Види вака, ако си со поголем буџет, да речеме 15.000 еур и да дадеш 10-11-12 за Голфот, рачунај дека наскоро ќе дојде за мењавање ламела, замаец, потисна, голем сервис, мал сервис, има давачки. Да не го заборавиме и ДСГ-то кое си бара сервис на секои 50.000км и тоа кошта 200-300 еур. Кај Типото е пали вози, смени уље следните ајд а кажеме 50-60-70.000км.
Така да Голфот прави ќејф, ама кошта, да не се лажеме. Ако ти е кола за пали вози, купи си Типо и свиркај си, имаш гаранција, а фино е аутото.