Добро е да се знае, има инфо, зошто можеби уште некој би порачал и покрај тоа што јавно не би признал.
Сакам да кажам да пуштиш линк од каде ја набави навлаката
Еве го истиот оглас од кај што ја купив навлаката, во случај некој што не би признал јавно дека му се допаѓа, да сака да си нарача за себе
https://a.aliexpress.com/_mPNKCB5Нерви ортома, топ! 😁
П.С. Да не го продаваш пежото? 😂
Давај понуда додека не сум ги средил бандажите, со нив 50% нагоре иде цената 😂
---
Иначе имаше уште некои апдејти,, ама сум заборавил да ги напоменам (живи и здрави да се Алиекспрес и иранците што и ден денес произведуваат нови 206ки, па затоа има вакви ситнурии):
- Нова основа за антена, и нова антена, бидејќи еднаш вртев кривина во десно на дожд и почна да ми врне дожд во тестикуларниот предел, попуштила гумата
Тука би сакал да прашам кај може да најдам апсурдно долга антена, да речеме 1+ метар долга антена што се пафта на ветер како на количка со далечинско (не прашувајте зошто, стилот ми е малце чуден како што може да се види по колата )- Си купив нови прскалки за шофершајбна, оние што прскаат во вид на прашина. Фабричките беа што прскаат како млаз.
- Си купив нова кожа за шалтер и топче за шалтер, и после купив уште едно топче за шалтер со намера да му правам модификација, ама ме фати мрза па ќе почекам да ми помине мрзата
- Си купив магнетен држач за телефон во форма на лента и го имплементирав одма под отворите за вентилација (на After сликата со воланот се гледа малку).
- Ги однесов бандажлаците што ги зедов на проверка и исправање, детално ги исправ, купив материјали за фарбање, и сега чекам на потопол сончев викенд за да ги фарбам.
Генерално тоа е тоа со колава, на први октомври дојде дома, почнав да ја возам две недели подоцна, поминав околу 3000 и нешто километри, да чукнам во дрво си тера без гајле.
Ист мотор и менувач како и Ксарата, 14 пати позабавно за возење.