Микиус што работите, ти и сопругата, па да ти елаборираме за ново/ново. Освен ако немате стари пари или продаден имот.
Еве ти пример.
Двајцата работиме во фабрика. 27к плата, 3 смени. Вкупно 55к.
15к - рата за стан.
6/7к - сметки стан/одржување влез.
10к - храна.
Ова ти се фиксни трошоци. Сакал нејќел, мора да јадеш и плаќаш сметки.
Сега од други трошоци (варијабли) : Облека, гости идими/дојдими, за нафта околу 4/5к денари, за дома некоја дрангулија, па и некоја техника за станот ако ти затреба.
Сакал нејкел, не секој е во можност да купи нова кола. Како што не секој ќе биде директор, мора некој и амал да е.
Не битно што работам, битно е што секогаш можев да си купам нова кола на кредит, но поучен од стручњаците се одлучува на половна кола.
Можеби финансиски е поисплатлива половна ако ставиш се живо на кантар, но изгубеното време и нерви по разно разни сервисчиња се ненадоместливи.
Е сега, разбирам дека не секој е во можност за нова кола, ама навистина не можам да разберам луѓе што ќе опнат 12/13.000 евра за 2010та мерцедес E (не ми текнуваат тие моделските цифри) за до работа и назад и еднаш до Охрид, (пошто не му останува за у Грчка), и ќе кења Дачија, Шкода, ово, оно...