Автор Тема: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S  (Прочитано 11874 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #60 на: 28 Октомври 2020, 11:50:04 am »
Поголема глупост од електрично возило нема и нема ни да има.
Сите зборуваат за ЕКО....
Кое ЕКО јеботе кога колана има 500 кила батерии... Што за 5 години со тој електронски отпад? Па само подзамислете се малку што пишува на секоја обична батерија за далљинско што ја користите. Колку е таа токсична, отровна и канцерогена..
Да не почнеме да зборуваме за процесот на изработка и хемикалиите кои се користат.
Или овие од електричниве возила се со мед направени и наполитанки?
:D :D :D
Со опроштење големите газди кур ги боли и за ЕКО и за се околу нив. Сакаат само кеш.

Одиме со следен краток преглед на емисија на СО2.
Дали мислите дека класичните МВС (да не се чуди некој пола саат што е ова - Мотор со внатрешно согорување) испуштаат повеќе СО и СО2 од електричните? Точно. Ноооооо, за да возиме електричен автомобил треба да ги наполниме факинг Еколошките Батерии кои содржат најштетни хемикалии некогаш измислени. За да ги наполниме ни треба електрична енергија. Но за среќа неа НИЕ а и повеќето од СВЕТОТ не ја добиваме на ЕКО начин, односно преку сончеви панели ниту па преку хидроцентртралите. Најголемиот дел се добива од термо електраните и нуклеарните централи... % на ослободени штетни гасови односно во случајов СО и СО2 е неколку пати поголем на глобално ниво во моментов кога се прави паралела помеѓу загадување од активни возила на фосилни горива и загадување од горе споменатите извори на електрична енергија.

Понатака имате милијарда статии на нетов, прочитајте ако ве интереситаат еколошките загадувања.

Да не зборам дек ако тргнам за Виена ке треба да патувам 3 дена. Наместо 10 часови или 12 со попатни паузи.
Поздрав дечки.


Он д топик. Преубаво е поршето, нема муабет...Би сакал да го имам. Кур ме боли и за еко и за све друго :D

„Потрошените“ батерии ќе бидат пренаменети. Тие батерии нема да бидат неупотребливи - не е како батерија за даљинско, потроши ја и фрли ја - туку едноставно ќе биде намалена автономијата на електричното возило. Сите даваат некаква гаранција - дека после 7 или 10 години, батеријата ќе има над не-знам-колку проценти од оригиналниот капацитет. Нема да може да помине (измислувам) 300 километри, ама ќе може да помине 220-250 километри.

Од друга страна, веќе се развива соодветна индустрија која ќе ги пренаменува батериите. Батериите „отпеале“ свое за во автомобил? Нема проблем, ќе се користат за складирање на електрична енергија за други капацитети - за индивидуални домови, за комерцијални објекти, итн. Секако дека отпадот е проблем, ама ако може да се реискористи и да се заработи од него, секако дека ќе го направат тоа.

Електрични возила се иднината. Дали ќе бидат на батерии или на водород, можеме само да нагаѓаме. Пред 10 (море пред 5) години ќе циљав на водород, ама со оглед на тоа како е залетана индустријата кон BEV и какви инвестиции прават токму во таа насока - сега би рекол дека батериите се иднината. Да, имаат свои негативности, ама имаме константен напредок. Едвај чекам да видам што ќе имаме за 5 или за 10 години.


Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #62 на: 28 Октомври 2020, 13:52:51 pm »
„Потрошените“ батерии ќе бидат пренаменети. Тие батерии нема да бидат неупотребливи - не е како батерија за даљинско, потроши ја и фрли ја - туку едноставно ќе биде намалена автономијата на електричното возило. Сите даваат некаква гаранција - дека после 7 или 10 години, батеријата ќе има над не-знам-колку проценти од оригиналниот капацитет. Нема да може да помине (измислувам) 300 километри, ама ќе може да помине 220-250 километри.

Koга би било овака, се би било идеално. Тогаш нема да има електронски отпад. Батериите спаѓаат во електрохемиски отпад. За жал технологијата е многу различна од она што го презентира менаџментот на било која светска компанија за тие еко срања на кои сите се ориентирани, а уствари се е фејк...

Сите научни статии за и околу батериите подкрепени со рецензии тврдат дека капацитетот на батериите имаат одреден број на циклуси на полнење и празнење. Односно амортизација и намалување на капацитетот. Моите сознанија од она што го имам читано е дека за 5 години капацитетот би бил под 70% а веќе после 7мата година 50%.
Со тоа автономијата е намалена за половина...
Да не заборавиме дека тука се факторите: брзина на полнење, времетраење на капацитетот во мирување односно self discharging итн итн... Да не го тупиме...

Едноставно батеријата никогаш не може да биде перпетумобиле...
Ако е така, се би било совршено...

Електрични возила се иднината. Дали ќе бидат на батерии или на водород, можеме само да нагаѓаме. Пред 10 (море пред 5) години ќе циљав на водород, ама со оглед на тоа како е залетана индустријата кон BEV и какви инвестиции прават токму во таа насока - сега би рекол дека батериите се иднината. Да, имаат свои негативности, ама имаме константен напредок. Едвај чекам да видам што ќе имаме за 5 или за 10 години.

За 5 или 10 години ке има недостиг на електрична енергија ако четвртина од вкупните возила во светот бидат заменети со електрични возила. Едноставно за тие 5-10 години ке треба да бидат направени барем најмалку 5 нови нуклеарки со капацитет 4 пати од оној во Чернобил...

Имаше некаде студија и калкулација колку вкупно нуклеарни реактори ке треба да ја опслужуваат само автоиндустријата за ЕКО возилата  ;D ;D ;D

Ај ако најдам, ке ја споделам, чисто пошто има доста стручни лица тука во таа област да дадат свое видување во научните трудови :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #63 на: 28 Октомври 2020, 13:54:37 pm »
Електрични возила се иднината, батерии се минатото.

Електрично возило во 1895та

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #64 на: 28 Октомври 2020, 14:02:55 pm »
За 5 или 10 години ке има недостиг на електрична енергија ако четвртина од вкупните возила во светот бидат заменети со електрични возила. Едноставно за тие 5-10 години ке треба да бидат направени барем најмалку 5 нови нуклеарки со капацитет 4 пати од оној во Чернобил...

Имаше некаде студија и калкулација колку вкупно нуклеарни реактори ке треба да ја опслужуваат само автоиндустријата за ЕКО возилата  ;D ;D ;D

Ај ако најдам, ке ја споделам, чисто пошто има доста стручни лица тука во таа област да дадат свое видување во научните трудови :)

Ама реалноста е дека нема нема да бидат. Во моментов на планетава возат околу 1.4 милијарди возила. Даааааааааалеку сме од 300-400 милиони електрични возила (да речеме, една четвртина од вкупната бројка). Всушност, мислам дека на крајот на оваа година, едвај ќе има над 5 милиони електрични возила.

Растот на инфраструктурата ќе се случува постепено и ќе го следи трендот на продажбата на возила. Како што е и нормално.

Сите научни статии за и околу батериите подкрепени со рецензии тврдат дека капацитетот на батериите имаат одреден број на циклуси на полнење и празнење. Односно амортизација и намалување на капацитетот. Моите сознанија од она што го имам читано е дека за 5 години капацитетот би бил под 70% а веќе после 7мата година 50%.
Со тоа автономијата е намалена за половина...
Да не заборавиме дека тука се факторите: брзина на полнење, времетраење на капацитетот во мирување односно self discharging итн итн... Да не го тупиме...

Сè што кажуваш тука е така. Ама работите одат напред, и тоа со многу брзо темпо. Веќе имаме коли што издржуваат супер-брзо полнење. Да, тие коли се скапи, ама технологијата (како и секогаш) ќе поевтини и ќе стане подостапна. Porsche Taycan максимално може да се полни со 270 kW. Малиот, евтин e-208 максимално со 100 kW.

Да, на батериите ќе им се намали капацитетот. И колите со МВС повеќе трошат како што стареат. А и на кола со МВС тебе не ти е резервоарот полн 100% цело време.

Електрични возила се иднината, батерии се минатото.

Не знам, не сум веќе толку убеден. Ќе видиме.


Отсутен VW

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 47
  • TESLA фанатик
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #65 на: 29 Октомври 2020, 16:03:14 pm »
Па валјда не идеш секој ден за Виена... ама ако идеш, донеси коленце, или шницла...

1. Во 2020 да се збори дека неможеш да произведуваш над 50%, 70% па и 100% зелена енергија, е чиста глупост. Земи само еден пример Норвешка 98% од енергијата и е од обновливи извори... МОЖЕШ ако сакаш! А споредбата ама кај нас, абе кој сме ние, за некој да кажа ама кај нас...  Во МК почнаа да шијат седишта за коли во 2015, ебаго Тесла  приватна компанија веке инсталираат интернет на МАРС...
2. Тоа дека има отпор од нафтената индустрија е едно, друго лугето не се склони на промена, тргни од отпор на промена на телефонски број а не па промена на цела бизнис индустрија јаглен, нуклеарна, МВС итн...која пак ке доведе до промена на целосниот едукативен систем, и промена на професиите.
3. Во поседниве 10г батериите за колите се толку усовршени и подобрени, со што и самиот факт дека порано имаа рејнџ од 100к а денес веќе се нудат со 400км, а за 3 години со новиот систем на 4680 батерии прототипот кје се добие рејнџ од 500-600км...  нормално како иде технологијата така и ке се зголемува истото...
4. па не сигурно почнавме да возиме голф 5 1.9ТДИ уште во 1973, па проагавме по 800км со едно полнење, колку рејнџ имаше првиот мерцедес 960cc 3коња!
5. ај па ако не Ride till we die па кога ке снема нафта тогаш да му се мисли сега како понатака. затоа мора постепена промена и инвестиција во нови начини и технологии, кога истите кје станат еднакво или поевтини на МВС, тогаш повеке нема да има МВС...
6. баш ме интересира една пресметка за колку време ке стигнеш до виена ако нема нафта/бензин?

бтв. Следната генерација на "Механичари" ке бидат софтвер инжинерите...!


Поголема глупост од електрично возило нема и нема ни да има.
Сите зборуваат за ЕКО....
Кое ЕКО јеботе кога колана има 500 кила батерии... Што за 5 години со тој електронски отпад? Па само подзамислете се малку што пишува на секоја обична батерија за далљинско што ја користите. Колку е таа токсична, отровна и канцерогена..
Да не почнеме да зборуваме за процесот на изработка и хемикалиите кои се користат.
Или овие од електричниве возила се со мед направени и наполитанки?
:D :D :D
Со опроштење големите газди кур ги боли и за ЕКО и за се околу нив. Сакаат само кеш.

Одиме со следен краток преглед на емисија на СО2.
Дали мислите дека класичните МВС (да не се чуди некој пола саат што е ова - Мотор со внатрешно согорување) испуштаат повеќе СО и СО2 од електричните? Точно. Ноооооо, за да возиме електричен автомобил треба да ги наполниме факинг Еколошките Батерии кои содржат најштетни хемикалии некогаш измислени. За да ги наполниме ни треба електрична енергија. Но за среќа неа НИЕ а и повеќето од СВЕТОТ не ја добиваме на ЕКО начин, односно преку сончеви панели ниту па преку хидроцентртралите. Најголемиот дел се добива од термо електраните и нуклеарните централи... % на ослободени штетни гасови односно во случајов СО и СО2 е неколку пати поголем на глобално ниво во моментов кога се прави паралела помеѓу загадување од активни возила на фосилни горива и загадување од горе споменатите извори на електрична енергија.

Понатака имате милијарда статии на нетов, прочитајте ако ве интереситаат еколошките загадувања.

Да не зборам дек ако тргнам за Виена ке треба да патувам 3 дена. Наместо 10 часови или 12 со попатни паузи.
Поздрав дечки.


Он д топик. Преубаво е поршето, нема муабет...Би сакал да го имам. Кур ме боли и за еко и за све друго :D
TESLA фанатик

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #66 на: 29 Октомври 2020, 16:24:34 pm »
Норвешка купува нечиста струја од Европа (Франција/Германија) за пумпите да пумпаат назад вода во акумулациите за хидроелектраните.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: CARclub Возење: Porsche Taycan Turbo S
« Одговори #67 на: 29 Октомври 2020, 17:42:15 pm »
I taka so kupuvanje na "necista" se falat deka proizveduvaat samo od obnovlivi izvori,nikade podatok kolku proizveduvaat kolku imaat pobaruvacka i da sporedime brojki.
Nafta ke snemalo,nitu ke snema nitu nisto,toa e obnovliv resurs.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D