Автор Тема: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03  (Прочитано 44023 пати)

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #285 на: 22 Ноември 2021, 08:57:15 am »
Џабе пари ќе си фрлаш и тие шо ќе ги земиш ќе запечат, а и мали се не менува многу отворен затворен, плус ако те собери некој на разминување поарно ретровизорот да му јави како индикатор отколку крило/врата :))
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #286 на: 06 Декември 2021, 10:57:23 am »
При менување на нови магленки, се случува некој лош спој, ја гори сијаличката и го празни акумулаторот во милисекунда.

Како немам потреба од нив, а богами ни живци, го извадив само осигурачот, ќе му го оставам проблемот на јас-во-иднината :)


Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #287 на: 07 Февруари 2022, 11:53:35 am »
Од менувањето на зимските гуми (почеток на ноември), колата нема видено некоја посебна грижа освен гориво и брзинско плакнење во авто-мивка.

[01.02.2022] - 192200 км (на табла :) )

Направен мал сервис кај Жаре. Масло Texaco 5W-40 и сите филтри, по препорака на @osmica8 да не влечкам свое масло.

Проверен катализатор = празен.
Проверена предница и задница.
Некогаш понатаму да му ја мислам за задни гумици на балансштангла, ништо сериозно.

[04.02.2022]

Почнав да губам гориво од испусниот вентил на филтерот за гориво, при што го растурив и испадна дека дихтунгот доле е фабрички фаличен.

[05.02.2022]

Во саботата Жаре ми излезе во пресрет да дојде кај мене пред зграда и да го замени филтерот, по што почна да прска гориво на сите страни од сите црева. Како што затваравме едно доводно црево, продолжуваше да прска од друго повратно, па од трето одводно и така. 

Колата едвај палеше, многу гушеше и градска фонтана не и беше рамна. Дури и Жаре беше запрепрастен.

Бидејќи не можеше да се однеси со возење, поздрав до @Drive-r и веројатно татко му, кои ми помогнаа во наредниот саат да отидеме до сервисот, со шлеп се разбира :)
Сите црева сменети од друга Алфа, нови стеги и притисокот кој се создава при одвод на гориво од филтерот кон систем е 3.5 бари што е во нормални граници.

Засега се е во ред, па се размислува за голем сервис.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #288 на: 07 Февруари 2022, 15:37:02 pm »
А бе ај Хондата, кога...?

Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #289 на: 07 Февруари 2022, 15:40:33 pm »
Welcome back  @dbl.dzo

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #290 на: 07 Февруари 2022, 17:01:44 pm »
Од менувањето на зимските гуми (почеток на ноември), колата нема видено некоја посебна грижа освен гориво и брзинско плакнење во авто-мивка.

[01.02.2022] - 192200 км (на табла :) )

Направен мал сервис кај Жаре. Масло Texaco 5W-40 и сите филтри, по препорака на @osmica8 да не влечкам свое масло.

Проверен катализатор = празен.
Проверена предница и задница.
Некогаш понатаму да му ја мислам за задни гумици на балансштангла, ништо сериозно.

[04.02.2022]

Почнав да губам гориво од испусниот вентил на филтерот за гориво, при што го растурив и испадна дека дихтунгот доле е фабрички фаличен.

[05.02.2022]

Во саботата Жаре ми излезе во пресрет да дојде кај мене пред зграда и да го замени филтерот, по што почна да прска гориво на сите страни од сите црева. Како што затваравме едно доводно црево, продолжуваше да прска од друго повратно, па од трето одводно и така. 

Колата едвај палеше, многу гушеше и градска фонтана не и беше рамна. Дури и Жаре беше запрепрастен.

Бидејќи не можеше да се однеси со возење, поздрав до @Drive-r и веројатно татко му, кои ми помогнаа во наредниот саат да отидеме до сервисот, со шлеп се разбира :)
Сите црева сменети од друга Алфа, нови стеги и притисокот кој се создава при одвод на гориво од филтерот кон систем е 3.5 бари што е во нормални граници.

Засега се е во ред, па се размислува за голем сервис.


Интересно ти е а? ;D

Иначе истото ми се има случено со филтерот за нафта. Жаре ми го смена. Одење да полнам нафта на Макпетрол ...партали на сите страни ;D

Дојде Жаре на лице место и сменавме и беше во ред.

Комедија беше.

Изгледа маана му е тој дел.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #291 на: 08 Февруари 2022, 15:39:32 pm »
@loopz Без грижи, од 1ви ноември ги имам монтирано тракторските гуми, за да го качувам Плетвар   ;)

[08.02.2022]

Дури сме кај Плетвар, вчера добив поклон, иако не требаше да се троши воопшто.

Под каменоломот во правец кон Скопје, на десна кривина наеднаш се одрона камен при што немав време за реакција, удрив во истиот, ми го скрши браникот, трепкачот и .. картерот.

Океј не го скрши туку дупка ми остави, при што нели истече цело масло на тоа факин невреме.

Среќа застанав веднаш, ми појави дека има низок притисок на масло и ја исклучив веднаш колата. Уште еден шлеп (од Авто Контрол) дојде некако со молење на таа виулица. Денес најдов половен картер од истиот мотор за 3000 ден, и моментално е на замена во сервисот. 

Февруари дефинитивно не е мој месец.
Извини @Diesel , ќе мора да почека Хондата, ма да вчера се покажа на тоа невреме кога дојде татко ми да ми помогне :) Полека но сигурно, си се вративме назад.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #292 на: 08 Февруари 2022, 15:56:07 pm »
Ич не ти е досадно со Алфата ;)

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #293 на: 08 Февруари 2022, 16:08:47 pm »
Аман бе, малер за малер

Sent from my SM-G770F using Tapatalk


Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #294 на: 08 Февруари 2022, 16:28:03 pm »
Бегај не е за тебе Џулиета, како што е скапа за одржување, ти со твојата лоша среќа, ќе банкротираш  ;D

п.с да беше германско, каменот ќе се скршеше не картерот  :P

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #295 на: 08 Февруари 2022, 16:44:04 pm »
Битно ти си жив и здрав. Колата ќе се направи. :)
Старите викаат, Нек се збие малерот во тоа.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #296 на: 08 Февруари 2022, 16:49:00 pm »
Аууу страшно е значи по патиштава. Среќа што не поткачило некое од тие доводите за гориво.

Тоа е, во нормална држава сега ќе бараше оштета ама кај нас, веќе сѐ е оштетено.

Битно, спомени :)

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #297 на: 08 Февруари 2022, 16:59:06 pm »
Ејј кој малер те фатил. Битно вие да сте здрави и живи, а колата ќе се направи.

Впрочем и јас го имам кркано тука во близина (малку поназад), но не беше невреме како вчера па другар викнав да ме шлепа до Прилеп.

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #298 на: 08 Февруари 2022, 17:04:00 pm »
@loopz Без грижи, од 1ви ноември ги имам монтирано тракторските гуми, за да го качувам Плетвар   ;)

[08.02.2022]

Дури сме кај Плетвар, вчера добив поклон, иако не требаше да се троши воопшто.

Под каменоломот во правец кон Скопје, на десна кривина наеднаш се одрона камен при што немав време за реакција, удрив во истиот, ми го скрши браникот, трепкачот и .. картерот.

Океј не го скрши туку дупка ми остави, при што нели истече цело масло на тоа факин невреме.

Среќа застанав веднаш, ми појави дека има низок притисок на масло и ја исклучив веднаш колата. Уште еден шлеп (од Авто Контрол) дојде некако со молење на таа виулица. Денес најдов половен картер од истиот мотор за 3000 ден, и моментално е на замена во сервисот. 

Февруари дефинитивно не е мој месец.
Извини @Diesel , ќе мора да почека Хондата, ма да вчера се покажа на тоа невреме кога дојде татко ми да ми помогне :) Полека но сигурно, си се вративме назад.
дали можеш да ги тужиш Патишта да си земеш оштета?

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #299 на: 08 Февруари 2022, 17:08:05 pm »
Штета друже.
Мора полиција да викне да направи записник, за да бара оштета.