Здраво,
Барам мислење за Сузуки С-Крос 1.4 Хибрид Турбо.
Колата ја бендисувам и ми легна на тест возење.
Малку се сопнав кога во Миркат ми кажаа дека гаранцијата од 5 години, уствари е гаранција од 3 години на цела кола + 2 години гаранција на мотор и мењач.
Можебе некој има искуство со колава, или општо со хибридите на Сузуки? Исто ме интересира Миркат како работат со сервис и поддршка, не успеав никој да најдам што земал кола од кај нив. Читав една тема дека некој се натегал со нив за налсон на рака, на крај му го дале.
Други опции ми се:
Шкода Карок 1.5 ТСИ
Киа Спортаж 1.6 ГДИ
Спортажот ми е примамлив, заради цена, 7 години гаранција, поедноставен мотор. Плус моментално возам Киа 12 години стара, и сум задоволен.
Карокот е исто добар и простран, само најскап излегува со додатните опреми.
Арно велиш за натегањето.
Имаме член што доста се жалеше од односот на продавачите кога купи Swift.
За жал, немам пробано С-Крос за да пресудам, ама спрема твоите барања и потреби навистина личи како вистинската работа.
За Карок можам само да ти кажам дека претераа со цените.
Многу порадо би купил Yeti на старо со сета таа ебена опрема што постои, отколку нов Карок за без врска висока цена.
Еве од прва рака нешто што попрво би го земал на старо
https://autowelt.mk/cars/skoda-yeti-1-6tdi-105hp-greenline/отколку 2 или 2.5 пати поскап нов Карок.
Ама ако ги имаш парите, цепај со Сузукито или Киа Спотраж и ич не му ја мисли
Едит:
Заборавив прашање да уфрлам:
Дали планираш да одиш брзо, макар и ретко - не редовно?
Ова ти е единствениот лош момент со коцкастиве - многу од нив над 130-140 на час се нестабилни.
Ако тоа не ти е во домен - не гледам ниту една негативна особина на Сузуки, Шкода, Киа или било кој "компакт"