Голем апдејт
[28.08.2021]Викендот беше планиран за чистење и пробување на нови средства и МФ крпи, али испадна сервис. Шокантно, знам.
1) Промена на стабилизираториОгромна благодарност до
@Prcot за експресната достава и понудата на деловите. Купени два MOOG стабилизатори и монтирани во домашни услови. Едниот беше максимално запечен, па провртен и чаурата видела подобри денови.
Дали би ги менувал повторно деловите од предницата? Да, но во подобри услови, наместо импровизации со дрвени трупчиња и бетонски блокови во двор.
Линк за помош:
https://www.youtube.com/watch?v=C333hWPxFDcЧисто за евиденција и за себе, имам квичење од десната страна само при длабоки дупки, најверојатно е долната виљушка исто како кај
@vladimir_1 . Тоа треба во некоја блиска иднина да се промени.
2) Промена на црево - повторно[31.07.2021]
i) Цревото кое пукна на одмор е подобро наместено во двор и во домашни услови бидејќи мислев дека подлизнува од доле (можеби плацебо ефект да беше)
Не беше плацебо ефект, навистина подлизнува и не ми се допаѓа дека не е соодветно.
Променето со соодветно по каталошки број без сечење по мерка.
Проверен е антифризот и нема масло во него, но на следниот голем сервис (ноември/декември) треба да се направи flush бидејќи е темно розев (G12).

Бонус инфо: Ако се прашувате зошто е цревото од усисот откачено, тоа е бидејќи ја проверував состојбата на клапната. И беше прилично мрсна. Си пливкаше во масло, па плаче за промена.
3) Промена на предни звучнициПоследно, но не најмалку важно. Пофалба до
@Simo - Carrier159 за сите насоки и инструкции по сите социјални мрежи, звучниците не изгледаат дека се воопшто користени.
Претходните се произведени 2002, па не сум ни изненаден што не останала мембрана. Ниските тонови се од-лич-ни, ако се поврзам со AUX сигурно уште појасен звукот ќе биде.
Бонус инфо: Во доводот на струја во вратата има прекин. Ако се измести под агол, се губи контакт до петтата врата

Италијанска електроника at its finest.

П.С. Вчера имаше застој на патот, мислам дека нешто го минирале местото за новиот пат, па еве еден спомен на сред Плетвар.
