чадор систем е далеку попрактичен за склопување. поедноставен и зафаќа помалце простор. така да ќе видиш што повеќе ти одговара. мене конкретно оваа ми ја собира во багажникот на Ц2ката (чисто за илустрација, иако не е чадор систем). истава количка мислам дека ја има у Ѓорче, на главната улица, до Зегин, и има шанси да е поевтина. Ја иам гледано и на други места ама да ме убиеш не ми текнуе кои.
Големината на тркалата не верувам дека би ти смениле премногу, али би ти сменил материјалот од кои се направени. Ако се обични пластични се покрути и поцврсти, па автоматски количката поише ќе се траска кога ќе ја возиш. Конкретно оваа количка, задните (големите) тркала, се уствари со гума. Па се далеку помеки, и ти го олеснуваат возењето, и не е толку крута целата работа.
Според мене најбитно е кога ќе бараш, да бараш некоја што НЕ Е ПЛАСТИЧНА. Рамот да не е пластичен. Другото, во зависност од потребите и финансиите што ги имаш на располагање, сам ќе си видиш.