Собата мислев од аспект на спиење. Да можам да спијам како човек. Верувајте повеќе од 5 години една ноќ не сум спиел здраво, најмалку два пати нешто ме буди и ми го прекинува сонот.
исто, само 7 години
бр.1 додека се родија бр.2 и бр.3 се будеше навечер по 5 пати, а бешемногу тежок на заспивање, кичмите ни знаат
откако они се родија, он почна да спие, ама со овие двајцава тешка работа
бр.3 се будеше првите 2 години на 40 минути, па послему се приспа и врзуваше по саат и пол
и еве и ден денес, 7 и 4 години, стално ќе се најде некој што ќе те стане
неделава сите 3-ца се со температури, мене подобро ми е да не легнам отколку да се мачам да станувам 10 пати навечер
еден период бев во таква фаза, што можев било каде и било кога да замижам и заспијам за 10 секунди
п.с. со девојка ми заедно ги кркаме маките, не дека она рофта во посебна соба