Ваквите во Џамбо беа 1400 денари. Имав од старата верзија без црвените пластики, и секогаш ги достегав точаците со зип стеги.
Кога го купував тој држач, немав повеќе пари па немав ни избор. Ако си за купување и имаш доволно пари, погледни што нуди Eurostil, и исто и Дејан (
https://www.facebook.com/iznajmithule/).
Исто препорака за држачот од Decathlon, се изненадив колку цврсто е изработен. Се врткаше некој таков користен по огласи по цена како овие од Велес.
Исто, внимавај како е изведена вратата од гепекот - има коли кај што стаклото оди до самиот раб на вратата. На тие коли не може да се закачи ваквиот носач.
Поради тоа јас преминав на кровни носачи плус кровен држач (и мислам дека никогаш нема да се вратам на другиот тип).