Автор Тема: Совет за половно / ново возило 20к-30к  (Прочитано 44126 пати)

Присутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3479
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #180 на: 12 Февруари 2021, 09:19:10 am »
Што очекувате од оваа држава, кога од 01.01.2020 ги зголеми давачките за хибриди, нема што да се дискутира повеќе, ако памтите Corolla Hybrid Touring Sports Pano, односно во највисоко ниво на опрема беше 29.500еур, ја имам и понудата низ компјутер, сега е 36.090еур...

За понови коли не е зголемена давачката. Постара секако никој на темава не размислува да увезува. За коли 2017+ не е зголемена дури може и намалена.

Порано со акцизата за нова кола акцизата одеше многу високо, сега со данокот за ИГ намалено е.  Особено за ТБ

Sent from my SM-G973F using Tapatalk



Јас колку што знам, 40% излегуваат давачки за увоз, дали било 20год стара кола или 2.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29675
    • CARclub.mk
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #181 на: 12 Февруари 2021, 09:33:51 am »
Што е толку зголемено од давачките,  немам следено последно време освен тоа данокот за моторни возила или како се вика.

Годинава мислам и еуро 4 увоз ќе забранат.

Во 2016та година за мојот мерцедес платив нешто ситно над 130к денари давачки на царина.
Денес, истата кола која е четири години постара, има многу пониска каталошка вредност од пред четири години, давачките на царина се околу 160к денари.

Не знам која ставка е зголемена, ама знам дека за кола стара речиси 15 години 3 000 евра давачки за промена на документи се премногу пари.  :)

Така и треба да биде. Треба да се обесхрабри увезувањето (објективно) стари коли, а да се охрабри и стимулира купувањето нови или до 2-3 години стари. :)

Е сега... Нели, знаеме како е реално ситуацијата. :)

Јас колку што знам, 40% излегуваат давачки за увоз, дали било 20год стара кола или 2.

Грубо, таа е математиката.

Ко да живееме во Норвешка.

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #182 на: 12 Февруари 2021, 09:34:44 am »
Не се исплати веќе да се зимаат ниту такви возила од горе. Само ако си ептен милионер па тогаш купуваш нешто од таму за 50к и плаќаш царина 15к ама не ти чуе. Тие што зимаат коли за 20 па и 30к сепак се колку толку рационални и парите не им паѓаат од небо. Едно е да платиш 3-4к за увоз а друго е да платиш дупло од тоа.

http://deluxe-auto.com.mk/polovni/vozilo/audi-a4-2-0-tdi-110kw/


Ovaa so 42 000 km?

Sent from my SM-G973F using Tapatalk



Да не биде само како Сеатот, да ја сменат утре во 32.600 ЕУР.

Иначе дали ова или нова шкода со 2,0 ТДИ ?

Иначе многу валидно прашање, без разлика дали се заебаваш или не. Во конкретниот пример ја би ново ауто само што и шкода нова нема да кошта толку пари. Зборам за суперб, а веќе октавија 2.0 тди дсг со сите салтанати може да се земе за оваа цена. Аудито е со тапа опрема а гледам има и стикерче 210км/ч макс што највеќе го гледам по рент а кар возила. Исто така предниот браник изгледа доста испочукан, изгребан и бојата е обична не е металик. Да фрлам 23к за ова? Не фала. Можно е да нема ниту адаптивен темпомат, ондак шо ќе ти е аудиво?!

https://prnt.sc/z720k7

Не се ни шкодите ефтини. 2.0 тди дсг 150 со добра опрема скоро 30к

Што е толку зголемено од давачките,  немам следено последно време освен тоа данокот за моторни возила или како се вика.

Годинава мислам и еуро 4 увоз ќе забранат.

Во 2016та година за мојот мерцедес платив нешто ситно над 130к денари давачки на царина.
Денес, истата кола која е четири години постара, има многу пониска каталошка вредност од пред четири години, давачките на царина се околу 160к денари.

Не знам која ставка е зголемена, ама знам дека за кола стара речиси 15 години 3 000 евра давачки за промена на документи се премногу пари.  :)

Така и треба да биде. Треба да се обесхрабри увезувањето (објективно) стари коли, а да се охрабри и стимулира купувањето нови или до 2-3 години стари. :)

Е сега... Нели, знаеме како е реално ситуацијата. :)

Јас колку што знам, 40% излегуваат давачки за увоз, дали било 20год стара кола или 2.

Грубо, таа е математиката.

Ко да живееме во Норвешка.

И точаците поскапее последиве години, изгледа само патики може да се најдат на попуст и добра акција и пешадија. :D

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3847
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #183 на: 12 Февруари 2021, 09:48:43 am »
За понови коли не е зголемена давачката. Постара секако никој на темава не размислува да увезува. За коли 2017+ не е зголемена дури може и намалена.

Порано со акцизата за нова кола акцизата одеше многу високо, сега со данокот за ИГ намалено е.  Особено за ТБ

Sent from my SM-G973F using Tapatalk



За понови коли е зголемена уште повеќе, највеќе заради скалестиот данок. Тропаат популистички глупости по ТВ а едини нови коли што можеби не се поскапени се некој од минијатурните градски возила со најјслабите мотори. Другото се е многу поскапено во споредба со статата методологија.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #184 на: 12 Февруари 2021, 09:50:25 am »
За понови коли не е зголемена давачката. Постара секако никој на темава не размислува да увезува. За коли 2017+ не е зголемена дури може и намалена.

Порано со акцизата за нова кола акцизата одеше многу високо, сега со данокот за ИГ намалено е.  Особено за ТБ

Sent from my SM-G973F using Tapatalk



За понови коли е зголемена уште повеќе, највеќе заради скалестиот данок. Тропаат популистички глупости по ТВ а едини нови коли што можеби не се поскапени се некој од минијатурните градски возила со најјслабите мотори. Другото се е многу поскапено во споредба со статата методологија.
Се и тие или се исто. Поентата беше да паднат 1200 евра коли под 15000 за да се попристапни од увезениот крш. Ама паднаа 200еур и не се ни осети падот. На Ајго/108/Фиеста/208/Типо да им симнеш 1000 е многу голема разлика во перцепција. Нажалост, ништо.
Тоа требаше да се покрие со акцизата за возила над 35000.

Отсутен changetheoil savethecar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1038
  • Best Motors Worldwide
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #185 на: 12 Февруари 2021, 11:36:51 am »
pomegu nova i stara kola nema razlika vo carina i ddv osven ako nema nekoi popusti na pr. za koli so DPF, euro 6, hibrid int...
ako kolata e ista kategorija carina i ddv e isto ili?

dali se plakja homogolacija za sekoe uvezeno vozilo ili samom za onie koi ne se odobreni vo MK?
spored ova treba na homo da odat samo vozila koi ne se odobreni vo Mk gi nema vo datotekata kaj uvoznicite?


http://automakedonija.com.mk/tehnichki-pregled/homologatsija/
ХОМОЛОГАЦИЈА -ОДОБРУВАЊЕ НА ВОЗИЛАТА

Според Правилникот за единечно одобрување на возилата, единечното одобрување се врши на:
возилата чиј што тип не бил одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип во Р.Македонија, а за кое се исполнети барањата во согласност со одредбите од Законот за возила и прописите донесени врз основа на овој закон,
•уникатните возила, возилата за специјална намена, како и возилата во последната фаза од повеќефазно одобрување и
•возилата чијшто тип бил одобрен, а возилото не било регистрирано и било преправено

ИДЕНТИФИКАЦИЈА И ОЦЕНКА НА ТЕХНИЧКАТА СОСТОЈБА НА ВОЗИЛАТА

Според Правилникот за идентификација и за идентификација и оценка на техничката состојба на возилата, постапката за идентификација и оцена на техничката состојба на возилата се спроведува за:
•нови возила за кои типот е одобрен во согласност со хармонизираните прописи за ЕУ одобрување на тип, како и за
•возила за кои типот е одобрен во Република Македонија, а за конкретното возило странката нема обезбедено потврда за сообразеност издадена од застапникот на производителот во Р.Македонија.

---Best Motors Worldwide---
       (Oo=[][]=oO)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13939
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #186 на: 12 Февруари 2021, 12:00:04 pm »
Дефинитивно имаме најглуп систем за увоз на нови и половни возила, можеби во европски рамки.

Ставаат давачки кои немаат резон за она што ни е прироритет - да се отарасиме од импортирање на стари дотраени дизели, никакви реални субвенции за LPG, метан, хибриди. Кога има(ше) субевенции за хибриди, огромен процент не им прифаќаа на увоз, па ене ги се влечкаат по управни судови дали била колата хибрид или не.

Доаѓа на технички преглед, демек EURO 4, со затнат DPF и поминува. Често и изваден DPF.

Suma summarum, само давачки, а во реалност ништо не е подобрено, дури и влошено е.

Сите закони што властите ги носат се комедија кога треба да се справат со увоз на возила.

Се сеќавате кога имаше данок за возила над 1500 кубика, кога немаше ни турбо бензинци, само атмосферци беа, па така една Лада Нива имаше поголеми давачки од Smart Brabus кој беше 2-3 пати поскап од Ладата :) ?

Лакрдија од држава. Се ви е јасно.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #187 на: 12 Февруари 2021, 12:05:29 pm »

Така и треба да биде. Треба да се обесхрабри увезувањето (објективно) стари коли, а да се охрабри и стимулира купувањето нови или до 2-3 години стари. :)

Е сега... Нели, знаеме како е реално ситуацијата. :)

Воопшто не се согласувам со ова затоа што е најголемата глупост што може да биде измислена. Романија иако е во ЕУ исто има големи давачки за хомологација на кола од ЕУ. Истото е и со Словенија.
НО.. Романија го прави да возат луѓето Дачија. Словенија за да возат Рено/Пежо. Затоа што се произведуваат локално и се стимулира на некој начин локалното производство и економија.

НО... Давачките и таксите колку се големи за половните возила, исти се и за целосно новите возила. Погоре Томче напиша за една иста кола пред еден датум и после друг датум. Комплетно истата кола, нова, комплетно исто загадува пред и после промената на давачките. Прашањето е дали тие 7000 евра разлика е охрабрување/стимулирање или нешто сосема друго.

Т.н. “обесхрабрување“ е лајно спакувано во убаво пакување за дерење на суво некакви измислени такси/даноци и глупости да може некое црево да цица плата и да се изживува над другите. Човек треба да има слобода и избор каде и за што да си ги троши неговите пари.

Цитат
Се и тие или се исто. Поентата беше да паднат 1200 евра коли под 15000 за да се попристапни од увезениот крш. Ама паднаа 200еур и не се ни осети падот. На Ајго/108/Фиеста/208/Типо да им симнеш 1000 е многу голема разлика во перцепција. Нажалост, ништо.
Тоа требаше да се покрие со акцизата за возила над 35000.

Абе и акцизата што решение е.... Клати врата земај плата со акциза....


....


За сите се плаќа... Затоа што секое пуштање во сообраќај се третира како единично одобрување за пуштање во сообраќај од Управата за Метерологија. Кај се откажуваат они од слатки пари па да прават нешто корисно и евтино.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29675
    • CARclub.mk
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #188 на: 12 Февруари 2021, 12:12:11 pm »
@Luki Junior - Не се разбравме, мислам.

Поентата ми е дека како и секоја нормална земја, да го намалиме увозот на половни возила и да купуваме нови. Тоа е подобро за сите - и за екологија, и за безбедност, и за сè.

Јас би направил нешто слично како во многу европски земји - за новите, почисти возила давачките да се колку што е можно помали. Да ги има, секако, ама да се мали. Како што одиме кон постари и возила со понизок еуро стандард, давачките да се поголеми.

Во интерес на сите е да возиме што е можно понови возила.

Отсутен changetheoil savethecar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1038
  • Best Motors Worldwide
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #189 на: 12 Февруари 2021, 12:26:16 pm »
Што е толку зголемено од давачките,  немам следено последно време освен тоа данокот за моторни возила или како се вика.

Годинава мислам и еуро 4 увоз ќе забранат.

Во 2016та година за мојот мерцедес платив нешто ситно над 130к денари давачки на царина.
Денес, истата кола која е четири години постара, има многу пониска каталошка вредност од пред четири години, давачките на царина се околу 160к денари.

Не знам која ставка е зголемена, ама знам дека за кола стара речиси 15 години 3 000 евра давачки за промена на документи се премногу пари.  :)

Така и треба да биде. Треба да се обесхрабри увезувањето (објективно) стари коли, а да се охрабри и стимулира купувањето нови или до 2-3 години стари. :)

Е сега... Нели, знаеме како е реално ситуацијата. :)

Јас колку што знам, 40% излегуваат давачки за увоз, дали било 20год стара кола или 2.

Грубо, таа е математиката.

Ко да живееме во Норвешка.
реалната куповна моќ на просечна плата во МК за нова кола е до макс. 10к., ако се отплаќа спрема животниот век на возилото да речеме 7-8 год., тоа би било по 1.000 еур год., за да после по 7 год се продаде на пр. за 2-3к, и прашање е дали воопшто е изводливо одкога се одбијат сите животни трошоци дали е изводливо.
затоа во МК е голф класата примариус затоа што таа класа да не претерам по куповна моќ опфаќа 80% од населението и е своевиден упгрејд на таа класа до 10к.

15-20к: Во западна Европа на пр. голф класата(компакткласа) е таа народната  која може секој да си ја дозволи со две просечни плати, таму апгрејдот оди на две класи:
30-40к: средна класа: инсигниа, мондео, 3ка, цкласа, а4ка
40-60к: висока средна класа: 5ка, А6, Е-класа

Во европските градови најчести се возилата до 10к и до 15-20к.

Додека во Москва 40-60к  ;D ;D со свои очи видено !!!



 

---Best Motors Worldwide---
       (Oo=[][]=oO)

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1774
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #190 на: 12 Февруари 2021, 12:33:39 pm »
Да не се лажеме,  спрема државата и стандардот давачки од 40% за увоз се изгор. Филмовите за екологија и поскапени давачки за постари возила може да ги продаваат на некој глуп.

Ама, народот со увезува и си ќути, така да тоа е. Од една страна нас не горат со давачки, а бугарите возат во МК цела година со БГ таблички.

Лесно е решението, затвори ги дупките за странски таблички,  намали увозни давачки, и тоа е тоа. Ама, тогаш нема да има пари за цајкани да се бутаат партиски и остала багра што чека државна работа.

Отсутен changetheoil savethecar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1038
  • Best Motors Worldwide
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #191 на: 12 Февруари 2021, 12:36:16 pm »
@Luki Junior - Не се разбравме, мислам.

Поентата ми е дека како и секоја нормална земја, да го намалиме увозот на половни возила и да купуваме нови. Тоа е подобро за сите - и за екологија, и за безбедност, и за сè.

Јас би направил нешто слично како во многу европски земји - за новите, почисти возила давачките да се колку што е можно помали. Да ги има, секако, ама да се мали. Како што одиме кон постари и возила со понизок еуро стандард, давачките да се поголеми.

Во интерес на сите е да возиме што е можно понови возила.
@zeroSignal

za zal Mk e vo mnogu teska ekonomska situacija so godisen trgovski deficit od 3mrd USD.
Za da se izleat da receme 20k USD nadvor od drzavata treba da se izveze nesto pa da se pokrie uvozot. So ogled na toa deka MK ne mozze da stampa ni USD ni EUR a zgora nad toa ima negativen trgovski deficit so godini nanazad, po pravilo na nestata treba sekoj eden vid na UVOZ na vozila da se namali stoo e mozzno povekje.
Najidelano e vnatresno proizvodstvo na eden do dva modela koi kade parite bi ostanuvale vo mk i bi se reinvestirale.
Makedonija povekje uvezuva nego sto izvezuva, a uvoz funkcionira samo vo stranska valuta, taka se postavuva prasanje od kade se slevaat devizite sto se nudat po menuvacnicite i bankite za denari? Toa se crni pari od siva ekonomija (nelegalna znaete koja), pari od stranstvo i zadolzuvanja vo eur i usd.
Znacci Mk pokriva na godisno nivo cela edna dupka od 3mrd USD od tie kanali koi ne se 100% evidentirani na pr. usd doagjaat od kosoov vo mk se pretvaaraat vo den i se kupuva kola na pr. vo drzavata ostanuva samo ddv i marzza na dilerot, dodeka glavnicata odi vo evropa.

znaci idelano e domasno proizvodstvo da se namli odlivot na devizi zatoa so toa se namaluva  i ekonomskata mokj na drzavata.
---Best Motors Worldwide---
       (Oo=[][]=oO)

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13939
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #192 на: 12 Февруари 2021, 12:37:14 pm »
Конкретно на север (Шведска) реално најчесто возат коли од 25-40К како фамилијарни. Возат се, а како најлуксузно возило им е Волво и си го поштоваат брендот како нивни и си ги купуваат. Мали коли не возат (збораме за city cars) оти претежно сите се на точак или користат јавен превоз.

Сите возат каравани, само балканци и арапи возат седани :)

Просечна реална нето плата е околу 2100 евра.

Месечна рата најмногу даваат 400 евра месечно.

Има МНОГУ возила што се возат како кај нас, постари возила ама нормално сите се исправни.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3779
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #193 на: 12 Февруари 2021, 13:18:02 pm »
Ај да поскапеаа старите коли со еуро-4 и подолу ќе разберев ама државава ги поскапе сите и очекува да има некаква обнова на возниот парк ЛОЛ.

Зарем увознициве на нови возила немаат никакво влијание околу ова прашање?
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #194 на: 12 Февруари 2021, 13:29:01 pm »
Цитат
реалната куповна моќ на просечна плата во МК за нова кола е до макс. 10к., ако се отплаќа спрема животниот век на возилото да речеме 7-8 год., тоа би било по 1.000 еур год., за да после по 7 год се продаде на пр. за 2-3к

Скроз погрешна математика.