Јас имам искуство и со поскапа и со поефтина количка.
Graco Trekko ја плативме 24.000 денари на попуст од 31.000.


Сакавме трицикл, да има гепек, си имаше и релаксатор. И покрај големината беше претерано лесна за маневрирање. Кога ќе се склопи, предното тркало се вади на клик и целата количка одеше во гепек и дополнително имаше простор за двајца возрасни да се спакуваат за на одмор и плус додатоци за бебе.
Количката беше возена секаде, по песоци на плажи, калдрми, снег. И ден денес се користи без да попушти ни едно штрафче. Се што е од текстил се вади и се пере во машина.
Понатаму, пошто не ни бркаше работа Graco-то, за близнаците земавме Baby Star чадор систем по цена од 11.000.


Само таа можеше да ја собере во гепек, но и ништо останато. За тоа се купи куфер за на кров.
Количката после 3 месеци почна да попушта. Позади механизмот на едната страна се скрши, па бараше посебен зафат за да се отвори. После 5 месеци едно од тркалата се скрши. Беше крајно не возабилна и мачење беше за гурање. Не се вадеше платното, туку на лице место со сунгер требаше да се чисти.
Доколку денес би зимал количка, пак би ја зел Graco-то. Крајно практична, издржлива количка и лесна за манипулирање. Башка бр.1 се возеше од 0 месеци додека не прооде и не му беше интересно он да ја вози, а не да се вози.