Имам возено Голф1, 2, 3, тврда вожња и ништо спектакуларно (освен цена) ако се споредат со Фиат Ритмо, Типо, Браво кои имаа поубава вожња, поубав лик и посовремен ентериер.
А бидејки луѓе паѓаа во транс за Голфови почна да ми се јавува мука во желудник при само спомнување Голф.
Во Голф4 и 5 имам само седнато, не ми разбудија некоја емоција, не знам каква им е вожњата.
Во Голф6 ниту седнато.
Во 2016та си бирав кола и Голфот по дифолт го немав во видно поле, што поради аверзија кон моделот, што поради повисоката цена во однос на конкуренцијата.
Бидејки на многу модели им наоѓав разни ентериерни маани при посетите на салоните, си реков сепак да видам како ќе се осеќам во Голф7.
Седнав, лесно си најдов возачка позиција зад волан, излегов при што ништо не ми засмета.
Истото го сторив и на задни седишта, беспрекорно.
Отворив гепек, никаква примедба.
Се вратив зад волан за подетално да ја почувствувам "атмосферата", сите команди на свое место без некои кич моменти, и ме обзеде чувство на смиреност и благосостојба, да не кажам нирвана
Во меѓувреме возев на тест Ибица и се имав возено во Толедо од 2015та , имаа тврда вожња за мој вкус и сакав да се уверам да не е иста вожњата и со Голфот.
Нирваната се растури кога почнаа од салонот да ме влечат за нос со тест возењето, во тоа време си имав дадено збор дека без тест возење не купувам кола.
Во тоа време воопшто не размислував за можни проблеми со мотор кај ниедна кола, од дотогашното возачко искуство сметав дека со правилно и навремено одржување проблеми со мотор е надмината работа, а еве сега излегува дека Југо 55 е подоверлив мотор