@Luki Junior - Не се разбравме, мислам.
Поентата ми е дека како и секоја нормална земја, да го намалиме увозот на половни возила и да купуваме нови. Тоа е подобро за сите - и за екологија, и за безбедност, и за сè.
Јас би направил нешто слично како во многу европски земји - за новите, почисти возила давачките да се колку што е можно помали. Да ги има, секако, ама да се мали. Како што одиме кон постари и возила со понизок еуро стандард, давачките да се поголеми.
Во интерес на сите е да возиме што е можно понови возила.
Многу убаво се разбираме Зеро. Ама криењето зад јавен интерес е многу опасна работа.
Во интерес на сите е да се гради помалку. Во интерес на сите е да има поголеми зелени површини. Во интерес на сите е да има повеќе шуми и обновниливи извори на енергија за греење. Во интерес на сите е да има повеќе водени површини. Во интерес на сите е да има рециклирање ѓубре. Во интерес на сите е да има огромни пешачки зони во градовите и цела држава да е поврзана со велосипедски патеки. Во интерес на сите е да има чист воздух.
Сите овие работи погоре напишани и не треба многу финасиски средства да се направат и спроведат.
Тоа е тој интерес за сите за екологија. Ама од сите возможни решенија и насоки за превземање јавен интерес за сите, од сите возможни мерки на овој бел свет, од целата таа возможна наука, во името на тој интерес за сите после 31.12 една иста кола на 30.12.2020 била 30к евра, на 01.01.2021 била 37к евра. Заради јавниот интерес, а не заради дерење народ без причина.
Има многу начини како да се среди тој проблем. Има многу начини како да се соберат податоци и емпириски да се реши тој проблем.
Според мене, нема никаков интерес, освен свесно собирање пари од секоја возможна работа која може да се контролира од државниот апарат и пипала за цицање. Одамна сме поминале ние покрај нормалната европска земја и да глумиme европејци и наш интерес.
И јас сакам сите ние да возиме нови коли и да ги менуваме на три години. Но, тоа другари и во Германија не е изводливо, а не па во Македонија.
Ај да поскапеаа старите коли со еуро-4 и подолу ќе разберев ама државава ги поскапе сите и очекува да има некаква обнова на возниот парк ЛОЛ.
Зарем увознициве на нови возила немаат никакво влијание околу ова прашање?
Увозниците ќутат како пи*ки оти речиси сите имаат некакво тендерче негде да капе од државна цицка.