Веќе 4-5 пати истите филтри/масло од кај драгиот ,,дилер"
@Prcot Неделава што иде се договорив со мојот мајстор да ги замениме, околу 13000km има поминато од последниот (23.09.2024).
Цена за се - 100€.

Наредниот сервис (здравје) ќе биде се во едно - голем сервис.
Веќе поминаа 85000km и 5 години откако ја купив колава и се направи голем сервис, во тој starter pack сервиси.
Наредната недела ќе треба да се променат и летни -> зимски гуми.
Со едниот пар од летниве сум поминал 42000km, а со другиот дупло помалку.
Се мислам за наредни летни да земам нешто попремиум модел, а паров со помалку km да останат длабока резерва. Ќе видам во каква состојба се сите четири кога ќе ги сменам сега за зимските.