Тој трошок е кај мене 0 за истата километража.
Ако 50.000 километри си ги поминал за 5 години и просечен сервис те кошта 13.000 денари, си потрошил 1.100 евра за таа километража.
Значи, на куповна цена на возилото од (типувам) 17.000 евра, плус 1.100 евра во сервисирање, тебе 50.000 километри те коштаат 18.100 евра. Ако купувањето на колата ти е преку финансирање (кое се надевам веќе завршило), тоа ќе биде и некоја годишна каматичка од 5% на позајмената сума (да заокружиме дека си позајмил 10.000 евра), за 5те години односно 50.000 километри си доплатил уште 2.500 евра на ставка камата.
Сума сумарум, за да поминеш 50.000 километри си платил 20.600 евра, кои прават оние на
@balanar да личат доста поприфатливи.
ЕДИТ: Или ако рачунаме само трошоци без купување на возилото, 50.000 километри те коштаат 3600 евра без регистрации и гориво.