Чим два пати ти се затнува DPF, почни да го разгледуваш здравјето на системот за гориво, т.е. дизните.
Не се затнува двапати DPF, туку двапати во ист ден ми направи регенерација. Дали првиот пат беше неуспешно, па пак проба вечерта и заврши успешно - не знам сеуште.
Не ми светна ни сијаличката за DPF. Никогаш не ми ни светнала. Немам проблеми/симптоми поврзани со затнат DPF. Како што пишав - двапати регенерација во еден ден е чудно и може, ама и не мора да значи затнат DPF.
Еве веќе два дена после возењето до Радовиш и назад личи ОК.
Мада ќе морам да ја уштекам и преку VCDS и да ги видам параметрите (soot, ash, како и колку време/километри има поминато од последна регенерација).
Да имав кабел - ќе ја проверев после првата регенерација дали се ресетирани параметрите.
Леонов вака си прави откако го имам купено т.е нормално е го „фатам“ дека прави регенерација во град.
Му треба 15-тина минути да заврши и гледам да возам додека не заврши (се познава со тоа што вртежите се враќаат на 600-700 во лер (а нема вклучено парно или клима), вентилаторот престанува да работи и престанува да мириса специфично).
Чудно ми беше дека истото го направи двапати во ист ден, затоа.
Фрлање пари без потреба е чистење на дпф зошто не е возможно да се исчисти. Пепелта која што се складира после регенерација физички е невозможно да се отстрани. Нов ДПФ е вистинско решение а веќе и се по достапни цени немора да е ОЕМ туку ваг нудат и заменски економи линија.
Добро е ова да се знае, мислев дека се чисти пепелта целосно. Физички е невозможно да се продре до коморите со акумулираната пепел или како?
Ако дојде до потреба за менување на сегашниот - ќе направам есап дали да го гасам/тргам или да земам нов.