Фала ви за советите и предлозите!
Ова е форум и нормално за БИЛО која кола да пишам ќе има сосема различни мислења кои ќе одат во крајности и никогаш нема да се согласиме сите за некоја кола/мотор дека е топ
Али добро е да се слушне барем што да очекувам околу средства и главоболки
.
Од предлозите некако не ми фати ништо око, па ај вака малце да си кажам што ми се врти во глава, па дајте мислења искуства и најпожелно ако може контакт/оглас/линк од форумџија/близок/познат пред се
домаќин човек од тука што нуди нешто од листава.
Покрај љубовта кон гољф 6, ова ми е на листа:
1. пак гољф 6 ама плус
2. сеат леон MK2 фејслифтот
3. тојота аурис Е150 (2006-2012) - интересно количе, ама некако мало е или грешам?
4. тојота аурис Е180 (2012-2018) - заљубен у оваа кола, али мислам не ми е во буџет и ја нема по огласиве...
ова ми е за ако добијам на лото некогаш 5. Hyundai i30 втора ген. модел 2011-2017 - по малце заљубен, али мислам и оваа ми бега од буџет, ја нема баш по огласиве да се нуди.
6. Астра Ј - слушнав лоши мислења, па некако малце ме одвраќа, а убава ми е...
7. јети ми стана интересно, али сепак на последно место
ве молам без ќотекОд листава да се разбереме, не сум пробал да извозам ништо. Ова ми е само по изглед (внатре/надвор) што ме влече.
Затоа секое искуство/совет е добредојдено, проследено со совет за избор на тип на мотор!