl, 1:5 (900,00 денари за пола литро, ама се користи за ентериер, за гуми - 1:1 или 1:2, и за надворешни пластики и за моторен простор 1:3) и Ma-Fra Diamant Plast Four, 1:1 (4 литри за 1.700,00 денари, литро за 450,00 имаш).

Околу АПЦ-то, ако те интересира подетално, обрни внимание при користењето, односно употребувај дитејлинг четки, и набави пумпици што прават пена.

Пумпици, имаш во Стокомак, жолто средство за стакло е, 59,00 денари е, има таква пумпица.

Средството за стакло можеш слободно да го истуриш во одвод.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #47 на: 11 Март 2021, 10:03:14 am »
Meguiar's All Purpose Cleaner, зелениот (1.300,00, за 4 литри) 1:4 и 1:10. За црни пластики во ентериерот, го избегавам, пошто знае ако капне негде бели флеки да остави ????????????????

Јас со 1:9-10 чистам и црни пластики и волан (кожа) и текстил седишта и никогаш сум немал проблем. Уште стакло немам бришено со него, макар што ке пробам некој ден и тоа, да ми стои во CV :D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #48 на: 11 Март 2021, 10:09:47 am »
Капни една капка на црна пластика, 1:10, и остави ја 5-10 минути, ќе видиш за што правам муабет. Мене така знае да ми прокапе од пумпицата.

За стакло, немој да се трудиш, тешко се брише вишокот и остава траги.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #49 на: 11 Март 2021, 10:11:40 am »
Ај ке прснам на некое место и ке чекам :) Да не го мешаш со обична вода место дестилирана па од тоа бело да имаш?
А за стакло мора, гледам и ти си бришел со тоа, па и јас да не сум покусо :D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #50 на: 11 Март 2021, 10:22:46 am »
Кај ми е крајот ако мешам со дестилирана вода?

Поскапо ќе ми испадне дестилираната да ја купувам, од хемијата.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #51 на: 11 Март 2021, 10:31:02 am »
Епа тука ти е проблемот. Кај се ставало обична вода во хемиите (освен во вап)? За 50-60 денари 5 литри, ама ти си знаеш.
Аматерски потег морам да признаам. Никој не е совршен јбг :D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #52 на: 11 Март 2021, 12:22:49 pm »
Јас колку трошам, нема резон да ставам дејонизирана.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #53 на: 11 Март 2021, 13:06:11 pm »
@Diesel баш ме интересира колку трошиш. Јас во неколку години макс 5-6 литри (ајде и 10 нека се) вода ако имам потрошено. За 3 возила.
Баш ме интересира што правиш. П.С. На големо ако земаш дестилирана е уште поефтина

Отсутен packetloss99

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 71
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #54 на: 11 Март 2021, 14:44:57 pm »
@packetloss99

За внатре:

Ma-Fra Pulimax, имам 4 литри (1.300,00 мислам дека беше цената, ама има и од пола литро, ready to use, 300,00), се раствара со вода од 1:10 до 1:20, зависи од тоа колку е валкана површината што се чисти.

Ова е од мене чистено, со Pulimax, 1:20...





Meguiar's All Purpose Cleaner, зелениот (1.300,00, за 4 литри) 1:4 и 1:10. За црни пластики во ентериерот, го избегавам, пошто знае ако капне негде бели флеки да остави, мада и тоа не е страшно, со Pulimax одма испаѓаат. За светли нијанси на пластика е мајка. Ова го користам и за споеви на панели надворешно, за околу вратите, за бандажи, гуми и за моторот.

Моторот, на Астрата го перам еднаш, два пати годишно, со вода, а во меѓувреме пребришувам со АПЦ и многу крпи. На Сузукиво, не сум го перел, само го пребришав, онака, 5 минути. Деновиве, да подзатопли, ќе добие комплетен третман, ама без вода.

Дресинг, за внатре и за моторот, користам CarPro Perl, 1:5 (900,00 денари за пола литро, ама се користи за ентериер, за гуми - 1:1 или 1:2, и за надворешни пластики и за моторен простор 1:3) и Ma-Fra Diamant Plast Four, 1:1 (4 литри за 1.700,00 денари, литро за 450,00 имаш).

Околу АПЦ-то, ако те интересира подетално, обрни внимание при користењето, односно употребувај дитејлинг четки, и набави пумпици што прават пена.

Пумпици, имаш во Стокомак, жолто средство за стакло е, 59,00 денари е, има таква пумпица.

Средството за стакло можеш слободно да го истуриш во одвод.

Фала ти за деталниот опис! Излеа ке падне шопинг викендов  ;D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #55 на: 11 Март 2021, 15:17:39 pm »
11.03.2021 година, 117.521 километри.

Акумулаторот испушти душа. Го урочив изгледа во првиот пост, мислејќи дека е фабричкиот.

Некој непознат бренд за мене.







Набавен Duracell DS45 45 aH, со ССА 420. По упатството, препорачано беше 44-ка, со минимум 210 ССА. 3.300,00 беше цената, ама пошто го оставив стариот...



...3.000,00 кошташе, со 30 месеци гаранција.



Прво исчистено, после демонтажа и пред монтажа.





Исчистени добро клемите и монтиран новиот.



Зошто треба наопаку да се монтира, beats me.

Поплака за односот на човекот што разговарав со него, на мобилниот ставен во потписот на @nidzzo . Пошто не знаев точно што да барам, колава ми е непозната, се јавив на тој телефон, за да ме упатат, пошто од форумов, добив впечаток на коректен дечко. Не знам дали со него разговарав.

Некако мрзоволно, едвај ми одговараше, како од спиење да беше станат, а не се јавив рано - 12.00.

Прашав за Duracell, немаме таков, ми нуди Monbat. Викам ОК, имате ли некој што соработувате низ Гевгелија? Има.

Колку ССА има овој на Monbat што ми го нудиш? Слушам на телефонот "пфууууууууу", се издиша тешко, и слушам "од мори мајко"... WTF? Извини што се јавив.

Одам до фирмата што ми ја кажа дека соработуваат, дека има Monbat, продавачот ми вика "нееее, не сме имале Monbat".

Овој го купив од локална продавница, немаа на лагер, го нарачаа. А од каде...? Не знам.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #56 на: 11 Март 2021, 16:01:35 pm »
Зошто наопаку, таман си е, и кај мене на фиатот + клемата е од кај моторот на таа страна.
Нека се погоди сеа, да те служи многу години.  :D

А што е тоа садот пред акумулаторот, со зелено капаче?
Експанзионен сад за антифриз?

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #57 на: 11 Март 2021, 16:03:05 pm »
Поима немам, на мене ми е наопаку.

Да, за антифриз е.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #58 на: 11 Март 2021, 16:37:16 pm »
Да погодам шо е проблемот, т.е не е проблем него е терсене?



Вака кога го гледаш со отворена хауба наопаку се читаат буквите, брендот на акумулаторот.

И јас ја имам таа мака, опсесивно компулсивно нарушување.  ;D


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: 2008 Suzuki Splash 1.2 Exclusive
« Одговори #59 на: 11 Март 2021, 16:46:46 pm »
Управо тако.

:D