Клабери, поздрав до сите, фала ви за пораките и извинете за секирациите.
@Skywalker дап, бидејќи бев на многу незгодно место, го викнав татко ми да помогне со сигнализација и плус самиот шлеп нели.
Да, дефинитивно сме каргајс, но на крај на ден тие се сепак материјално и најбитно е да бидеме ние како луѓе здрави, живи и присебни.
Само за забелешка - половниот картер најверојатно не беше ОЕМ, бидејќи имаше излезно црево од испарителот за маслена пареа. Кај мене испарителот е горе на капачка. Како и да е, беше решено тоа брзо потезно и засега немам никакви маки.