Здраво.
И јас бев/сум со иста дилема, дали да го земам новото Fiat Tipo кое е на понуда или половна кола од 2013 на нагоре со до кај 140.000 км.
Да напоменам, барав пасивно измнатава година дена и налетав на многу кршови коли кај нас, но и на неколку итри продавачи, што придонесе да се одлучам да го почекам новото Fiat Tipo кое ке почне да се продава наредната година со 1.3 турбо бензинец со 100кс.
Евентуално се размислувам Kia Ceed, 1.4 турбо моторот.
Ке видиме што ке испадне на крај 
Имаш нешто цени за спомнативе?
Не во моментов, Типо-то ке почне да се продава кај нас нареднава година, и ова време наредната година може да се очекува добра прва пакет понуда накај 13-14.000 евра.
Турбо бензинскиот мотор конкретно ме интересира како ке се покаже.
Киа-та е накај 15.000 евра ако не се лажам. Ке видиме како ке е со редизајнот наредната година, но очекувам Киа да имаат добра понуда како што стално имаат.
Веќе Џулиетата е 15000 1.4 турбо. А за возење е милина.
Знам. И сметам дека е многу добра понуда.
За мене лично, едноставно, мора да ми се допаѓа колата. Типо-то и Ceed-от ми се допагаат, но Џулиета-та едноставно не. Малце ми е ниска, и тесна.
А инаку сум голем љубител на Алфа Ромео.
За мене нема поубава кола од Џулиа и одма би ја купил, само многу ми е ниска, и влегувањето и изгледувањето ми е проблем.
3 пати бев да ја гледам, првиот пат која ја донесоа пред да се направи официјална промоција во Македонија, еднаш ја возев таа црвената што ја купи дечково од форумот, и се е супер, ама џабе, кога не можам да влезам во неа на раат.