Автор Тема: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?  (Прочитано 18281 пати)

Отсутен martint

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« на: 27 Август 2020, 19:53:10 pm »
Здраво,

Барам мислење за Сузуки С-Крос 1.4 Хибрид Турбо.

Колата ја бендисувам и ми легна на тест возење.

Малку се сопнав кога во Миркат ми кажаа дека гаранцијата од 5 години, уствари е гаранција од 3 години на цела кола + 2 години гаранција на мотор и мењач.

Можебе некој има искуство со колава, или општо со хибридите на Сузуки? Исто ме интересира Миркат како работат со сервис и поддршка, не успеав никој да најдам што земал кола од кај нив. Читав една тема дека некој се натегал со нив за налсон на рака, на крај му го дале.

Други опции ми се:

Шкода Карок 1.5 ТСИ
Киа Спортаж 1.6 ГДИ

Спортажот ми е примамлив, заради цена, 7 години гаранција, поедноставен мотор. Плус моментално возам Киа 12 години стара, и сум задоволен.

Карокот е исто добар и простран, само најскап излегува со додатните опреми.


« Последно менување: 27 Август 2020, 19:59:05 pm martint »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #1 на: 27 Август 2020, 20:02:45 pm »
Извози тест и со другите да видиш дали ќе ти легнат.
Тоа е најосновно :) потоа влечи паралели.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #2 на: 27 Август 2020, 20:05:48 pm »
Зошто не Витарата? Мене ми е многу поубава искрено. Особено со двобојна комбинација.

Инаку Витарата мислам дека е околу 1100кг. Што е фантастична бројка, за споредба другите се 1400-1600кг. Што значи околу 36% полесна кола и 36% повеќе коњски сили по тон.

Згора на тоа е модерен турбо мотор со хибрид и потрошња одлична.

Јас би гласал да се гледа таа опција.

Отсутен martint

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #3 на: 27 Август 2020, 20:16:19 pm »
Зошто не Витарата? Мене ми е многу поубава искрено. Особено со двобојна комбинација.

Малку поголем багажник има С-Крос, и по обемна е. Барам кола кај што можам да сместам 2 деца и додатни реквизити, и плус да ја возам по земјен пат без да му ја мислам. Така што С-Крос е минимум, другите 2 се поголеми.

За лепота, и јас гласам за Витарата.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #4 на: 27 Август 2020, 20:21:31 pm »
Меѓу тие две, и јас би гласал за Vitara, чисто пошто S-Cross е... Насолзувачки неубав.

Али да, има поголем багажник.

Отсутен martint

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #5 на: 27 Август 2020, 20:29:52 pm »
Извози тест и со другите да видиш дали ќе ти легнат.

Шкода немаат бензинец Карок за тест, ќе пробам Камик со истиот мотор.

Спортажот го возев, ок е, не ми беше најудобно на возачко седиште, ама можеби и навика е. Си троши колата доста, и прави повеќе галама од што очекував. Ама не се работи што неможам да ги прескокнам.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #6 на: 27 Август 2020, 20:53:52 pm »
Значи вака, веќе кога си тргнал.
1. Оди види Рено Каптур. Види го на изглед, види цени. Размисли. Моментално е класи над другите.
2. Каков Скросс батали тоа. Од сузуки само Витара.
3. Види Пежо Рифтер ако ти треба повеќе повеќе простор.
4. Профитт??

Отсутен martint

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #7 на: 27 Август 2020, 21:16:11 pm »
2. Каков Скросс батали тоа. Од сузуки само Витара.

Витарата и С-Крос (SX4) се многу случни, имаат ист мотор, и иста конструкција, колку што разбрав. С-крос е малку поголем, Витарата е малку поубава за гледање. Зашто конкретно би го баталил С-крос? Колата има одчични рецензии, добра сериска опрема на најнискиот модел и ми легна на возење.

Само со гаранцијата во Миркат ме изнервираа денес, кога ми рекоа дека е реално 3 години, и дека не може да се продолжи. А гледам на нет дека Сузуки фабриката дава опција за продолжување, и во Англија гледам дилери што нудат 7 години гаранција.

Прашувам ако има некој искуство со хибридите на Сузуки или конкретно со овој модел, или со Миркат како дилер.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #8 на: 27 Август 2020, 21:20:13 pm »
С кросс е естетски заостанат. Не спорам со ниеден негов друг квалитет освен тој.

Каптур. Trust me.

Отсутен martint

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #9 на: 27 Август 2020, 21:51:03 pm »
С кросс е естетски заостанат. Не спорам со ниеден негов друг квалитет освен тој.

Не ми е за гледање, за возење ми е, така да естетика не ме занима многу.

Чим си запнал, еве утре одам да го гледам Каптуров.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 691
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #10 на: 27 Август 2020, 22:12:35 pm »
S-Cross-от е попростран од Витарата, и има далеку подобра прегледност. Кај С-кросот мислам дека добацувам еден цел метар повеке напред од Витарата кај која предниот дел е рамен.
Надворешно Витарата е поубава и има повеке опции за костумизација. С-кросот ми е некако попластичен од Витарата.
Внатрешно се слични, но доволно различни, и С-кросот ми е поубав, но Витарата е пофункционална (саатот, и усб приклучокот кој кај С-Кросот заради некоја причина беше само под наслонот за рака. и кај двете тој екранот е за никаде.
Седењето исто така има мала разлика, т.е. просторот кај нозете. Не знам колку е висок членот, но тие неколку сантиметри кај С-кросот правеа голема разлика кај мене, со тоа што имав повеке простор за десната нога.

Витарата е полесна, а со тоа и постартна во гратска вожња, но С-кросот е постабилен на отворен пат. Мислам дека Витарата може да помине со 1.0 моторот, додека С-кросс мора 1.4 минимум.

Се на се, јас го препочитам С-кросот пред Витарата, но сеедно, кога продавачите се вообразени и арогантни, и цитирам 'не може да постасат да увозат колку што може да продадат' (битно да напоменам ова се дешаваше кога ја чекаа првата пратка од Jimmy и беа видно возбудени дека беше распродадена или така нешто). Професионалноста на сервисот не знам, но гратис ти е понашањето ако се обидеш да прашаш дали имаат некаков план или информации за колку би коштале наредните сервиси. За моја срека (или несрека) пред да одам во Сузуки бев во Хонда и Тојота, и им извадив сервисни листи од Хонда и Тојота, на што само бледо ме погледнаа.
После тоа бев во Мазда, тие пак будали треба да ги молиш пари да им дадеш.

Swift-от е најубав таму и закон количе за низ град, и прв избор според мене во споредба со конкуренцијата од тој сегмент.

Киа Спортажот изгледа како подобра кола од С-кросот на хартија, али грд у пм (според мене), но и поскап, и мислам многу повеке троши, а оди побавно од С-кросот. Неговиот брат близнак, Хундаи Тускот е многу поубав од Спортажот, али тој бензински мотор со 136 кс е за никаде на таа кола. 3 пати го возев Тусконот на пријател, и јбг не е за мене, бидејки кога возам понекогаш имам потреба да претицам некој, а и не сакам секое преминување на aвтобус или kамион да ми е животно-загрижувачко и со страв дали ке забрзам доволно, што не е проблем кај С-кросот.

Шкода не знам, таму не влегувам.

« Последно менување: 27 Август 2020, 22:18:09 pm draganamon »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #11 на: 27 Август 2020, 23:11:55 pm »
Во Шкода и да отидеш пишман ќе бидеш, гледаш месо вадиш компир :)

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #12 на: 27 Август 2020, 23:23:51 pm »
Tuson 1.6t 177hp?

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен kokos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #13 на: 28 Август 2020, 00:19:55 am »
искуство немам ама еве како го опишуваат хрвативе https://youtu.be/bKdH9XVUfkw?t=104

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Мислење за Suzuki S-Cross Hybrid од Миркат?
« Одговори #14 на: 28 Август 2020, 00:24:51 am »
Чим си запнал, еве утре одам да го гледам Каптуров.

Абе батали Каптур, какво Рено што ти е на тебе. Гризни јазик заборави го дека постои. Оди види го Спортажот ако ти легне земај и не му ја мисли, другиве сите стојат на стаклени нозе.