Брее од Февруари не сме ја рчнале темава
Mito-то стигна до 24x.xxx километри. Минатиот викенд убаво се извозевме низ Јужна Македонија, ама по пат ме изненадија задните плочки, претходните TRW се потрошија по само 40-тина иљадарки
Дисковите сеуште добри.
@Prcot ускокна со АТЕ кои планирав да ги сменам викендов (и успеав уствари). Проблем беше кога тргнав да ги менувам, задните шепи беа комплетно заглавени, нема шанси да ги вратам клипчињата назад. Ги демонтирав комплет шепите, да испитам ситуација, и што ќе видам - катастрофа состојба
„Ало
@Prcot има ли шанса денес да се најде сет за репарација за шепиве мои задни“ „Че да прашам - Има, ќе ти ги донесам за 40-тина минути“. Људина од чоек. За пола саат, додека јас ја чистев и средував едната шепа, стигна со сетовите за репарација на двете шепи. Ново клипче, нов семеринг, нова манжетна, исчистено сето ѓубре од внатре и надвор на двете шепи, подмачкани пинови, успут и промена на течност за кочници такозвани „глицерин“, набавено од истиот извор на делови - не знам дали го спомнав доволно пати
@Prcot MOTUL RBF 660 FACTORY LINE беше изборот за течност. Синтетика која има прилично виоки точки на вриење, таман да не му се секирам многу кога ќе го напнам ѕверчево
Претходно се приметуваше загревање на задните тркала поготво по долги релации на отворено, дури и мала промена на бојата на дисковите. Сега извозев на обиколница убава релација, и за чудо, полесно се движи колава. Се мачела сиротата со запечени задни шепи
Мислам дека ќе се намали потрошњава за 1Л, пошто се осеќа многу послободен фри ролинг.
Сакав да документирам поубаво, ама ем немав време, ем батеријата на телефонот ми се потроши, па некое илустративно сличе чисто да се разубаи постов
Што све требаше да се смени денес:
Ама заглавив на овие :
Чудо од ѓубре насобрано во шепата и цилиндерчето.
Како изгледаа цилиндерчињата:
На крај монтирани плочките. По пропис. Ко у профи сервис.
Утре продолжувам со други италијански доживувања. Задни амортизери, и мал сервис.