Автор Тема: Совет за половно / ново возило 20к-30к  (Прочитано 64290 пати)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15282
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #420 на: 01 Декември 2025, 12:45:09 pm »
Ако плаќаш камата над 5% тогаш среди го кредитот на станот или рефинансирај го да плаќаш помала камата.

Кола се купува кога сакаш, стан потешко оди.

Ако ти е под 5% камата за станот, тогаш ако ти стига чергата пецај нова кола.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2446
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #421 на: 01 Декември 2025, 12:48:15 pm »
Мислам дека Тусон ти е најдобра опција во моментов, доколку не сакаш да прекорачиш 30к.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1143
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #422 на: 01 Декември 2025, 13:02:51 pm »
Ако плаќаш камата над 5% тогаш среди го кредитот на станот или рефинансирај го да плаќаш помала камата.

Кола се купува кога сакаш, стан потешко оди.

Ако ти е под 5% камата за станот, тогаш ако ти стига чергата пецај нова кола.

Фиксна 3.55% мераци. Единствен проблем со банкиве што прават финта пресметуваат камата за цел период и почетните рати се во голем % камата. Не се ни исплати после одреден период да се врати цел, каматата отишла.

Еве една пресметка за потрошувачки 900к

прва рата 11.860 = 7388 главнина + 3822 камата
последна рата 11.860 = 11.747 главнина + 97 камата

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15282
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #423 на: 01 Декември 2025, 13:08:33 pm »
Се штитат банките бидејќи ако сакаш предвреме да го исплатиш станот.

3.55% фиксна ти е одличен дил. Така што, опушти се барај си количе некое.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4216
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #424 на: 01 Декември 2025, 13:24:28 pm »
Ако плаќаш камата над 5% тогаш среди го кредитот на станот или рефинансирај го да плаќаш помала камата.

Кола се купува кога сакаш, стан потешко оди.

Ако ти е под 5% камата за станот, тогаш ако ти стига чергата пецај нова кола.

Фиксна 3.55% мераци. Единствен проблем со банкиве што прават финта пресметуваат камата за цел период и почетните рати се во голем % камата. Не се ни исплати после одреден период да се врати цел, каматата отишла.

Еве една пресметка за потрошувачки 900к

прва рата 11.860 = 7388 главнина + 3822 камата
последна рата 11.860 = 11.747 главнина + 97 камата

Па не е дека се штитат. Грубо пресметај, со 5% камата годишна на 900к, ти е 45к во камата годишно. Поделено на 12 месеци имаш 3750 камата по месец. Нивната пресметка може да е правена на месчно ниво и поточно.

После тоа наредна година има помалце за камата пошто се намалила основица.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6668
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #425 на: 01 Декември 2025, 14:03:27 pm »
Не го заборавајте рокот на исплата. Најчесто отплатата се за станбен и други кредити се врши преку ануитетен метод и тука огромна улога игра рокот на исплата. Затоа ако се може еднаш во годината исплаќајте некоја поголема фиксна сума на пари да се намали главницата и барајте да ви се намали период на исплата а не износот на месечната рата.

Отсутен Dule_

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #426 на: 01 Декември 2025, 14:05:02 pm »
Не го заборавајте рокот на исплата. Најчесто отплатата се за станбен и други кредити се врши преку ануитетен метод и тука огромна улога игра рокот на исплата. Затоа ако се може еднаш во годината исплаќајте некоја поголема фиксна сума на пари да се намали главницата и барајте да ви се намали период на исплата а не износот на месечната рата.


Кај мене во договорот пишува дека неможе да се намали периодот на отплата туку само износот на месечната рата.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2227
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #427 на: 01 Декември 2025, 14:29:43 pm »
Ако плаќаш камата над 5% тогаш среди го кредитот на станот или рефинансирај го да плаќаш помала камата.

Кола се купува кога сакаш, стан потешко оди.

Ако ти е под 5% камата за станот, тогаш ако ти стига чергата пецај нова кола.

Мене во НЛБ пред 3 месеци ми дадоа 3.5% фиксна на 10 години кога рефинансирав, а НЛБ обично најлошите каматни стапки ги имаат, така да јас би рефинансирал ако ми е над 4% каматата, не 5.

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 420
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #428 на: 01 Декември 2025, 14:38:12 pm »

Отсутен st08

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 270
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #429 на: 01 Декември 2025, 15:18:53 pm »
Стара тема, иста мака. 2 коли земав од како ја отворив, ајде идеме на 3 среќа.
BMW остана малце подолго у мои раце него што планиравав, ама ми легна убаво и си врши работа.

Периодов активно гледав нови, демек сите имаат `чистење на залихи` понуди па да споделам ако е некој у иста ситуација.

Форд Куга имаат многу добра понуда за 28к и колата има многу опрема. Мотор 1.5 ауто работи баш добро и тивко во нормано возење и сум многу изненаден како се вози колата. Делува големо и има многу простор внатре. Мана е што внатре се е ефтина пластика, нема еден дел да кажеш дека е нешто квалитетно. Ја возев во ST Line и имаше кожни елементи, али во Titanium баш делува ефтино.

Hyudan Tuscon FL имаат некој екстра попуст, ама мислам се врти цела година тој попустот за моторот со 160 коња. Имаат нов ценовник и пак го вратиле 180. Тест имаше хибрид и колата добро вози и делува премиум, убаво скоцкана и многу опрема. Хибридот незнам како работи, може и беше празен ама немаше некој WOW ефект а заедно би требало да има 215 коња, ама не се нешто покажаа.

Geely CitiRay - Колава е лудница, внатре се делува премиум и кожа на сите страни. Моментално има понуда за 31к со се комплет од опрема + сончев кров. Многу добра кола, позитивно изненаден како вози мотор + мењач. Се направиле преку таблет да работи и тука си треба навикнување. Едина замерка е многу е бична на 120 - 130, многу лоша изолација.

Од овие 3 за возење би земал Куга и серозно и се мислам. Добра цена за колата (28к +700е доплата за Winter пакетот) и 5 години гаранција.
Geely е многу добро опремена, многу добро вози и делува многу премиум, ама даваат само 4г гаранција и 100к км и слаби се со делови. Правев муабет со дечкото што продава и во тек се со проширување, имаат складишта во Црна Гора и Словенија, ама некако бар мене не ми делува сигурно.
Тусонот е некоја средина, со тоа што да се добие истата опрема како кај Geely треба да се доплати 10к разлика. Во споредба со Куга е малце поскап, по мене полошо вози ама внатре е по премиум. Би го земал само неколку години половен со добра опрема, држат добра цена + 7 години гаранција.


Колега зема Tucson пред 1 недела. Зема 1.6турбо 160хп. Го тестирал претходно хибридот и рече дека се поразлични за возење од гледна точка на менувач и погон. Хибридот доста подобро влечел, меѓутоа бил со 6 брзински ауто менувач а овој што го зема е со 7 брзини. Ги гледаше и Тигуан, Купра Терамар, BMW X1 и уште неколку. Според него BMW има најдобри возни карактеристики меѓутоа и најскапо е  :) Кугата ја немам видено меѓутоа Tucsonot во нивото на опрема на колегава изгледа прилично солидно. Прилично се е меко во кабината каде што треба да е ..

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15282
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #430 на: 01 Декември 2025, 15:21:03 pm »
Ако плаќаш камата над 5% тогаш среди го кредитот на станот или рефинансирај го да плаќаш помала камата.

Кола се купува кога сакаш, стан потешко оди.

Ако ти е под 5% камата за станот, тогаш ако ти стига чергата пецај нова кола.

Мене во НЛБ пред 3 месеци ми дадоа 3.5% фиксна на 10 години кога рефинансирав, а НЛБ обично најлошите каматни стапки ги имаат, така да јас би рефинансирал ако ми е над 4% каматата, не 5.

4.5% e прифатливата граница.

Јас плаќам така моментално, доаѓајќи од кредит до јануари што го плаќав 8.5% камата.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1143
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #431 на: 01 Декември 2025, 15:36:59 pm »
https://www.goldencar.com.mk/cars/28

Ке се продадеше до сега, ама има штета на преден браник, слабо се гледа на сликите. Му се јавив да го видам, ама го пратил на фарбање.

https://prnt.sc/OkNaLDnupvgv

Отсутен Volvo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 420
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #432 на: 01 Декември 2025, 15:46:10 pm »
https://www.goldencar.com.mk/cars/28

Ке се продадеше до сега, ама има штета на преден браник, слабо се гледа на сликите. Му се јавив да го видам, ама го пратил на фарбање.

https://prnt.sc/OkNaLDnupvgv

Тоа нека е... Таман за од очи :)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6206
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #433 на: 01 Декември 2025, 16:48:40 pm »
@BraneMKD Си гледал Haval h6 ?
Многу добро изгледа, 200 и кусур коња е моторот.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6668
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #434 на: 01 Декември 2025, 17:13:31 pm »
Не го заборавајте рокот на исплата. Најчесто отплатата се за станбен и други кредити се врши преку ануитетен метод и тука огромна улога игра рокот на исплата. Затоа ако се може еднаш во годината исплаќајте некоја поголема фиксна сума на пари да се намали главницата и барајте да ви се намали период на исплата а не износот на месечната рата.


Кај мене во договорот пишува дека неможе да се намали периодот на отплата туку само износот на месечната рата.
Паметно си се заштитиле, така повеќе камаат лапаат во секој случај.