Фала ви сите на сугестии. Мислам дека видов се што има на пазар моментално да се понуди.
Од опциите што ги пишавте тука:
Кона - мала
Пума - скапа
Каптур - мала
Ренегејд - мала
Туксон - исто како Спортаж колку што сватив, само поскапо, не знам зашто би платил екстра кеш за ова
Ми треба голем багажник, дигнато од земја. Преферирам бензин мотор зашто не возам повеќе од 10к во година, и тоа главно надвор од град, и по планини. За дизелите доста читав, дека новата АдБлу технологија доста смалува емисии, и може да ги врати дизелите во игра, ама страв ми е дека ако купам дизел сега, за 10 години нема да можам да го продадам.
Исто естетика на кола не ми мења многу, дури сакам коли што изгледаат постаро. Новиве некако многу ми се измазнети и избледени. Ако ме прашаш, од сите што ги видов, Дачиа Дастерот стварно ми се свиѓа како изгледа од надвор, и дури сум на мисла и за него, само NCAP рејтингот од 3ка ми мати вода.
Ниту се палам посебно на спортска вожња, или ми значи нешто како влечел моторот. Колата ми е да ме однесе од А до Б, ништо повеќе. Моментално возам 1.4 бензин, и се мачи на поголема угорница, ама не ми смета нешто посебно, и не би платил екстра кеш за појак мотор.
Така да моментално, сум фиксиран на овие 3 опции: С-крос, Спортаж и Карок.
С-кросот најмногу ми фаќа око, само не можам многу информации на нет да најдам за него, посебно не за хибрид варијантата, зашто годинава е излезена и уште слабо се продава. И најмногу ме изнервира на Миркат гаранцијата од 5 години, што уствари е гаранција од 3 години.
Карокот ми е втора опција, само се мислам меѓу 1.0 турбо мотор и 1.5 турбо мотор. Тоа 1.0 ми изгледа страшно мало, и кога ќе влеземе четворица, плус товар во колата, ми е страв дека нема да можам на Шапка да се качам со неа. Во Шкода немаат ниту една тест кола 1.0, ниту други модели со истиот мотор, така да се плашам да ја земам без тест вожња. За 1.5 треба да доплатам плус ~1500 евра. Иако на хартија и 1.0 бензин има 115 коња, што не е лошо, за мене.