Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 163950 пати)

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #705 на: 18 Септември 2021, 11:07:02 am »
Само што ќе го пишував нешто слично како @MartinAlfista

Ако ти треба возило и/или друштво, што и да е, се пријавува м и јас за асистенција, ти стоиме на располагање. Плус места како Public Room се совршени за работа по цел ден .

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #706 на: 18 Септември 2021, 16:14:25 pm »
Ќе видам како ќе е понатаму, ќе ви пишам кога ќе доаѓам за таа намена  ;D :-*

Мислам дека побрзо ќе се ,,истурчам" и ќе акнам мултимедија, нешто ме чеша  :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #707 на: 18 Септември 2021, 16:19:59 pm »
Тоа ти е како да купуеш патики од 9500 а забите во уста расипани ;D Колку побара мајсторот за твоето седиште? Може и во ПП ако нејќеш јавно цени.

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #708 на: 18 Септември 2021, 18:25:53 pm »
Тоа ти е како да купуеш патики од 9500 а забите во уста расипани ;D Колку побара мајсторот за твоето седиште? Може и во ПП ако нејќеш јавно цени.

Не се сеќавам, мислам дека 1500 или 2000. Имам пишувано и на темава.

Не е толку лошо искинато, ама се познава и дека сум ситничар и ме нервира.
« Последно менување: 18 Септември 2021, 18:31:40 pm balanar »

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #709 на: 18 Септември 2021, 19:24:45 pm »
До сега ќе беше средено да беше толкав ситничар како што викаш :D

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #710 на: 30 Ноември 2021, 14:57:09 pm »
Да ја освежиме темата после едно мало освежување на количево.
Немам некој поголем апдејт.

- Треба мал сервис да се направи за 2000km

- Да го променам летниот со зимскиот сет. Не најдов време да ги однесам челичните бандажи на фарбање, па да ја возам така. Ако останат вакви (имаат рѓа на одредени места, не ми се вози таква) можеби пак со раткапни ќе се пројде зимава.

- Левата задна гума ми дише до 0.4 бара на десетина дена и светнува сензорот за притисок во гумите. Не се сеќавам дали имам чеп на неа (знам дека имав чеп на две од четирите гуми) не сум се испозамарал да ја простудирам од сите страни. Да го променам сетот, ќе испитам дали гумата е проблем или е до бандажот (проблемот подолу).

- Има некоја ситна, ситна вибрација на воланот од 120 до 130, може и да замислувам. Баш ќе видам со челичните бандажи дали ќе биде исто. Но сега кога ќе се подзамислам, кога ја купив колата и ги ставив летниве Сава во Пнеуматик, дечкиве спомнаа дека некој/некои од бандажите е/се крив/и, но никогаш не се испозамарав да ги проверам. Таман кога ќе го променам сетот, може да се изведе и оваа операција. Каде во Скопје да ги однесам на проверка и исправање доколку е потребно?

- Уште се мислам дали да ставам Андроид + задна камера

- Тапацер ДОДО за поткинатото возачкото седиште!







Уште се вртам по колава испрана и средена  :-X

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2318
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #711 на: 30 Ноември 2021, 15:07:17 pm »
Топ си е одржувана колата, све по пропис. Него, не ме потсеќај на челичните бандажи, еве 3 година како ги средувам и фарбам и никако да стигнам. Секоја година се се полоши и полоши и еве пак ќе си ветам дека следната пролет, здравје, ќе ги средам  :)
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #712 на: 30 Ноември 2021, 15:14:11 pm »
Топ си е одржувана колата, све по пропис. Него, не ме потсеќај на челичните бандажи, еве 3 година како ги средувам и фарбам и никако да стигнам. Секоја година се се полоши и полоши и еве пак ќе си ветам дека следната пролет, здравје, ќе ги средам  :)

 :-X

Ме мрзи да ги вадам од подрум, да ги носам на вулканизер да се извадат гумите, да се однесат на фарбање, да се стават пак гумите, да ги враќам пак во подрум... Евентуално да ги однесам на фарбање пред да ги монтирам  ;D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #713 на: 30 Ноември 2021, 16:11:50 pm »
Чим почнало да те фаќа мрза, зрел си за у тавче ;D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #714 на: 30 Ноември 2021, 16:12:37 pm »
Мрза го фаќа затоа што се грди челични бандажи и не му менува дали се офарбани или не. Да беше убав бандаж одамна ќе го средел.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5827
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #715 на: 30 Ноември 2021, 16:32:31 pm »
Јебеш да средувам бандаж,од 100 метра ништо не се познава 😊

Sent from my MAR-LX1A using Tapatalk


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5454
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #716 на: 30 Ноември 2021, 16:43:38 pm »
Весник и спреј црн од 150 денари за 5 минути ќе ги освежиш , ќе ја истераат зимата џоа нови :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #717 на: 30 Ноември 2021, 21:27:34 pm »
Мрза го фаќа затоа што се грди челични бандажи и не му менува дали се офарбани или не. Да беше убав бандаж одамна ќе го средел.

Ми менува, иако се челични : ))))
Ама стварно не се испозамарав цела година.

Ова @vladic3110 што го пиша не е лоша опција...


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17443
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #718 на: 30 Ноември 2021, 21:59:04 pm »
Загреби ги со scuff pad, помини ги со антирост во дарежливи количини (150 денара литар, и ќе ти остане), испери убаво, остави да се исушат и прскај.

Ако не чини резултатот, ќе си ставиш раткапни кои и онака ќе ги ставаш :)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2318
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #719 на: 01 Декември 2021, 08:25:03 am »
Загреби ги со scuff pad, помини ги со антирост во дарежливи количини (150 денара литар, и ќе ти остане), испери убаво, остави да се исушат и прскај.

Ако не чини резултатот, ќе си ставиш раткапни кои и онака ќе ги ставаш :)
@MartinAlfista Еквивалент на scuff pad која шмиргла би била (која градација) или може да се најде кај нас scuff pad?
После брусење (scuff pad или шмиргла) треба да се исперат пред антирост или одма треба антирост (за да не фати одма корозија)?
Претпоставката е мајката на сите заебувања