Денес забележав чудна работа.
Сабајлево ја возев низ градов и забележав дека при гасење - се изгаси и вентилаторот. Ми стана чудно (си викам или прекинав регенерација или нешто е друго), бев до продавница и на повторно палење: во лер се искачи на 900-1000 вртежи, вентилаторот на радијаторот почна да врти, се вжешти под хаубата и засилен мирис на нафта (класика симптоми на регенерација).
Ај си викам регенерација е ова дефинитивно, извозив малку, па се паркирав и почекав 10-тина минути. Се смирија вртежите на 600-700 и вентилаторот се исклучи.
Вечерва - пак истото. Никогаш во еден ден не се случило вака. Обично меѓу две регенерации е 400-500km.
Не знам дали претходната регенерација не завршила успешно (дали има некој тајмаут доколку не заврши во X период, не знам). И не знам дали DPF-от веќе е целосно запушен (после 255000km), па вака почна да откажува.
Еве последни отчитувања од 30.06.2022 (на 214500km, моментално е на 255145 - значи пред 41000km):

Нема проблем со термостатот/радијаторот, односно температурата не мрда повеќе од средина. Антифризот си стои како што треба. Други фалинки немам забележано.
Колава реално последниве 1000km не е извадена на автопат/регионален пат.
Имам повеќе дилеми/прашања:
1. Да пробам утре да ја издувам во 4-та над 2500 обртаи, едно 20-25 минути.
2. Да си порачам кабелче од АлиЕкспрес (
ова го гледав, има доста позитивни коментари) и да и удрам еден целосен скен и да ги видам вредностите на DPF-от. Но ќе се задржи додека да стигне, а ако има проблем (евентуално) сакам да го средам пред да заминам на одмор.
3. Ако и после возењето на автопат прави исто т.е две регенерации во еден ден или почесто отколку до сега, се мислам да ја носам да го средат/извадат DPF-oт (на истото место што ми го изгасија EGR-от), но претходно сакам со VCDS (или со нивна дијагностика да потврдат) дека е тоа.
Немам намера да го чистам.
Немам идеја што може да е друго, освен да треба да се извози асално на автопат или на самиот DPF му доаѓа крајот на работниот век.