Имаше една работа која ме нервираше од сам почеток. Браникот. Има едни пластични држачи, кои пукаат само што ќе помислиш да го извадиш предниот браник. Денес ги сменив, не е тешка интервенција, треба само клешта за поп-нитни и нови пластични држачи. Исто така, малце и го поднаместив, да лежи подобро во однос на браникот, мада не може идеално да се намести, сепак има 16 години и ~250.000км
Јас сепак сум задоволен од резултатот.
Некоја сликичка од пред/после:
Пред:
Држачите:
стар:
нов:
Склопено:
Браникот можеби можеше уште малце да се порамни со хаубата, ама тоа подразбира вадење на браникот, што повлекува кршење на држачиве што само што ги наместив
Здравје, следнен пат кога ќе се вади браник и ќе се менуваат пластичниве држачи, мооожеби уште малце подобро ќе се порамини.