Автор Тема: Купувам голф 6 - понудете  (Прочитано 15163 пати)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #60 на: 22 Октомври 2020, 12:00:34 pm »
Не дека не ми е по мерак голф или дека преферирам друго нешто, ама каде бе со цените, иста година голф со приближна километража и опрема и иста година меган разликата е 2500 па и 3000 евра..Епа да го е*ам да ви влијае значката колку за уште една кола да платите и тоа со нагласени потенцијални проблеми со дизни ондак океј..
Затоа велиме ај што цените во МК се нерални, па плус повеќето голфови се по плацови и тие сакаат нешто да спечалат и се добиваат многу нереално високи цени. Претежно понов меган ќе најдеш од приватно лице наместо од плац каде што рачунај минимум +500 евра. Па плус ако е увоз, тури му пепел. Канта.

По мое мислење, половен голф се зима само ако е стар максимум 3-4 години, може и постар ама стриктно од човек што го знаете лично како се грижел за колата, затоа и го спомнав зеро.

Отсутен vlavot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 352
Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #61 на: 22 Октомври 2020, 12:12:58 pm »
Не дека не ми е по мерак голф или дека преферирам друго нешто, ама каде бе со цените, иста година голф со приближна километража и опрема и иста година меган разликата е 2500 па и 3000 евра..Епа да го е*ам да ви влијае значката колку за уште една кола да платите и тоа со нагласени потенцијални проблеми со дизни ондак океј..
Друже сме имале 2 француски возила од кои едното од салон и има тема тука за него, да не почнувам. Повисоката цена за голф и те како е оправдлива. Последно што возев и се возам во него е Мазда 3 2010 2.2 мотор 183 коња, над 120-130kmph внатре еден со друг не можеме да разговараме од бучавата. Голфот 6 ката на девојка ми што мислам дека го земаа така без врска од бугарски плац е измислен во секој поглед. Тифкост, амортизација, менувач, големина компакност, отварање затварање на врати. Јас разбирам да се земе француско по цена  да се заштедат пари, ама треба да се знае дека нема да биде подобро ниту поеднакво добро возило како голфот.


Sent from my iPhone using Tapatalk
“Speed has never killed anyone. Suddenly becoming stationary, that's what gets you.”

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #62 на: 22 Октомври 2020, 12:26:58 pm »
Океј секој со своето, мое гледање е дека не давам 2500-3000евра плус за  кола со потенцијални проблеми на дизни , еден голем сервис, еден замаец комплет и замина цената над 10000 евра за голф од пред 10 години,  со тие 3к евра вџеб ќе ја манам в зид ќе менам нов мотор цел и за 400 евра ке ја решам бучавата, отворање затварање врати итн.. фино лепо ќе ја набапкаат dynamat изолација и звучна и топлинска во Солун,Мајбах е побучен после третман..Не е за штедење муабето, уште 1/3на од цената на колата онака вовоздух ги фрлаш кајнас спрема остатокот од светот и згора на тоа да си горд дека возиш премиум пловно ауто од плац.
« Последно менување: 22 Октомври 2020, 12:35:35 pm vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #63 на: 22 Октомври 2020, 12:34:57 pm »
Само љубов луѓенца, и возете тоа што ви дозволува џебот.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #64 на: 22 Октомври 2020, 12:42:55 pm »
Пак ќе речам, Голф со мотор од Меган 8)

Отсутен vlavot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 352
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #65 на: 22 Октомври 2020, 13:12:43 pm »
Океј секој со своето, мое гледање е дека не давам 2500-3000евра плус за  кола со потенцијални проблеми на дизни , еден голем сервис, еден замаец комплет и замина цената над 10000 евра за голф од пред 10 години,  со тие 3к евра вџеб ќе ја манам в зид ќе менам нов мотор цел и за 400 евра ке ја решам бучавата, отворање затварање врати итн.. фино лепо ќе ја набапкаат dynamat изолација и звучна и топлинска во Солун,Мајбах е побучен после третман..Не е за штедење муабето, уште 1/3на од цената на колата онака вовоздух ги фрлаш кајнас спрема остатокот од светот и згора на тоа да си горд дека возиш премиум пловно ауто од плац.
Ма не де работи за возило дека е расипано, едноставно и нови да го земеш еве конкретно мазда 3 од таа 2010 година е тоа што е бучно.

А зошто остатокот од светот, конкретно Германија се голфовите исто поскапи од француските и од јапонските. Особено ако го бираш да има иста опременост како на јапонските пцсс тогаш отидоа еден тон пари.
Сакам да кажам голфовите секаде отстапуваат во цена не само Мк.


Sent from my iPhone using Tapatalk
“Speed has never killed anyone. Suddenly becoming stationary, that's what gets you.”

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #66 на: 22 Октомври 2020, 13:23:37 pm »
Отстапуваат некој процент, но во МК тој процент е надуван. Да бевме во ЕУ друга ќе беше прикаската.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #67 на: 22 Октомври 2020, 14:15:35 pm »
Пак ќе речам, Голф со мотор од Меган 8)

Знаачи Мерцедес А класа.
:)

Отсутен vlavot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 352
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #68 на: 22 Октомври 2020, 14:35:52 pm »
Отстапуваат некој процент, но во МК тој процент е надуван. Да бевме во ЕУ друга ќе беше прикаската.
Па и не баш, другарот мој ја зема таа иста Мазда 3 што ја зборам 2010 лани од гермнија по цена таму 5300 еур, возилото е наредено со сите можни додатоци.
Старт стоп, сензори напред назад паркинг, сензори за дожд, електрични седишта, греачи на седишта, круз контрол, двозонска клима, keyless start и keyless entry, биксенон фарови со аутоаџасмент команди нс волан итн итн.
Ај земи голф 6 од таа година со барем слична опрема ќе биде безмалку дупло поскапо. Да не збориме keyless entry и keyless start на обичен голф кошта рака и нога, а каде е 2.0 моторот, сензори паркинг, сензори за дожд а биксенон фарови и толку отиде у десет илјади еура.

Обично луѓето коа зимаат ставот им е, ако де и ова е голф и ова е голф, шо ми треба, пошо 6 ка се зима за 6000 еур и за 16.000. Кај јапонците е обично 3 опции на опременост и тоа е тоа. Ако дскаш убаво нареден голф еквивалент на останатите возила од таа класа ќе го платиш барем 30% поскапо.

И велам, сето ова коа влегуваш во голфот и почнуваш да возиш споредба претходно од јапонско француско италјанско, сфаќаш зошто и кај ти отишле парите :)
Да не звучам голем фан на голфови ама ете толку е подобро возилото од останатите.

Мојот став е, прво и единствено возило што некогаш ќе ти треба е Голф, заборави ги сите други :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
“Speed has never killed anyone. Suddenly becoming stationary, that's what gets you.”

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #69 на: 22 Октомври 2020, 15:00:40 pm »
Дај боже вака сите размислуваат како тебе, па ние останатите, шо не сакаме голфој, да можи да си купуваме убави коли по поевтини цени.
;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #70 на: 22 Октомври 2020, 17:52:09 pm »
Имам возено Голф1, 2, 3, тврда вожња и ништо спектакуларно (освен цена) ако се споредат со Фиат Ритмо, Типо, Браво кои имаа поубава вожња, поубав лик и посовремен ентериер.
А бидејки луѓе паѓаа во транс за Голфови почна да ми се јавува мука во желудник при само спомнување Голф.

Во Голф4 и 5 имам само седнато, не ми разбудија некоја емоција, не знам каква им е вожњата.
Во Голф6 ниту седнато.

Во 2016та си бирав кола и Голфот по дифолт го немав во видно поле, што поради аверзија кон моделот, што поради повисоката цена во однос на конкуренцијата.

Бидејки на многу модели им наоѓав разни ентериерни маани при посетите на салоните, си реков сепак да видам како ќе се осеќам во Голф7.
Седнав, лесно си најдов возачка позиција зад волан, излегов при што ништо не ми засмета.
Истото го сторив и на задни седишта, беспрекорно.
Отворив гепек, никаква примедба.

Се вратив зад волан за подетално да ја почувствувам "атмосферата", сите команди на свое место без некои кич моменти, и ме обзеде чувство на смиреност и благосостојба, да не кажам нирвана :)
Во меѓувреме возев на тест Ибица и се имав возено во Толедо од 2015та , имаа тврда вожња за мој вкус и сакав да се уверам да не е иста вожњата и со Голфот.

Нирваната се растури кога почнаа од салонот да ме влечат за нос со тест возењето, во тоа време си имав дадено збор дека без тест возење не купувам кола.

Во тоа време воопшто не размислував за можни проблеми со мотор кај ниедна кола, од дотогашното возачко искуство сметав дека со правилно и навремено одржување проблеми со мотор е надмината работа, а еве сега излегува дека Југо 55 е подоверлив мотор ;D

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #71 на: 22 Октомври 2020, 17:59:55 pm »
Отстапуваат некој процент, но во МК тој процент е надуван. Да бевме во ЕУ друга ќе беше прикаската.
Па и не баш, другарот мој ја зема таа иста Мазда 3 што ја зборам 2010 лани од гермнија по цена таму 5300 еур, возилото е наредено со сите можни додатоци.
Старт стоп, сензори напред назад паркинг, сензори за дожд, електрични седишта, греачи на седишта, круз контрол, двозонска клима, keyless start и keyless entry, биксенон фарови со аутоаџасмент команди нс волан итн итн.
Ај земи голф 6 од таа година со барем слична опрема ќе биде безмалку дупло поскапо. Да не збориме keyless entry и keyless start на обичен голф кошта рака и нога, а каде е 2.0 моторот, сензори паркинг, сензори за дожд а биксенон фарови и толку отиде у десет илјади еура.

Обично луѓето коа зимаат ставот им е, ако де и ова е голф и ова е голф, шо ми треба, пошо 6 ка се зима за 6000 еур и за 16.000. Кај јапонците е обично 3 опции на опременост и тоа е тоа. Ако дскаш убаво нареден голф еквивалент на останатите возила од таа класа ќе го платиш барем 30% поскапо.

И велам, сето ова коа влегуваш во голфот и почнуваш да возиш споредба претходно од јапонско француско италјанско, сфаќаш зошто и кај ти отишле парите :)
Да не звучам голем фан на голфови ама ете толку е подобро возилото од останатите.

Мојот став е, прво и единствено возило што некогаш ќе ти треба е Голф, заборави ги сите други :)


Sent from my iPhone using Tapatalk
Искрено,јас откако влегов голф да возам после тоа сите коли ми се ролс ројс,по досадна и по чкарт кола здравје (зборам за голф 5)

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1770
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #72 на: 22 Октомври 2020, 18:42:36 pm »
Само голф бајо мој, другиве се коњски кочии. На 130 ретровизори испаѓаат од што сум слушал.

Зато јаране, голфот, зацрнет знак и фарови, ТДИ то нека штрака, и прај се фраер од преку Вардар.


Отсутен deksa

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1032
Одг: Купувам голф 6 - понудете
« Одговори #74 на: 22 Октомври 2020, 19:42:52 pm »
Druze jas pred skoro vreme barav C ili D segment i gledav goljfovi (ne deka sakam, polosa kola nema spored mene, tvrda, prceneta, mal gepek, niska itn...).
Nego celta mi bese da imam kola, a da ne se zaglavam mnogu so nea, voden po toa deka na balkan postoi samo goljf :)
Vidov mozebi preku 15 golfa 5ki, izvozeni, masta izvadena, a na sliki po oglasive? Novi auta.... interesno na site pisuvase do 200k km. Gi prosetav site placevi po skopje, ne bi ti preporacal kola od plac iskreno.
Staviv 2 golfa sto izgledaa socuvano na kompjuter, e dobro de pisuvase 200k imaa 400k i 450k covekot smenil sedista, kopcinja, ubavo reparirani volani da se cudis :D
Na kraj posle 2 nedeli imav ogromna srekja i uste ne mi se veruva, kako naletav na astra h so 135k, ama realno dobra i socuvana kola, sto tesko se naogja, bidejki pazarot e preplaven so mnogu istroseni koli (malce ja zaprljav na vikendica, se nesto nemam vreme da ja isperam i da ja sliknam za da otvoram tema da ja pretstavam).
Nemoj da se ogranicuvas konkretno na golf, ako ti se ukaze nekoe dobro vozilo so slicni karakteristiki kako sto baras, ne mu ja misli mnogu.