Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 169746 пати)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #720 на: 01 Декември 2021, 08:53:03 am »
Има scuff pads, назив на македонски не им знам па со слика оди побарај :)

Перење само на крај, нема потреба меѓу чекорите :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #721 на: 01 Декември 2021, 10:11:58 am »
барај по овие за бои и лакови скоч брајт, ќе знаат што е ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #722 на: 03 Декември 2021, 17:21:52 pm »
Враќајки се од Скопје, забележав дека не ми работи климата кога рачно ја местам на 26, 25 степени...

Пример, си дува топло на HI и кога ќе намалам на 26c не дува помлако како што треба, туку дефинитивно поладно од наместените 26c. Не правеше овака до сега.
Пробав и со вклучена клима и без, истото го прави.

Што може да е маката?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #723 на: 03 Декември 2021, 17:27:08 pm »
Кога ќе пуштиш HI можно е да рециркулира воздух, кога ќе отиде под тоа влече од надвор ама веројатно не работи вака, а надвор е прилично ладен воздухот(ако бил ладен ден). AC или AC off/eco не менува ако било под 4 степени затоа што под 4 не се уклучува компресорот.

Ако не е тоа пробај слушни дали вртат клапните како што треба или ко да заглавуваат некаде. Ама HI во сите коли што сум бил е многу потопло од 26 пример.

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1075
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #724 на: 03 Декември 2021, 17:28:40 pm »
Враќајки се од Скопје, забележав дека не ми работи климата кога рачно ја местам на 26, 25 степени...

Пример, си дува топло на HI и кога ќе намалам на 26c не дува помлако како што треба, туку дефинитивно поладно од наместените 26c. Не правеше овака до сега.
Пробав и со вклучена клима и без, истото го прави.

Што може да е маката?
Неможиш така на рака да осетиш дали дува 25° или помалку, пробај измери со сонда.На колега мој после чистење на казанчето за парно го мереа на решетките во кабина 70° топол воздух дуваше. :)

Sent from my SM-G770F using Tapatalk


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #725 на: 03 Декември 2021, 17:32:29 pm »
Денес е ова, пред малку. 10 степени покажуваше надворешна температура.

Не правеше овака 100%, и минатата зима ја пројдов со колава. Кога ми беше на најтопло (HI) и кога ќе намалев рачно на 26 или 25c - држеше млак воздух, не жежок. Сега е многу поладен на истите степени, сигурен сум.
 
Фактички - како да ми работи само ладно и жешко, немам измеѓу.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #726 на: 03 Декември 2021, 17:52:09 pm »
Кога менуваш степени климата пробува што побрзо да ја постигне твојата посакувана температура, и после само да одржува воздух.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #727 на: 03 Декември 2021, 17:58:33 pm »
Кога менуваш степени климата пробува што побрзо да ја постигне твојата посакувана температура, и после само да одржува воздух.

Не те разбрав баш?

Нејсе, како што пишав - пример, ќе ја ставам на HI, ќе подува жешко и ќе вратам назад т.е на 26c. Дува многу поладен воздух, како да сум наместил на 20c или помалку. Верувајте, си ја знам колава.

Претходно, држеше млак воздух наместена на 26 или 25c. Не мора да е вклучена климата. Исто се однесува, и со вклучена и на обична регулација/парно.

Не беше вака, убеден сум. Не знам што би можел да е кварот.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #728 на: 03 Декември 2021, 18:05:14 pm »
Ако во колата ти е 30+ степени поради тоа што била на HI кога ќе наместиш 26 ќе почне многу поладен воздух од тоа да дува за побрзо да спушти температура. Тоа сака да ти каже Мартин.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #729 на: 03 Декември 2021, 18:09:16 pm »
Ааа разбрав.

Не, не беше толку жешко внатре, дефинитивно.. Со изгасено парно се возевме дури.
Ќе пуштам на HI некоја минута да стопли и после ќе намалам на 26c колку да одржува температура, ама дува многу поладно. Знам колку дуваше претходно наместено исто :)

Како да немам регулација, или е ладно или е жешко. Нема измеѓу. Работната температура (онаа што ја покажува на шалтаблата) си беше нормалн цело време, на пола, 90c.
Дали е некој сензор или нешто, не можам ни да изгуглам хаха
« Последно менување: 03 Декември 2021, 18:15:55 pm balanar »

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #730 на: 03 Декември 2021, 18:12:05 pm »
Не можеш да си сигурен за ова затоа што климатроникот одредува како ќе работи зависно од надворешната и внатрешната температура. Така да ако некој сензор ти е расипан е еден од тие.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #731 на: 03 Декември 2021, 21:10:46 pm »
Топло беше времето денес,над 15С,а внатре во кола било потопло од 25С а климатроникот според температурата внатре регулира колку топло да дува.Затоа и млако ти дувало,се држела до дадената температура да не е над 25С,на хај дува максимум топло.Ништо не и е ќе видиш.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2213
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #732 на: 04 Декември 2021, 18:21:28 pm »
Во право бевте клабери, затоа и пишав тука пред да гуглам.
Лажна узбуна.

Синоќа на заладено си дуваше топло на 26, па складно се намалуваше со намалување на температурата.
Убеден бев во живот дека не беше толку жешко во колата вчера у пм. Дувало ладно наместено на 26c за да излади ццц

Фала ви на сите за советите, да сте ми живи и здрави.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #733 на: 06 Декември 2021, 10:33:14 am »
Да не возиш у шорцеви чим на 26 ја местиш? :)
Некако многу е, ќе те тера на спиење, што не е баш добро додека возиш. Кај мене е на 23 најчесто пуштено, некад и 22, секако без јакна внатре и јас и деца.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #734 на: 06 Декември 2021, 10:40:39 am »
Само што ќе го пишував истото од Фичо :) Мило ми е што е се во ред и функционално е парното, но с'клет ме фаќа ако е многу топло (во кола, во соба, во канцеларија сеедно).

Нормално, на крај ти си се возиш во свое возило, може си и позиморлив, потешко се стоплуваш :)