Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 234100 пати)

Присутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2294
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1770 на: 08 Декември 2025, 01:56:45 am »
Чекајте бе другари, на стаза ли возите што ви треба толку премиум гуми летни и зимски? Или цело време 200 возите на автопат и тоа цик цак па да не ве изненади? Разбирам за луѓе што цело време патуваат поради работа или друга причина, ама за еднаш или два пати во годината што ќе мрднам на одмор? Башка кај нас уназад години, скоро и да нема зима. Целосезонски гуми во моментов мислам дека потполно ги исполнуваат условите, зборам за нормално возило и за нормално возење.

Не е прашањето дали се вози  на стаза,прашањето е колку 2м или 3м порано запирање на возилото се важни при нагло сопирање,или таа побрза промена на правец на возилото при избегнување .Се до тој момент и алл сезон,кинеска,буџет,премиум гума ќе изгледаат исто и нема да имаат разлика,но кога ќе дојде тој момент секој цм е важен.

Возило од 1.5-2т прилепен е за асфлатот на една гума со површина колку човечка шака/рака,според мене тој контакт сакам да биде што подобар.Ако има можност секогаш би ги одбрал најдобрите пневматици кои можам да си ги дозволам.За втор сет на гуми би издвоил уште 500-1000е без размислување.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4517
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1771 на: 08 Декември 2025, 07:46:41 am »
Многу е нереално да се очекува дека all season гума е подобра и од летни и од зимски гуми, но е тука негде ептен блиску до перформансите и на двата типа гуми во нивните сезони. Има еден куп тестови за тоа. После извозени 90К со првиот сет Goodyear Vector 4s 2nd gen, и тоа 90% по автопат и отворен пат во Германија, без никакви проблеми и летно и зимно време, возени и на снег, никакви изненадувања, нормално ги купив пак истите гуми, само 3та генерација. Се додека имам фамилијарно возило кое нема јаки перформанси па да земам посебно летен сет, посебно зимски сет, ќе си останам на премиум all season гуми.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3295
  • Хюндай Тюсон
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1772 на: 08 Декември 2025, 15:27:52 pm »
Kaj nas allseason bi bile zamena za zimski samo, letno vreme mislam deka brzo ke gi reshish ako vozish dosta na nasive tropski temperaturi
Според мене,со алл сезон немаш добри перформанси лето,ниту зимо.Би ставил алл сезон само на градско возило,или ако буџетот не дозволува.Неможе алл сезон да ти даде во лето перформанси како летна гума,и перформанси во зимо како зимска.Тоа е разумен компромис 😁.

Кажаа оние кои никогаш не возеле целосезонски гуми.

Јас сум возел 4 сезонски и тоа мишелин. Не сум задоволен. Од тогаш на сите возила имам по 2 сета летен и зимен.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9429
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1773 на: 09 Декември 2025, 04:56:11 am »
Многу е нереално да се очекува дека all season гума е подобра и од летни и од зимски гуми, но е тука негде ептен блиску до перформансите и на двата типа гуми во нивните сезони. Има еден куп тестови за тоа. После извозени 90К со првиот сет Goodyear Vector 4s 2nd gen, и тоа 90% по автопат и отворен пат во Германија, без никакви проблеми и летно и зимно време, возени и на снег, никакви изненадувања, нормално ги купив пак истите гуми, само 3та генерација. Се додека имам фамилијарно возило кое нема јаки перформанси па да земам посебно летен сет, посебно зимски сет, ќе си останам на премиум all season гуми.

Germanija nema makedonsko leto. Tamu mozes all season so zimski da si menjash.

A ako prodozat temperaturive vaka kaj nas letni ni se all season za tuka

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4517
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1774 на: 09 Декември 2025, 08:27:56 am »
^ има и пример од Македонија со 60К км и тоа на прописен СУВ

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6630
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1775 на: 09 Декември 2025, 10:22:42 am »
Имам погоре напишано, со 2.2 тонски СУВ, брзо почнаа да се топат кога направија километри (нјголем дел од километрите беа зимно време).

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4097
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1776 на: 09 Декември 2025, 10:37:08 am »
Непотребен муабет. Мислам дека тој што сака да го намали стресот и трошокот околу менаџирањето на гуми има доволно информации. Верглањето едно те исто не помага никому.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7513
  • French diamond
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1777 на: 09 Декември 2025, 12:10:51 pm »
Секој си знае за себе, дека и со нив се вози, се вози, дека се подобри од летни или зимски, не се.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2666
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1778 на: 29 Јануари 2026, 17:48:40 pm »
Купен денес јапонски/британски YUASA YBX3096 (76Ah, 680A), по цена од 4200 денари (со вратен стар акумулатор) од Ивал Трејд.
Гаранција - 30 месеци.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Да се самоцитирам.

И секако после гаранција (4 години скоро на рамно) - даде душа и Јуаса-та.
Синоќа скромно завергла 1-2 пати и капут. Не забележав некои симптоми претходно, освен во најладното дека палеше така - така. Не се мачеше да вергла, туку претпоставував дека е од ладното.
Не бил „пробиен“ наводно, туку со доста намален капацитет.

Купен Varta Dynamic SLI:



Цена - 5600 денари (со вратен стар). Гаранција - 3 години.
По кодот (540 - најгоре), произведен во април 2025-та.

------------------------------------------------------------------------

Наредно за менување е во сабота, здравје.

Задната лева врата не се отвора ни од внатре, ни од надвор. Моторчето за бравата е отидено. Ни централно ја фаќа, ни бутур.
Прво почна да не се отвора како сега, па потоа не се ни заклучуваше таа врата, сега пак остана заклучена.
Кога ќе заклучам со централното - сијаличката што е во возачката врата продолжува да свети 20-тина секунди, па дури тогаш продолжува да трепка (ова е знак за error/грешка дека нешто не е во ред со централното/вратите).

Претходно (за овие 6 години) го имав истиот проблем, но со вратите од десната страна (и совозачка и задна).
« Последно менување: 29 Јануари 2026, 17:53:47 pm balanar »

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2666
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1779 на: 01 Февруари 2026, 12:44:27 pm »
Наредно за менување е во сабота, здравје.

Задната лева врата не се отвора ни од внатре, ни од надвор. Моторчето за бравата е отидено. Ни централно ја фаќа, ни бутур.
Прво почна да не се отвора како сега, па потоа не се ни заклучуваше таа врата, сега пак остана заклучена.
Кога ќе заклучам со централното - сијаличката што е во возачката врата продолжува да свети 20-тина секунди, па дури тогаш продолжува да трепка (ова е знак за error/грешка дека нешто не е во ред со централното/вратите).

Претходно (за овие 6 години) го имав истиот проблем, но со вратите од десната страна (и совозачка и задна).

Бидна и ова, само што не беше проблем со моторчето на бравата.

Не ми работеше и џамот на таа врата воопшто. Ниту од регулаторот што е на самата вратата, ниту од општиот регулатор (за 4-те џамови) што го има во возачката врата. Ова го забележав вечерта пред да ја однесам на мајстор. Дека ладно периодов и ретко ги отворам задните џамови.
Не ни светеше црвеното ЛЕД-че на прекидачот на таа врата.

Проблемот - скапан конектор (од влага и изабеност) што влегува во модулот на самата врата (преку гуменото црево со ел. жици на дното на вратата). Јас мислев дека жиците се прекинати од отворање/затворање на самата врата, ама не.
Среден конекторот, дотерани и заштитени и жиците (и кај гуменото црево и кај конекторот). Цена - 1000 денари.